L
.Lost Angel.
Гостин
Познатите црните кутии нема да ги има само во авионите. Наскоро сите автомобили произведени во Европската Унија ќе ги имаат овие уреди кои ги повикуваат итните служби во случај на сообраќајна несреќа.
Уредот под име “Е-повик“ во моментов се тестира во Хрватска и во уште осум земји-членки на ЕУ. Од први јануари 2015 година, ниту еден автомобил во ЕУ нема да може да се продаде без таканаречената црна кутија за автомобили, која, како и во авионите, собира податоци во случај на сообраќајни незгоди, пишува порталот Дневник.хр.
“Кутијата се активира во моментот на несреќата или во момент на мануелна активација и во истиот миг собира податоци за моменталната позиција, брзината на возилото, број на патници и насоката на движење на автомобилот“, објаснил Хрвоје Стрепачки од “Ериксон Тесла“.
Црната кутија потоа сите собрани податоци преку домашните телеоператори ги праќа до итните центри.
Често возачот е повреден и не може да повика помош. Овој уред ќе викне помош наместо возачот и при тоа ќе достави информации за местото за несреќата и дежурните служби како медицинските,полициските и противпожарните, ќе бидат веднаш известени.
Со помош на овој уред многу полесно ќе се стигне до местото на несреќата и ќе им се помогне на настраданите.