Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
j7gso3npKhrAk.jpg
 
Ја мислам дека најпаметно ќе беша да има уште една, ако не и уште две сезони. Прво, затоа што експанзијата во Европа и најјаките пари направени на Волт се случиja во 10 минути screen time. Можеше цела сезона комотно таму да оди, како станува најпознатото име поврзано со дрога во светот, страв и трепет, Ескобар на 21 век yada yada, па тек после една цела сезона во врска со пензионирањето и ова што сега го гледаме. За споредба, цела сезона се думаа дали да отепаат човек, а експанзија во Чешка направија во 10 минути. Ем немаше да делуваат епизодиве исфорсирано и избрзано, ем ќе си гледавме уште Breaking Bad. :D

И како тоа ќе беше поразлично од се претходно што се дешаваше?

Ми фалат деновите кога серијава ја гледаа се на се десет души, сеа секој бара логика и поставува прашања, не уживајќи во тензијата. :) Не е дека на режисерот не му текнало како тоа може да не заврши ниту еден куршум во двајцата туку поентата му била да креира сцена со масовна пуцачина.

Инаку за мене совршен крај, епизодава ја рангирам у топ 5 од брејкинг бед. Уште го имаат она што ги прави посебни, бавно градење на дејствието, секоја епизода по некој настан кој од прва може и делува ко спореден се дур коцкиците не се наместат и не се деси нешто изместено. А осеќам дека до крај ќе имаме уште од тоа у големи количини. Генерална оцена на серијата - освен минорни пропусти никогаш не станува досадна па дури и кога ништо не се случува... Не секој го може тоа.:)
 
И како тоа ќе беше поразлично од се претходно што се дешаваше?

Најголемото ширење на организацијата и најголемата печалба на Волт ќе не беше исфорсирана и избрзана, додека други поситни ствари се одолговлекуваа по цели сезони. Не е битно тоа, како си ја замислиле така, сигурно повеќе од мене разбираат, јас само си пишав како би преферирал. А ако ја сакаме серијата, не смееме да бараме пропусти и да ја критикуваме за некои ситни работи? Една сцена од 10 секунди ја искритикувавме, и одма ја браните ко да сте продуценти на серијата. :)
 
Да ама пак не гледам како не би се повторувале, а ако по нешто е препознатлива серијава е што секогаш има да понуди нешто ново.

Критикувајте колку сакате, ми смета што критиките не се суштински па гледам цела страна на форумов за аматерското пукање на Тод. Па добро бе кој нормален у тие моменти детално го посматрал Тод како пука?
 
Не може такво пукање да не се примети:icon_lol:Изглеа режисерот сакал да покаже зашто никој не ги погоди Хенк и Гомез,Тод пукаше ко даунов синдром да има..
 
Ми фалат деновите кога серијава ја гледаа се на се десет души, сеа секој бара логика и поставува прашања, не уживајќи во тензијата. :)
Луѓето како тебе ми се најинтересни (истото го имаше и на форумот за Гот) им фалело времето кога серијата имала мала гледаност, е па ако продолжела да има мала гледаност немаше ни да стигне до овде, може ќе ја завршеа до 3та сезона или пак ќе ја правеа со мизерен буџет и немаше тоа да изгледа вака убаво.
 
А демек првите две сезони мизерно изгледаа? :) Малце ми го извади од контекст тоа што си ми го цитирал, повеќе гледачи е во секој случај најдобро за серијата, мојот коментар повеќе се однесуваше за критиките кои се површни, барем за мене.

А во случајот со GoT мислам дека уште од почетокот имаше огромна гледаност за разлика од Breaking Bad за која што до крај на трета сезона и не се дигаше толкава галама освен од тие кои што веќе ја пратеа серијата и го ширеа добриот збор.:)
 
А демек првите две сезони мизерно изгледаа? :)
За да го задржи квалитетот мора да расте гледаноста, мислам дека на ГоТ е тројно зголемена гледаноста од првата сезона. Ете денес прочитав дека The Killing нема да ја продолжат токму заради ова, иако трета сезона беше одлична сепак имаше мала гледаност.
 
Не е могуче, ова ли го напишале, ај да беше некој ебиветер портал, ама мислев дека бар Н.Македонија е малце поозбилен медиум, ама очигледно македонското естрадно новинарство не е мрднато подалеку од ефтини турски серии.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom