Bundesliga 2011/2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во новата сезона?

  • Bayern Munich

    Гласови: 47 48,0%
  • Borussia Dortmund

    Гласови: 38 38,8%
  • Bayer Leverkusen

    Гласови: 0 0,0%
  • Schalke 04

    Гласови: 6 6,1%
  • Werder Bremen

    Гласови: 3 3,1%
  • HSV

    Гласови: 1 1,0%
  • VFB Stuttgard

    Гласови: 2 2,0%
  • VLF Wolfsburg

    Гласови: 1 1,0%

  • Вкупно гласачи
    98
  • Гласањето е завршено на .
Во Премиер Лига сеуште 4-4-2 и 4-3-3 се најупотребувани.. Оваа формација од подобрите екипи знам само Арсенал ја уппотребува.
 
И Баерн со вГаал едно време цепеја со 4-3-3. Не е за нив таа, 4-2-3-1 е супер.
 
ајде вечерва во 20:30ч. конечно почнува Бундеслигата :), Дортмунд - Хамбург, во сабота од 15:30ч. на Eurosport 2 ке ја даваат Штутгарт - Шалке 04 (y)
 
Баерн е на ред годинава да зима титула, иако си гласав за Дортмунд :D
 
Рекордите на Бундес-Лигата


Секој подобро информиран љубител на германскиот фудбал сигурно знае дека Баерн Минхен има освоено најмногу титули, а Герд Милер е на чело на вечната листа на стрелци. Но, има и некои други поинтересни рекорди.
Најмлад: Фудбалерот на Шалке, Јулиан Дракслер има само 17 години и оваа сезона ќе биде најмлад во Бундеслигата. На 20 септември ќе наполни 18 години.
Највозрасен: Резервниот голман на Волфсбург, Андре Ленц има 38 години и е највозрасен од сите фудбалери во германската прва лига.
Највисок: Играчот на Хофенхајм, Јаник Вестергард е висок точно 199 сантиметри.
Најнизок и најлесен: Фудбалерот од Венецуела, Јохандри Орозко кој е член на Волфсбург, држи два рекорди. Височина: 165 сантиметри, тежина: 56 килограми.
Најтежок: Резервниот голман на Шалке, Ларс Унерстал тежи точно 100 килограми и со тоа тој е најтешкиот фудбалер во елитата.
Најмногу натпревари: Откако Торстен Фрингс (402 натпревари во Бундеслигата) и Франк Рост (426) ја напуштија Германија, сега лидер во оваа категорија е Ханс Јорг Бут со 396 натпревари.
Најмногу голови: Од активните фудбалери, никој не постигнал повеќе голови од напаѓачот на Вердер, Клаудио Пизаро. Тој има постигнато 142 голови и е на 14 место на вечната листа на стрелци, каде на првото место е Герд Милер со 365 погодоци.
Најмногу репрезентативни натпревари: Фудбалерот на Баерн Минхен, Анатоли Тимошчук има одиграно 106 натпревари за репрезентацијата на Украина.
Најмногу титули: Од активните фудбалери, рекордер е Џеферсон Фарфан кој има освоено шест титули - четири во Холандија и две во Перу.
 
Ajde so sreka i ova sezona, pozdravi do site ljubiteli na Bundesligata.
--- надополнето: Aug 5, 2011 6:59 PM ---
Prviot gol na sezonata, Grosskreutz za 1 - 0
 
Ако играат вака и оваа сезона Дортмунд ни баерн ни свети баерн не ги симнува од тронот.
 
Респект за ова што го играат во овие 38 мин. Ама долга е сезоната, чекај нека почнат да играат ЛШ па ќе правиме муабет...
--- надополнето: Aug 5, 2011 7:45 PM ---

:drk:

3:0.

Тоа е кога се има јасен концепт во играта. Шахин си отиде, земаа едноставно сличен профил на играч со Гиндоган и бујрум. Концептот е јасен, секој знае другиот како диши и нема што да се чудиш...

Далеку од тоа дека се Барса сеа ама во секој случај со просек 24 години човек мора да им симне капа.
 
Прва утакмица е и Хамбург секако дека не е конкуренција но ова што го игра Дортмунд денес, без Бариос, Суботич и Шмелцер, е добра порака за сите екипи дека Дортмунд е уште појјак од лани. Реално не треба да се плаши од никого. Иначе да прашам кој е Шахин? :icon_mrgr:
 
Еххх па и ти, Шахин е за класа и више болје од Ѓундоган xDDDD
 
Супер изиграа Борусија ,немаше знаци во играта дека им фали Сахин,а играа и без неколку првотимци... Со толку млад тим (се разбира ако ги задржат најдобрите играчи Кагава,Геце,Хамелс,Србинот од одбрана итн..) им предстои светла иднина ... Исто атмосферата на стадионот и кореографијата на навивачите беше :vozbud::vozbud:
 
Не можи да не' тепаат, го нема Сахин да ни дава голови :D
 
Овие баерн толку се фаворизирани шо ни пола од тоа што се очекува нема да прикажат и оваа сезона Дортмунд си е шампион а второ и трето место ќе се бори Леверкузен и Баерн од Минхен
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom