Борусија Менхенгладбах ги собра индивидуалните награди во Бундес-лигата за изминатата сезона откако триумфираа во изборот на популарниот германски фудбалски магазин "Кикер"
Така Лусиен Фавре доби најмногу гласови од играчите и беше прогласен за најдобар тренер. Двајцата фудбалери Марко Ројз и Марк-Андре тер Штеген беа прогласени за најдобар фудбалер и најдобар голман. Фавре освои 32,4% од вкупно 245 гласови поради тоа што го однесе тимот до четвртото место на табелата и до квалификациите за ЛШ. Втор заврши тренерот на Фрајбург Кристијан Штрајх со 31,1%, а третото место го освои тренерот на Борусија Дортмунд Јирген Клоп со 18% од гласовите. Ројз со 24,5% од гласовите заврши прв пред Шинџи Кагава на второто, Франк Рибери на третото и Роберт Левандовски на четвртото место. Тер Штеген собра 27,4% од гласовите за најдобар голман и за 0,8% го победи голманот на Баерн Мануел Нојер.
sport.com.mk