ахахаха, Офчарот
Почитувани,
Иако сум ваш нередовен гледач и уште понередовен плаќач, сепак смогнав образ и сили, да го пишам ова писмо.
Имено, се работи за настанот (без преседан) исфрлањето на авантгардната забавна емисија 13-каа на Бојан Јовановски од етерот.
Побогу, зошто? Иако правилата на Советот за Радиодифузија се јасно и гласно пропишани ко Декларацијата за независност, сепак мислам дека покрај сите исклучоци, имаше простор да се направи отстапка и за овој инцидент, според мене од занемарлив карактер.
Официјално наведената причина е однесувањето на легендата Џаро (зарем и кон него немате грам почит и не му давате попуст?), кој веќе видно подостарен и веројатно со послаба координација на процесот мисла исказ, лупна онанисањее?
Или за тоа што во време на беспарица изнајде доблест на оние неколку млади дечиња да им додели по некое тикетче за кладилницаа. Па, зарем не ги видовте тие озарени фацички, тие светнати очиња... индиректно, вие вршите опструкција на еден од малкуте хумани гестови кои можевме да ги видиме на вашата телевизија.
А што е пак со оние емисии на кои се прикажуваат грозоморните ноџишта на некоја бабетина како гази пиперки за буковец, а притоа сокот од пиперките и` се растекува низ прстите предизвикувајќи ништо помалку од чемер и гад? Што е со неточната временска прогноза, спикерите со говорна маана и фригидните водителки кои мораат на секое вртење на листовите да плукаат во прст, и притоа да произведуваат страотен и грозоморен звук на мљацкање, кој потсеќа на отстоена пита со праз!
Боки беше вашата најголема ѕвезда. Момчето е младо, интелигентно, способно. Па тој ја доведе Евровизиската победничка Руслана во нашата татковина, приреди таков голем настан, а како што се сеќавам, Руслана гостуваше и на вашиот канал! Значи, освен тоа што им нанесувате неправда на гледачите, вие му го вртите грбот на Бојан Јовановски и излегувате лицемерни кон него пред целата македонска јавност!
Бојан е млад човек кој и` треба на нашата земја. Има свој стил, впечатлив и симпатичен, и многу оригинален и смел во исто време. Знае како да се изрази, и нема влакна на јазикот. Има предиспозиции да стане вистинска ѕвезда во најскоро време (ако и веќе не е) а вие му правите вакво клизачи од позади грб! Во целата ситуација излегувате како големи губитници. Бојан и онака има големо реноме и углед меѓу пошироката јавност.
Дури и баба ми редовно го гледа.
Денес ми се јави цела испотресена, го скинале Боки. Бар имајте милост кон неа и вратете го во етерот! Момчето со ништо не заслужи оваа тазе почната епизода да заврши вака.
Од Офчетината