Ја гледам полека но сигурно... стигнав до крајот на втора сезона... па да споделам импресии (чекам први, нов интернет за да ја спуштам 3-та сезона).
Серијата ми се допаѓа во глобала, има интересна поента и е забавна за гледање.
Прво што би истакнал е ликот на Волт, кој како ретко кој главен лик во денешниве серии e сериозен/фамилијарен/нормален човек кој е комплетен манипулатор, лажов и никаквец истовремено... е, тоа ми се допаѓа најмногу.
Второ е релативната реалност на која се базира приказната... човекот е “осуден“ на смрт, па решава да помогне на семејството со тоа што ќе им обезбеди добар живот со нелегални средства... нешто што често го гледаме во вистинскиот живот.
Трето, одличната глума... посебно на Волт, кој иако на моменти изгледа како да глуми пренасилено, јас сум сигурен дека тоа се правите реакции (вербални и невербални) на работите кои му се случуваат во животот.
Е сега малку да ја искритикуваме серијата...
На моменти сценариото делуваше форсирано и премногу нереално, што секако (барем за мене) ја намали вредноста на серијата. Ме потсетуваше на Призон Брејк (каде се нешто се случува- и се се средува како од шега). Според мене серијата требаше да оди повеќе во драма а помалку во акција/изненадување.
Се гледа дека серијата е вештачки одолговлекувана. Ја разбирам потребата да се изнесуваат детали, ама имаше епизоди во кои апсолутно ништо не се случуваше (како на пример епизодата кога останаа во пустината без вода).
Дел од разговорите на Волт со Џеси беа тотално банални и глупави, и прво не доликуваа на професор по хемија... а второ не би требало да се одигруваат ни драматуршки, за ефект!
... неможам во моментов да ги набројам сите пропусти и тривијалности кои ги понуди серијава... но сигурен сум дека голем број од нив се чиста фантазија и силење на шоуто во правец во кој не треба да се насочи!
Воглавном интересна серија, која планирам да продолжам да ја следам. Најинтересно ми е анти-херојот во главна улога, кој се конформира во општеството... и кој гледа дека забранетото овошје е најслаткото нешто на светот. Лик кој многу личи на денешните интелектуални “херои“ и кој го користи системот/човечката слабост за своја лична корист...
Ако сакате оценка... од мене 7/10... барем по 2 сезони