Converse All Star - приказната за легендарните "старки"

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Converse All Star, легендарните патики од платно со гумен ѓон се родени во 1917 година, како обид на оваа фирма да се пласира на пазарот на кошаркарска облека. Во тоа време, ова бил навистина пионерски и иновативен обид, бидејќи и кошарката како спорт тогаш била стара само 25 години (имено, дури во 1936 година, кошарката е запишана во семејството на олимписки спортови). Сепак, успехот на пазарот го доживеале во дваесеттите години, кога одушевен од нивната удобност ги прифатил кошаркарот Charles H. "Chuck" Taylor, воедно станувајќи и нивен главен промотер. Откако производителот прифатил неколку негови сугестии за флексибилноста, патиката го добила своето сегашно име и препознатливиот потпис на Taylor на сошиената етикета.

До 1966, Converse нудел само црна и бела варијанта, а потоа биле воведени и нови бои за патиките да можат да им одговараат на различни тимови. Во овој период, производителот сочинувал дури 80% од американскиот пазар на патики. Следен е периодот на иновации кој донел модели од нови материјали: кожа, џинс, коноп и лен. До својата смрт во 1969 година, во нивното дизајнирање учествувал и самиот Chuck Taylor. Кога Nike го купи Converse, целото производство беше комплетно изнесено од Америка, а се случија и измени во дизајнот од кои најзначајна е промената со која платното на патиките повеќе не е во два слоја. Вистинските љубители на овие патики велат дека разликата е навистина забележителна.

Крајно едноставен дизан, неповторлива леснотија, удобност и специфична индивидуалност која им ја даваат препознатливите бои се главните адути на популарните "старки". Меѓутоа, некои не би се сложиле со ова и ги опишуваат како крајно грди патики кои ги носат сите оние кои себеси барем малку се сметаат за алтернативни и ги сметаат за преценети.

Сепак, All Star се дефинитивно најуспешните патики во историјата. Во новиот век влегоа со дури 750 милиони продадени парчиња, а се проценува дека секоја недела ширум светот се продаваат по 30.000 пара. Од почетокот до денес, нивната целна група навистина се има сменето многу. Кошаркарите со текот на времето прејдоа на помодерни патики, а All Star патиките станаа таргет на тинејџерската популација и со тоа станувајќи и незаобиколен дел од поп културата. Кон крајот на седумдесеттите, овој модел стана еден од најбитните симболи на панк движењето, а нов бран на популарност доживуваат во деведесеттите со грунџ и хип хоп културата. Различните општествени групи преферираат и одредени бои и шари, па така на рок сцената најбарани биле оние темните. Сепак, се погласни се критичните коментари кои укажуваат на недосладноста на панк движењето поради носење на патики зад кои денес стои Nike.

 

Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.238
Поени од реакции
22
леееј,се мислев да отворам ваква тема пред некоја недела,ама ме примрзе во моментот да преведувам од англиски.ме превари :) :)

заљубена сум во овие чуда!!кај и да одам,кога ќе видам продавница за обувки,прво шо глеам е дали има старки!! :) :) :)
моментално иам 2 пара ,а планирам да си набавам уште 2,а колку иам скинато?? тоа не се брои! :vozbud:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Ммм Старкиии.... чудно, но никогаш не сум носел старки, оние од сликава.

Имав малку помодерна варијанта од времето пред Најк да го купи Конверс.

Сепак феномен!
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Ги обожавав дека беа премногу лесни за носење,едноставно ги носиш а немаш тежина на нога како да си бос :)
 

JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
Пред 3 дена си купив. Улалааааааааааааааааа закон се :)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Ц Ц Ц како се дообри патикиве за хеки:) ми текнува на времето братучедите мои постари ги гледав купуваа по два пара па ги носеа различни, ѕверска ствар
 

inquisitor

ИДИОТ
Член од
22 март 2007
Мислења
833
Поени од реакции
3
закон работа!
1. фаца се
2. функционални се
3. компактибилни се
4. EVERGREEN патика дефинитивно!
:) :) :helou:
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
21
Ептен убави на изглед, али никогаш не сум носела-а зашто не знам! Во план бев да купам пред две недели, али во последен момент се одлучив за сосема поинакво!
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Сум носела, ама воошпшто не ми се удобни.

А ви текнуе дека скоро сите патикиве ги викаат „старТки”?:pos:
Колку сум се карала ко копиљ со другарките за ова еј.:pos:
 

Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
Ммммм...can't live without them!
 

Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.238
Поени од реакции
22
Скулгрл напиша:
Сум носела, ама воошпшто не ми се удобни.

А ви текнуе дека скоро сите патикиве ги викаат „старТки”?:pos:
Колку сум се карала ко копиљ со другарките за ова еј.:pos:
сите што ќе ги поправам дека не е со Т,почнуваат да се караат со мене...шо луѓе ќе беа тоа не знам
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Одсекогаш биле симпатични, ама за мене, чоек со рамни табани, у никој случај не ми се удобни. После ме убиваат стапалата. Затоа ми скапува дома парот.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Гижо, ти да носиш 2 недели војничка цокула или било која тешка чизма од утро до мрак, на Старки има да се радуваш ко баба на внуче што живее на друг крај на планетата.
 
Ч

Чек Он Ит

Гостин
Одсекогаш ми биле симпатични. Имаф едни небо плави кичарски, ги носев дур не пројде меракот. За нога ОК се ако праиме споредба со шта ти ја знам, повисоки сандали, неудобни патики ТОБ се, али ако праам споредба со патика, убаа, анатомска или што ти ја знам се гола вода односно не се баш удобни.

Ама АФКОРС ОЛТАЈМЕРИ се и никад не им поминува мода ! И Свака му част на тој што ги измислил ... :OK:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom