Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
За микрото не мислев за симболика, туку directing-wise (?) ненамерно било :D
Имаше логика у саатот, ама ич не ми текнува што кажа Винс. Тој даде две причини, the artsy-fartsy one and the real one. Вистинската беше дека е ненамерно, зашто кога претходно ги правеле сцените за флешбекот не носел саат

Да, дека претходно го имаа дадено без саат, а сега го носеше па затоа морало да смислат нешто за да се ослободи од саатот.
 
Се си кажавте за епизодава. Тоа што се очекуваше тоа и се доби. Супер крај за супер серија. Дали финалево е најдобра епизода на серијава ? Не, ама сепак ова беше супер крај каков што баравме. Сепак мислам дека епизодава ќе беше многу подобра ако беше со филмска должина ама сепак нема простор за ситничење.
Спин-офот can't come soon enough.

А да, и дајте линк за Talking Bad.
 
Смејем се, а плаче ми се :place::place::place::place::place::place:

Фала ви!!!


Некој нека даде торент за Talking Bad
 
Прво


Се на се, го добивме крајот кој го заслужува оваа прекрасна серија. Само едно нешто ми фалеше на самиот крај додека го покажуваа Волт мртов. Можеби многу појак ефект ќе имаше доколку во тој момент дадоа флешбек од некои јаки моменти, малкуте моменти на среќа кои ги имаше во серијата, а и да покажат како го наоѓаат телото на Хенк, па рекацијата на семејството кога дознаваат за ова што се случи. Вака некако, бар мене, самиот крај не ме погоди ептен, можеше многу по емотивно да биде.

(y)


Некој постави видео со Фелина од Марти Робинс. На почетокот барајќи во „фиоката“ од колата, најде касета баш од него, ама наместо Фелина во позади идеше Ел Пасо.

За крајот се сложувам со Донев, требаше барем уште 4-5 мин да има од епизодата и да го има горенаведеното.

Одлична серија, дефинитино една од најдобрите кои јас ги имам гледано, може и најдобра.

И да, време е да се збогуваме со BB.:place:

 
Финалето дефинитивно се вклопува со првобитната и целосната поента на серијата, кршењето на еден човек, правејќи ја трагичната грешка како лик од античка драма, неговиот хибрис значеше и негов крај. Уште едно негирање на тоа дека целта ги оправдува средствата, затоа што некои постапки се непростливи и целосно егоистични (убивањето невини луѓе и деца за да се извлечат од заплеткани ситуации). Волт мораше така да заврши, секаков поинаков крај би бил тотална утка и промашување на целата порака што ја пренесе серијата. Сите лоши нешта мораат да завршат.

Џеси, од обично џанкерче и уплашено детенце се претвори во ЧОВЕК. Доживеа такви трагедии и такви неправди кои во него открија една длабока чувствителност и една скриена човечност, убивање на неговиот карактер би било тотално непотребно и без поента. Лојалност кон партнерот? Па дали Волт беше лојален кон него или со слаткоречивост го залажуваше речиси секогаш за да ги сврти работите во своја полза. На крајот нивните сцени најмногу ме погодија, нивните погледи, дијалогот, тоа дека сепак еден со друг се чуваат и покрај сè. Волт и Џеси имаа нешто слично на татко-син релација, такви кои понекогаш меѓусебно се повредуваат, но на крајот кога тоа е најпотребно се држат еден до друг. Џеси порасна преку Волт и ја научи суровоста на животот покрај него.

Злосторството е злосторство, кои и да се намерите зад него, себичноста и гордоста е најизразена кога човекот ги постигнува најголемите успеси (сцената во која Волт признава дека на крајот на краиштата и не беше сè само заради жртвување, дека почувствува дека е голем, дека вреди, дека е добар барем во криминалниот свет, кога не успеа во признатиот, дека од неговото име се плашат сите и го почитуваат, тоа можеби беше најголема исповед, признание и пред себеси, бидејќи за прв пат имаше храброст да го каже тоа гласно).

Сцената со саатот ја протолкував како одбројување на последните часови, го остава за да ги отчука секундите до неговиот крај, пред да отиде и да ги заврши работите на оној за него препознатлив генијален начин.

Сите лоши нешта завршија, а ние уживавме и навивавме за нашите омилени карактери дури и кога прават зло, дури и кога повредуваат, бидејќи Волт е оној лик кој го сакаш поради генијалноста и кој ги крши сите бариери, па речиси и не се прашуваш зошто навиваш за негативец.

За мене ова беше огромна лекција, лекција за човечноста, за нијансите меѓу доброто и злото, за тоа до каде може да оди човекот. Им благодарам на креаторот и актерите за тоа што ни прикажаа нешто толку маестрално, нешто за кое долго ќе се зборува.
 
За мене идеален крај:cuc::cuc::cuc:... Ја почнав одново пред 10тина дена, планот беше да завршам во недела пред финалето, испадна да ја изгледам до петок и пак требаше да чекам :). Не знам што друго да кажам, со Вокерка апсолутно се согласувам, феноменална серија.

Еве и една торта што сеа ја направивме со сестра ми:D
whny.jpg
 
Серија која ме оставаше без здив! Дефинитивно ќе ми остане најјака серија која ја имам гледано. Браво за целата екипа! :cuc: Коментар за финалната епизода, ќе кажам дека сум задоволна прилично од тоа како заврши, нешто и очекувано но сепак одлично, никакво разочарување немаше. Се онака си дојде на свое место, се како што треба, секој ја доби казната онака слатко (тука не спаѓа WW) :) Се сложувам со вашите коментари горе, нема да се повторувам но се на се, пак БРАВО за одличнава серија!!!
И сега ЕПТЕНСКИ ми е жал што заврши, сега ќе си тажам така додека не најдам некоја друга толку возбудлива серија.. :place: :place:
 
Најдобра серија на сите времиња за мене! Сериозно. Фала ти многу Psyside на препораката, уживањето кое ми го приреди серијава не се споредува со ниедна друга која сум ја гледал. Симнувам капа и на целиот тим, ево и вака официјално да им се заблагодарам и нив.

Можеби не толку емоционално финале како SFU(во смисла да рониш солзи), но сепак како што кажаја скоро сите над мене, вклопено совршено во духот и замислата на серијата.
 
Тамам нешто ќе ми текне да пишам што не се спомнало ете го Болиглава пред 1 минута пишал.

Мораме да му се заблагодариме на Psyside, форумскиот еквивалент на Винс Гилиган, бидејќи да не беше тој немаше многумина да се решат да ја гледаат серијава. Неговиот ентузијазам како и коментариве на темава ја направија серијава многу поинтересна.

А баш знам пред некое време ги читав првите страници после 2-3 сезони само 15ина страни имаше темава. Дефинитивно после ова ќе ја гледам и серијата што Псајсајд ја пиша во првиот пост (што во моментов не ми текнува ваљда СФУ беше).

Исто така не ќе биде лошо некој да го најде постот на џимеј и неговите почетоци со серијава бидејќи навистина беше феноменален постот.

Дефинитивно ова беше еден wild ride.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom