Чашата....полу полна или полу празна?

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Па зависи за кого како, за жедниот е полупразна, а за ситиот е полуполна
 
Песимистот би рекол “полупразна“, оптимистот би рекол “полуполна“, јас би рекла има колку толку да се напиеме.
 
Nit toa nit toa.
Casata e dva pati pogolema otkolku sto treba da bide.
 
glass.half.full.jpg

Гледаме чаша со вода, ја земам водата како пример затоа што сите најредовно ја употребуваме. Има вода до самиот врв, скоро да се прелее. За да не се прелее се наведнуваме кон чашата и една голтка влегува во нас. Ни станува убаво па ја подигаме чашата и ни останува вода одприлика на пола. Ја гледаме како потреба, како завист. Сакаме да ја испиеме целата но ете се случува да ја оставиме во таа позиција. Седиме и ја гледаме незнаејќи дали е полу полна или полу празна?
За мене чашата е само чаша, а водата само вода. Тече низ доводот кога ни треба, а тоа што не ни треба го пуштаме низ одводот-Панта Реи за жал:(
За мене чашата со вода без оглед на тоа колку е полна или празна е само чаша. Јас сум само жеден...



Пред некоја вечер неможев да спијам па освен неколкуте фотки што ги направив и 10те цигари што ги испушив почна грлото да ми се суши и си наполнив една чаша вода ама ја испив до пола и ја оставив ја сликнав два три пати испаднаа не толку добри ама и не толку лоши фотки и продолжив да ја гледам чашата ама низ моето око. Ја свртев и ја истурив водата, ситуација која ми се има случено и во животов. Земав пробав и ја пуштив да си оди кај што и е местото.
Размислувања околу ова ми се важни, затоа што некој можеби и не пие од чаша.
Гледам си се инспирирал од рекламата на Фокс Лајф.А истото ова го имаше и во цртанот Јаготка:)

Ако си ја наполнам до горе чашата со вода и после остани пола ќе речам дека е полупразна.А ако почнам да турвам и нешто ме спречи во то,па ја остам така после ко ќе ја видам ќе речам дека е полупразна.:toe:
 
Чашата не може да биде полупразна.

Празна чаша = нема вода. Нема вода = има нула вода. Пола од нула е нула. Математика версус инстант психологија :)
 
И што има врска полу полна полу празна?
Како и да ја гледаш,исто е.
Нема врска песимист,оптимист.
Ако речеш полу празна си песимист зошто не е полна,а си и оптимист зошто не е скроз празна.И обратно,ако речеш полу полна си оптимист зошто сепак колку толку е полна,а си и песимист зошто не е цела полна.
 
Викате песимист вели празна до половина а оптимист полна до половина. Ајде размислете вака: Кога некој рече дека е празна, значи дека сака уште а ако рече полна значи не сака повеќе. Оној што сака уште, се бори за уште. Оној што мисли дека има доволно не бара повеќе.
Некој на пример зборува по навика. Не велиме благодарам, велиме фала. :)
 
Има чаша пола наполнета со вода. Да речеме дека водата ни треба за пиење, и сега сме ја испиле пола. Значи ни останува уште пола и ќе ја испразниме. Полупразна.
 
Пола е полна ...
Бидејки се полни ... па шознам ...
ај нека е сеедно :pos2:
 
на првата страна прочитав еден пост и јас потполно се согласувам со него. Ако ја наполниш до пола е полуполна а ако ја истуриш до пола е полупразна
Незнам јас барем така го сфаќам ова:toe:
 
Сте глеале фокс лајф. Јас сум само жеден
 
Ова е исто како со крофната--оптимистот ја гледа крофната,,а песимистот ја гледа шуплината во неа.......За мене дефинитивно чашата е полу полна:smir::helou:
 
Полу-полна,полу-празна,пак има исто вода!И сметам има врска и со оптимизмот-песимизмот,ако речеш-,,ДЕНЕС ИЗГЛЕДА КЕ БИДЕ СОНЧЕВО,,-ти веруваш,си оптимис!,а ако рецес-,,КЕ ЗАВРНЕ ДЕНЕС,ТЕШКО ДЕКА КЕ БИДЕ СОНЧЕВО,,Ти си песимист!А иначе јас пијам по деве чаши вода!и никогач не викам-ДАЈ МИ ПОЛУПРАЗНА ЧАША СО ВОДА,ТУКУ ПОЛУПОЛНА!
 
:helou:
Jas mislam deka zavisi sto kazuvamo polupolna so voda..Isto me cudi zosto samo vodata se smeta za supstanca sto ja ima vo casata..toa e tecnost..A vozduhot?
Moe mislenje e deka casata e polna,pola so voda,pola so vozduh..:helou:
 
Јбг, доколку е чашата само до пола полна, секогаш викам дека е полупразна (било тоа дали ја пијам до пола, или само до пола ја полнам), не памтам дека сум рекла некогаш дека е полуполна...Тоа значи дека сум посран песимист ?? :icon_conf:icon_conf:icon_conf А иначе јас кога си полнам вода секогаш чашата ја полнам до крај..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom