Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Converse All Star, легендарните патики од платно со гумен ѓон се родени во 1917 година, како обид на оваа фирма да се пласира на пазарот на кошаркарска облека. Во тоа време, ова бил навистина пионерски и иновативен обид, бидејќи и кошарката како спорт тогаш била стара само 25 години (имено, дури во 1936 година, кошарката е запишана во семејството на олимписки спортови). Сепак, успехот на пазарот го доживеале во дваесеттите години, кога одушевен од нивната удобност ги прифатил кошаркарот Charles H. "Chuck" Taylor, воедно станувајќи и нивен главен промотер. Откако производителот прифатил неколку негови сугестии за флексибилноста, патиката го добила своето сегашно име и препознатливиот потпис на Taylor на сошиената етикета.
До 1966, Converse нудел само црна и бела варијанта, а потоа биле воведени и нови бои за патиките да можат да им одговараат на различни тимови. Во овој период, производителот сочинувал дури 80% од американскиот пазар на патики. Следен е периодот на иновации кој донел модели од нови материјали: кожа, џинс, коноп и лен. До својата смрт во 1969 година, во нивното дизајнирање учествувал и самиот Chuck Taylor. Кога Nike го купи Converse, целото производство беше комплетно изнесено од Америка, а се случија и измени во дизајнот од кои најзначајна е промената со која платното на патиките повеќе не е во два слоја. Вистинските љубители на овие патики велат дека разликата е навистина забележителна.
Крајно едноставен дизан, неповторлива леснотија, удобност и специфична индивидуалност која им ја даваат препознатливите бои се главните адути на популарните "старки". Меѓутоа, некои не би се сложиле со ова и ги опишуваат како крајно грди патики кои ги носат сите оние кои себеси барем малку се сметаат за алтернативни и ги сметаат за преценети.
Сепак, All Star се дефинитивно најуспешните патики во историјата. Во новиот век влегоа со дури 750 милиони продадени парчиња, а се проценува дека секоја недела ширум светот се продаваат по 30.000 пара. Од почетокот до денес, нивната целна група навистина се има сменето многу. Кошаркарите со текот на времето прејдоа на помодерни патики, а All Star патиките станаа таргет на тинејџерската популација и со тоа станувајќи и незаобиколен дел од поп културата. Кон крајот на седумдесеттите, овој модел стана еден од најбитните симболи на панк движењето, а нов бран на популарност доживуваат во деведесеттите со грунџ и хип хоп културата. Различните општествени групи преферираат и одредени бои и шари, па така на рок сцената најбарани биле оние темните. Сепак, се погласни се критичните коментари кои укажуваат на недосладноста на панк движењето поради носење на патики зад кои денес стои Nike.