Рекордите на Бундес-Лигата
Секој подобро информиран љубител на германскиот фудбал сигурно знае дека Баерн Минхен има освоено најмногу титули, а Герд Милер е на чело на вечната листа на стрелци. Но, има и некои други поинтересни рекорди.
Најмлад: Фудбалерот на Шалке, Јулиан Дракслер има само 17 години и оваа сезона ќе биде најмлад во Бундеслигата. На 20 септември ќе наполни 18 години.
Највозрасен: Резервниот голман на Волфсбург, Андре Ленц има 38 години и е највозрасен од сите фудбалери во германската прва лига.
Највисок: Играчот на Хофенхајм, Јаник Вестергард е висок точно 199 сантиметри.
Најнизок и најлесен: Фудбалерот од Венецуела, Јохандри Орозко кој е член на Волфсбург, држи два рекорди. Височина: 165 сантиметри, тежина: 56 килограми.
Најтежок: Резервниот голман на Шалке, Ларс Унерстал тежи точно 100 килограми и со тоа тој е најтешкиот фудбалер во елитата.
Најмногу натпревари: Откако Торстен Фрингс (402 натпревари во Бундеслигата) и Франк Рост (426) ја напуштија Германија, сега лидер во оваа категорија е Ханс Јорг Бут со 396 натпревари.
Најмногу голови: Од активните фудбалери, никој не постигнал повеќе голови од напаѓачот на Вердер, Клаудио Пизаро. Тој има постигнато 142 голови и е на 14 место на вечната листа на стрелци, каде на првото место е Герд Милер со 365 погодоци.
Најмногу репрезентативни натпревари: Фудбалерот на Баерн Минхен, Анатоли Тимошчук има одиграно 106 натпревари за репрезентацијата на Украина.
Најмногу титули: Од активните фудбалери, рекордер е Џеферсон Фарфан кој има освоено шест титули - четири во Холандија и две во Перу.