Црни кутии од 2015 и во автомобилите

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Познатите црните кутии нема да ги има само во авионите. Наскоро сите автомобили произведени во Европската Унија ќе ги имаат овие уреди кои ги повикуваат итните служби во случај на сообраќајна несреќа.
Уредот под име “Е-повик“ во моментов се тестира во Хрватска и во уште осум земји-членки на ЕУ. Од први јануари 2015 година, ниту еден автомобил во ЕУ нема да може да се продаде без таканаречената црна кутија за автомобили, која, како и во авионите, собира податоци во случај на сообраќајни незгоди, пишува порталот Дневник.хр.

“Кутијата се активира во моментот на несреќата или во момент на мануелна активација и во истиот миг собира податоци за моменталната позиција, брзината на возилото, број на патници и насоката на движење на автомобилот“, објаснил Хрвоје Стрепачки од “Ериксон Тесла“.

Црната кутија потоа сите собрани податоци преку домашните телеоператори ги праќа до итните центри.

Често возачот е повреден и не може да повика помош. Овој уред ќе викне помош наместо возачот и при тоа ќе достави информации за местото за несреќата и дежурните служби како медицинските,полициските и противпожарните, ќе бидат веднаш известени.

Со помош на овој уред многу полесно ќе се стигне до местото на несреќата и ќе им се помогне на настраданите.

tocka-84305.jpg
 
Ете ви поскапи автомобили! Инаку добра идеја во поглед на безбедноста!
 
е ова не е ништо а од 2025 година, еве што се спрема
На сите невести пред свршувачка им се вметнува исто така
„црна кутија“- минијатурен чип-предавател во вагината.
Тој веднаш при однос со друг маж-швалер праќа сигнали и го алармира сопругот и министерството за брак и семејство.
Предавателот -чипот не делува за блиски средби со сопругот кој има вградено анти-чип.
„црната кутија“- предавател и чип,исто така ги собира податоците од направениот прекршок.Колкав бил непријателот,до каде влегол,со што бил облечен и слично.
Исто така со овој уред сопругот многу бргу може да дојде до местото на сударот на неговата сопруга и да и помогне.
А доколку не стаса на време тогаш ги чита податоците од чипот.Се уште се усовршува овој пронајдок,до таа мера да натрапникот може да се прати на екранот од мобилен каде е.
 
јас повеќе би сакал видео камери како во русија што е законот. таму нема братче беше црвено беше дај остај во таа кафана 1000-2000ден за да не пишав 300Е....
 
Ма какви црни кутии. Волво до 2020-та планира да нема жртви од сообраќајни низгоди за нивните клиенти! ;)(y)
 
Браво, дај шо ќе вградуваат црни кутии за да следат движење пред да излезеш од дома со кола да се испраќа задолжителен рут во мвр.
 
јас повеќе би сакал видео камери како во русија што е законот. таму нема братче беше црвено беше дај остај во таа кафана 1000-2000ден за да не пишав 300Е....
Мислам дека не им е тоа по закон, туку осигурителните компании бараат од клиентите да имаат камера затоа што се правеле многу измами. "Side effect" е тоа што во Русија поголемиот дел се будали и кога возат ги боли кур за се'. Затоа и има толку смешни видеа од нив на јутуб :D
 
Ма какви црни кутии. Волво до 2020-та планира да нема жртви од сообраќајни низгоди за нивните клиенти! ;)(y)
Мислам дека беше по техниката како што е кај птиците (додуша кајнив не е техника) никако да неможат да се допрат .. како што летаат птиците во јатата а никогаш не се удриле..
 
Инаку добра идеја во поглед на безбедноста!
Како бе во поглед на безбедноста. Да не нешто кутииве се отварат пред судир и ги штитат патниците/пешаците? Не зезај ова е за осигурителните компании.
 
Тоа не е ништо ново и очекувам дека ќе биде (џабе) да се вградуваат црна кутија како фијаско,а само единствена добра работа е заштита при кражба за автомобили,а не па мал судар колку да удриш браникот и црна кутија ќе известува до полиција,пожарникари и брза помош ќе стигнат до местото на несреќа и кога ќе видат дека нема ништо сериозно и замислете кога ќе бапнете браникот и излегувате надвор да гледате колкава е штета на браникот и се чешаш на косата и ОП одеднаш позади вас доаѓа полиција,пожарникари и брза помош и ќе се чудите и фала богу што во Македонија нема да има такво нешто :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom