Чашата....полу полна или полу празна?

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Според мене чашата е полна до пола...или ако би почнал да филозофирам би рекол добро е што во чашата има “нешто“, лошо е ако е празно.
Тоа “нешто“ за човек-оптимист како мене значи надеж, напротив празна чаша е знак за нешто лошо.
 
Гледам секогаш да ја полнам чашата до врвот и сакам секогаш да има нешто во неа па дури и ако целосно ги задоволам моите потреби за жед. Подобро нека има нешто во чашата за кое може да се надеваме.
 
Зависи од тоа колку си жеден, ако си стварно жеден тогаш нема да биде доволна таа полуполна чаша. Ако не си жеден тогаш ќе ти биде доволна таа полупразна чаша.
Како и да е, јас никогаш не сум ја гледала чашата како полупразна или полуполна, можеби затоа што секогаш сум имала чешма у близина.
 
Зависи од тоа колку си жеден, ако си стварно жеден тогаш нема да биде доволна таа полуполна чаша. Ако не си жеден тогаш ќе ти биде доволна таа полупразна чаша.
Како и да е, јас никогаш не сум ја гледала чашата како полупразна или полуполна, можеби затоа што секогаш сум имала чешма у близина.
Ако си премногу жеден немораш од чаша:) и чешмата директно ќе послуши
 
Чашата е чаша , водата е вода .
А кога новото на водата е точно на средина од висината на чашата, значи дека е баш таму и на никое друго место.

Добро познато е тоа дека погледот кон работите може да биде различен.
Ако сакате да видите добро во лошото...само побарајте го и ќе го најдете.

Така е и со чашата.....Ваш е изборот.....Само имајте на ум дека како и да ја гледате, оптимистички или песимистички, таа сепак ќе биде тоа што си е "чаша во која нивото на водата е до половина".

Нема што да додадам Император јас го мислам истото....оптимистички гледано ќе биде полуполна, песимистички гледано ќе биде полупразна ама како и да се гледа на тоа сепак е како што веќе кажа само една обична чаша во која нивото на водата е до половина.....
 
Го мразам примерот. Го презирам примерот. ’Ти си тип на човек што ја гледа чашата секогаш полу празна. Ти си песимист’.
Не. Јас сум тип на човек што ја гледа чашата пола полна говна. Проѕирни говна. Како може да му веруваш на тест што најверојатно го смислило уредништвото на Космополитан измеѓу советите за нанесување маскара?
 
Шо толку го мразиш примерот Бада?:toe:
Обична метафора - реченица, као вазните и замоците на Сатори. Ништо повеќе.
Всушност темава има смешен увод, инаку не гледам каква дискусија би се развило на темава. Евентуално анкета, па кој како ја гледа... ама повеќе?
 
Како да не мразиш вакви едноставни примери за некои психолошки состојби?
 
Како да не мразиш вакви едноставни примери за некои психолошки состојби?
Види, ова е на еден начин тест како оној со литмусовата хартија-инстантно може да одреди дали некој е песимист или оптимист, и истиов бил користен во психологијата како релевантен. Е сега друга е приказната со тоа што е веќе толку широко познат, па станува депласиран (нешто ко некои од теориите на Фројд, кои служат за потсмев).
Сепак, кога би се поставил на некој на кому не му е познат, може да биде легитимен.
 
Сепак, кога би се поставил на некој на кому не му е познат, може да биде легитимен.
Не е добро да постои тест толку краток затоа што секој по едно слушање/тестирање го знае резултатот. Сигурно способен психолог може за оваа поделба оптимист-песимист да прави инстантно некој свој ваков тест само што нам овој ни е нај познат. Не е нешто по кое сигурно би се раководел, али дополнува некоја психичка слика.
 
Тест за оптимист-песимист состојба:
Што гледате,виршла или пенис?

:)

Кога би ја погледнала чашата би рекла дека е полуполна веднаш. Полупразна ми е некако глупаво кога сепак има нешто во чашата.
Секој со своите гледишта.
За крај,чаша си е чаша,вода си е вода,полуполна или полупразна ти е исто како да множиш 1по2 или 2по1...секој како љуби.
 
ГО имав прочитано ова некаде и го кажав истото...
Чашата според мене е полу празна, бидејки некако многу глупо ми е полу полна... Јбг, секој со своите гледишта...
 
Тест за оптимист-песимист состојба:
Што гледате,виршла или пенис?
Отварам фрижидерот ОП виршла затварам

Идам во веце без нет и фаќам гледам ОП пенис?

Е ај што сум сега
 
Види, ова е на еден начин тест како оној со литмусовата хартија-инстантно може да одреди дали некој е песимист или оптимист, и истиов бил користен во психологијата како релевантен. Е сега друга е приказната со тоа што е веќе толку широко познат, па станува депласиран (нешто ко некои од теориите на Фројд, кои служат за потсмев).
Сепак, кога би се поставил на некој на кому не му е познат, може да биде легитимен.

А што гарантира дека ако за една работа гледаш песимистички дека така ќе гледаш на се ( немора се,барем на повеќето работи)????


Пази случај...се заљубува некоја девојка во некој тип...ама типот не ја рецка 2 % ....
Девојката се жали и вика мене никој никогаш нема да ме сака (Песимист) а од друга страна кога ќе и кажеш да не мисли на типот таа ти одговара дека неможе да не мисли бидејќи го сака и не се откажува од него(Оптимист).

И како ќе ја декларираме таа девојка??? Песимист или Оптимист???

Јас неможам да генерализирам и да кажам дали еден човек е песимист или оптимист.Едноставно работите ќе зависат од неговата умствена моќ...ако догледа дека може тоа да го направи и оствари нормално дека ќе размислува оптимистички ( или евентуално се надева и моли....затоа што тоа би му била последна опција ), а доколку не согледа и едноставно пред него стојат милион пречки или пак едноставно нема повеќе желба тоа да го прави...ќе се откаже и ќе почне да песимизира.

Тоа што најмногу може да се каже е... дали некој претежно има тенденции за остварување ,и е амбициозна личност.....или пак не е :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom