Што бидна со револуцијата, падна ли диктаторот Кси, дојдоа ли бањати лидери кои ќе ја претворат Кина во демократија?
А толку се запалија Западњациве, навистина мислеа ќе има Тиананмен 2, прерано си ги намокрија гаќите.
Далеку поважно е властите во една држава - било кои власти во било која држава - да постапат во врска со незадоволството и револтот кај незадоволните граѓани со позитивен пристап и со цел да ги решат проблемите кои ги предизвикале таквото незадоволство и таквиот револт.
Јас лично не верувам дека Кинезите бараа(т) промена на власта во Кина, туку бараа(т) промена на политиките на кинеските власти.
Општо е познат фактот дека протестите во Кина се чести во ситуации со масовна корупција, нелегален грабеж на земјиште со цел продажба на истото на странски инвеститори и профитери, но далеку поважно е да се одговори позитивно на барањата на незадоволните граѓани отколку да се промени власта или да се задушат протестите.
Имаат и масовни протести и блокади на фабрики кога странските инвеститори не им исплаќаат плати на работниците со месеци, но тоа не им е интересен материјал за известување на западните медиуми, кои можеби воопшто немаше да известуваат за неодамнешните протести доколку не беше блокирана најголемата фабрика за Ајфони на Фокскон - и онака далеку неславен како експлоататорски производител на компјутерска опрема кој ги експлоатира сопствените работници полошо и од животни, бидејќи дури и животните барем ги товат пред колење.
" Леле, ќе останеме без нови Ајфони за Нова Година " - веројатно беше главната причина зошто западњаците воопшто се заинтересираа да известуваат за протестите во Кина.
Е сега дали кинеските комунисти ја извлекоа вистинската поука од протестите и навистина ќе ги олеснат рестрикциите и карантините кои ги воведоа - како што најавуваат дека ќе ги олеснат - или уште повеќе ќе се ангажираат во уште помасовно снимање, набљудување и сеопфатно шпионирање на сопственото население со цел да спречат вакви протести во иднина, наместо да спречат повторување на ваквите карантински идиотизми, останува да се види.
Јас лично им навивам на кинеските комунисти да ја извлечат вистинската поука и да си го врзат авторитарниот ремен, го одбележаа 200-от роденден на Карл Маркс во 2018 година, а ако навистина се запознаени со неговото учење, би знаеле дека како што Маркс потенцира дека капитализмот не е функционален на долг рок бидејќи сепак деноноќието трае само 24 часа, а неделата сепак трае само 7 деноноќија, поради што работодавачите нема да можат вечно да ги експлоатираат работниците, така и авторитарниот владејачки режим во една држава не може до бескрај да им ги ограничува слободите и правата на сопствените граѓани и да ги третира како поданици наместо како слободни луѓе, бидејќи порано или подоцна на некои луѓе ќе им пукне филмот, а во такви ситуации сите сценарија се можни.
Нека научат од сопствената историја за падот на кинеската кралска династија Кинг и за распаѓањето на Кинеската Империја, а можат слични лекции да научат и од падот на руската царска династија Романови и за распаѓањето на Руската Империја и други империи, па нека се вратат на почетокот на 20-от век и нека се запрашаат себеси како во 1900 година би одговориле на прашањето:
" Што би рекле ако ви кажам дека за 20 години од сега нема повеќе да постојат Германската Империја, Австро-Унгарската Империја, Руската Империја, Отоманската Империја и Кинеската Империја " ?
Затоа е важно кинеските комунисти да си го врзат авторитарниот ремен и да не ги повторат ваквите карантински идиотизми во иднина, нека го стишаат шпионирањето на сопственото население и нека се посветат на борбата против корупцијата и криминалот. Ако го направат тоа кинеските комунисти, нема да има потреба од промена на власта во Кина, решението е власта да ги послуша сопствените граѓани и да премине кон решавање на нивните проблеми со решенија какви што самите граѓани бараат да бидат спроведени, а не да им глуми авторитет и да ги третира како поданици.