Чашата....полу полна или полу празна?

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
^Никој тука не оспорува дека ваков тест дава генерализации. И таман работа ако било кој психолог кој во минатото се користел со ваков тест, одредувал дали некој е песимист или оптимист единствено според резултатите од истиот.
За да дадеш пресуда од таков тип е потребно многу повеќе од едно прашање и прост одговор. Тестов еднствено може да биде мало делче од мозаикот, никако цела слика.

Но, како што реков, тестов е одамна депласиран и служи повеќе како пародија за инстант-психологија, отколку за релевантно мерило. Нешто како извулгаризираното и извадено од контекст тврдење на Фројд, дека секое машко потсвесно посакува да има секс со својата мајка.
 
Некои викаат дека е полуполна, некои викаат дека е полупразна.

А јас само знам дека сум жеден.
 
Па ако ја пиеш ке биде полу празна.Ако полниш, тогаш ке биде полу полна:pipi:.
 
Хм...значи вака : ако ја наполнам чашата само до пола со вода и ја остам на маса без да се напијам вода од неа,тогаш е полу полна.А ако ја наполнам скроз до горе и после ја испијам водата до пола,тогаш е полу празна.:):):)
 
не сум баш добар со литрите али ако земам едно шише од 1л.да речеме нека е полно со пиво :) и дојде некој гад скришум ќе ми го испиее пола пиво,е тогаш е полу празно.а кој сака да го наполне празно шишето(од кога ќе ја испијам половината)ќе бидам среќен и ќе ви речам дека ова полу полно шише со пиво,иако би сакал да е цело :smir:
 
pesimistite : vikaat "poluprazna"
optimistite : "polupolna"
jas sekogas vikam deka e polupolna :)
pozZ
 
полу полна, полу празна.... Битното е, Кој Ми пиел од чашата????
 
ако размислиш боље чаша наполнета до пола со вода е полу празна зошто чашата е чаша а водата е вода... па ако е само чаша таа е празна а ако ја наполниме до пола тогаш чашата е полу празна:)
 
Полу полна, со тенденција да се наполни уште повеќе. Уствари, никогаш не сум мислела дека чашата може да биде полу празна, туку полу полна. Изгледа затоа што спаѓам во лакомите личности,поточно стрвните, да, па дури и за вода. Мразам кога чашата не е наполнета до горе, а најмногу кога ќе се истури. Ме депримира. Едно, затоа што треба да станам и пак да ја наполнам, второ, сум загубила дел од нешто. Ах, мразам кога е на пола, дури и кога е полу полна, а не полу празна.
 
Bi rekla deka casata e poluprazna. Ama se smetam za optimist
 
По чиста логика и двата одговори би биле точни...Дали било тоа полупразна или пак полуполна истото значење го има.Сепак имам едно размислување за тоа кој и како се служат со тие изрази.Ако на пример била полна чашата и сте ја потрошиле на некој си начин до половина,тогаш се служиме со изразот полупразна(бидејќи е знак на незадоволство од тоа што нема половина).Ако пак во обратна смисла чашата е празна,па ние ја наполниме со вода до половина,тогаш се служиме со изразот полуполна.Бидејќи претходно била празна а ние сме ја дополниле тогаш го употребуваме изразот полуполна(што е знак на задоволство бидејќи сме направиле нешто корисно сме ја наполниле до пола)...
 
Зависи со што. Ако е со крв од бебиња, ондак оптимист си ако е полу празна. Ако е со нектар на животот, ондак песимист си ако е полу празна.

Зависи, многу аспекти имаш. Многу може да се размислува и полемизира на темава. У секој случај добра е фотката. Што ти беше извор на светло?

Иначе у случајов чашата е потесна кон дното, така да е полу празна бидеки ако земеме h како висина за иста h од пола нагоре и од пола надоле ќе добиеме различен волумен бидејки чашата е во форма на конус, односно се стеснува кон дното. Единствени обратни чаши на оваа има во Ли на млечен меѓутоа јас тврдам дека тоа се вазни од IKEA.
 
2x

Mene mi se cini deka imas dva pati poveke casa nego sto ti e potrebna:smir::smir::smir:
 
јас мислам дека сепак чашата ако е до половина наполнета со вода е полуполна, да беше полупразна ќе беше делот со водата втор (од доле нагоре) :D
плус, зависи како гледаш на нештата...

али мене ми е најбоље репликата за оваа тема на FoxLife:
Some would say that this glass is half empty.
Some would say that it's half full.
Me?! I am just thirsty! FOX life: Identify your self

P.S. се надевам дека спелував добро :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom