CN – Народна Република Кина

Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.381
Поени од реакции
20.011
Многу ми е јако секогаш кога 1000 души ќе се соберат да протестираат во РФ/НРК/Иран, веднаш цела западна независна и непристрасна штампа заклучува дека тоа е тоа што се чекаше - паѓа режимот. Во меѓувреме во САД/Франција/Германија буквално крв паѓа али никому ништо, небитно, не вреди ни да се троши време за тоа на ТВ.

Во секој случај, се надевам диктаторот Кси ќе го одбере тоа што е најдобро за Кина и кинескиот народ и нема да го следи примерот на демократот Трудо и да прати коњаница да гази луѓе или да замрзнува банкарски сметки.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268

Цар :cuc::cuc: дупчи си и стрижи.
Додека па топчестите верници од "високо развиени држави", си го добиваат тоа што го поддржуваа и заслужија. :popce:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.688
Поени од реакции
38.879

Цар :cuc::cuc: дупчи си и стрижи.
Додека па топчестите верници од "високо развиени држави", си го добиваат тоа што го поддржуваа и заслужија. :popce:
не знам што очекуваш бафре од Трудо. Типот лаже суши. Исто како и целиот запад.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
не знам што очекуваш бафре од Трудо. Типот лаже суши. Исто како и целиот запад.
Како не бе. Ако лажат зашто ти и останати топчести верници слепо ги следите...
Не ме замарај, иди таму по темите број тенкови и прави што ќе ти биде кажано.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.381
Поени од реакции
20.011
Што бидна со револуцијата, падна ли диктаторот Кси, дојдоа ли бањати лидери кои ќе ја претворат Кина во демократија?

А толку се запалија Западњациве, навистина мислеа ќе има Тиананмен 2, прерано си ги намокрија гаќите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.585
Што бидна со револуцијата, падна ли диктаторот Кси, дојдоа ли бањати лидери кои ќе ја претворат Кина во демократија?

А толку се запалија Западњациве, навистина мислеа ќе има Тиананмен 2, прерано си ги намокрија гаќите.
Далеку поважно е властите во една држава - било кои власти во било која држава - да постапат во врска со незадоволството и револтот кај незадоволните граѓани со позитивен пристап и со цел да ги решат проблемите кои ги предизвикале таквото незадоволство и таквиот револт.

Јас лично не верувам дека Кинезите бараа(т) промена на власта во Кина, туку бараа(т) промена на политиките на кинеските власти.

Општо е познат фактот дека протестите во Кина се чести во ситуации со масовна корупција, нелегален грабеж на земјиште со цел продажба на истото на странски инвеститори и профитери, но далеку поважно е да се одговори позитивно на барањата на незадоволните граѓани отколку да се промени власта или да се задушат протестите.

Имаат и масовни протести и блокади на фабрики кога странските инвеститори не им исплаќаат плати на работниците со месеци, но тоа не им е интересен материјал за известување на западните медиуми, кои можеби воопшто немаше да известуваат за неодамнешните протести доколку не беше блокирана најголемата фабрика за Ајфони на Фокскон - и онака далеку неславен како експлоататорски производител на компјутерска опрема кој ги експлоатира сопствените работници полошо и од животни, бидејќи дури и животните барем ги товат пред колење.

" Леле, ќе останеме без нови Ајфони за Нова Година " - веројатно беше главната причина зошто западњаците воопшто се заинтересираа да известуваат за протестите во Кина.

Е сега дали кинеските комунисти ја извлекоа вистинската поука од протестите и навистина ќе ги олеснат рестрикциите и карантините кои ги воведоа - како што најавуваат дека ќе ги олеснат - или уште повеќе ќе се ангажираат во уште помасовно снимање, набљудување и сеопфатно шпионирање на сопственото население со цел да спречат вакви протести во иднина, наместо да спречат повторување на ваквите карантински идиотизми, останува да се види.

Јас лично им навивам на кинеските комунисти да ја извлечат вистинската поука и да си го врзат авторитарниот ремен, го одбележаа 200-от роденден на Карл Маркс во 2018 година, а ако навистина се запознаени со неговото учење, би знаеле дека како што Маркс потенцира дека капитализмот не е функционален на долг рок бидејќи сепак деноноќието трае само 24 часа, а неделата сепак трае само 7 деноноќија, поради што работодавачите нема да можат вечно да ги експлоатираат работниците, така и авторитарниот владејачки режим во една држава не може до бескрај да им ги ограничува слободите и правата на сопствените граѓани и да ги третира како поданици наместо како слободни луѓе, бидејќи порано или подоцна на некои луѓе ќе им пукне филмот, а во такви ситуации сите сценарија се можни.

Нека научат од сопствената историја за падот на кинеската кралска династија Кинг и за распаѓањето на Кинеската Империја, а можат слични лекции да научат и од падот на руската царска династија Романови и за распаѓањето на Руската Империја и други империи, па нека се вратат на почетокот на 20-от век и нека се запрашаат себеси како во 1900 година би одговориле на прашањето:

" Што би рекле ако ви кажам дека за 20 години од сега нема повеќе да постојат Германската Империја, Австро-Унгарската Империја, Руската Империја, Отоманската Империја и Кинеската Империја " ?

Затоа е важно кинеските комунисти да си го врзат авторитарниот ремен и да не ги повторат ваквите карантински идиотизми во иднина, нека го стишаат шпионирањето на сопственото население и нека се посветат на борбата против корупцијата и криминалот. Ако го направат тоа кинеските комунисти, нема да има потреба од промена на власта во Кина, решението е власта да ги послуша сопствените граѓани и да премине кон решавање на нивните проблеми со решенија какви што самите граѓани бараат да бидат спроведени, а не да им глуми авторитет и да ги третира како поданици.
 
Последно уредено:

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.198
Поени од реакции
21.348
Што бидна со револуцијата, падна ли диктаторот Кси, дојдоа ли бањати лидери кои ќе ја претворат Кина во демократија?

А толку се запалија Западњациве, навистина мислеа ќе има Тиананмен 2, прерано си ги намокрија гаќите.
Чеки не може преку леб погача. Ова е искуство, мириснаа крв луѓето. Барање лични права е долг и напорен пат. Ќе видиме како ќе реагира власта, ако продолжи како досега ќе ја убрза рабчтата. Ако даде малце слобода луѓето ќе видат дека сепак имале успех.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.381
Поени од реакции
20.011
Чеки не може преку леб погача. Ова е искуство, мириснаа крв луѓето. Барање лични права е долг и напорен пат. Ќе видиме како ќе реагира власта, ако продолжи како досега ќе ја убрза рабчтата. Ако даде малце слобода луѓето ќе видат дека сепак имале успех.
Иронично, во зла тоталитарна држава власта го слуша народот и менува закони додека во света демократска земја те гази коњаница и те крши полиција од ќотек. Кој е слободниот тука се прашувам.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.585
Иронично, во зла тоталитарна држава власта го слуша народот и менува закони додека во света демократска земја те гази коњаница и те крши полиција од ќотек. Кој е слободниот тука се прашувам.
Слободниот е тој кој гази население и го крши населението од ќотек.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.198
Поени од реакции
21.348
Не знаев кога Кина стана бенџмарк за човекови и лични права. Какви спиној, лудило.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.819
Не знаев кога Кина стана бенџмарк за човекови и лични права. Какви спиној, лудило.
Кој кажа дека Кина е „пример“ за човекови права. Само ти го посочија моментот дека и Германија (и западот општо) се покажаа како калакурница.
Tи си спинерот овде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom