Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Да да, одлична е серијата. Таман мислиш дека станува монотоно имаш момент како завршетокот на 3x12... Одамна немав гледано толку добра серија, додека не изгледаш до последна епизода не можеш да се одвоиш од монитор.
 
Точно споро, полека но се гради тензија, а за карактерите нема муабет се приврзуваш моментално.

Единствена серија што ја ставам над оваа е Сикс Фит Андер (без конкуренција најдобро нешто што се појавило на тв)
 
Прв пат слушам за серијава ц,ц,ц :) Ама по коментариве , обавезно следна на листа ми е за гледање :pipi:
 
Ја гледам полека но сигурно... стигнав до крајот на втора сезона... па да споделам импресии (чекам први, нов интернет за да ја спуштам 3-та сезона).

Серијата ми се допаѓа во глобала, има интересна поента и е забавна за гледање.

Прво што би истакнал е ликот на Волт, кој како ретко кој главен лик во денешниве серии e сериозен/фамилијарен/нормален човек кој е комплетен манипулатор, лажов и никаквец истовремено... е, тоа ми се допаѓа најмногу.

Второ е релативната реалност на која се базира приказната... човекот е “осуден“ на смрт, па решава да помогне на семејството со тоа што ќе им обезбеди добар живот со нелегални средства... нешто што често го гледаме во вистинскиот живот.

Трето, одличната глума... посебно на Волт, кој иако на моменти изгледа како да глуми пренасилено, јас сум сигурен дека тоа се правите реакции (вербални и невербални) на работите кои му се случуваат во животот.

Е сега малку да ја искритикуваме серијата...

На моменти сценариото делуваше форсирано и премногу нереално, што секако (барем за мене) ја намали вредноста на серијата. Ме потсетуваше на Призон Брејк (каде се нешто се случува- и се се средува како од шега). Според мене серијата требаше да оди повеќе во драма а помалку во акција/изненадување.

Се гледа дека серијата е вештачки одолговлекувана. Ја разбирам потребата да се изнесуваат детали, ама имаше епизоди во кои апсолутно ништо не се случуваше (како на пример епизодата кога останаа во пустината без вода).

Дел од разговорите на Волт со Џеси беа тотално банални и глупави, и прво не доликуваа на професор по хемија... а второ не би требало да се одигруваат ни драматуршки, за ефект!

... неможам во моментов да ги набројам сите пропусти и тривијалности кои ги понуди серијава... но сигурен сум дека голем број од нив се чиста фантазија и силење на шоуто во правец во кој не треба да се насочи!

Воглавном интересна серија, која планирам да продолжам да ја следам. Најинтересно ми е анти-херојот во главна улога, кој се конформира во општеството... и кој гледа дека забранетото овошје е најслаткото нешто на светот. Лик кој многу личи на денешните интелектуални “херои“ и кој го користи системот/човечката слабост за своја лична корист...

Ако сакате оценка... од мене 7/10... барем по 2 сезони :)
 
Не ни треба да доликува на професор по Хемија, бидејќи од моментот кога се фати со Џеси, тој веќе не е тоа. Животот му се промени, скроз. Не се вика за џабе Breaking Bad :)

Не се согласувам со тебе поготово со делот за сценариото, според мене е одлично и многу подобро од сите серии што идат у моментов.

Од мене серијава има чиста 9.
 
Да, да во ред е тоа... промената на карактерот на Волт... но зборувам за некои дијалози кои понегокаш изгледаа малку смешно :toe:

Сценариото воглавном доста ми допаѓа, целата идеа-замисла (интелектуалец станува криминалец) но мислам дека на моменти серијата беше премногу одолговлекувана и често вештачки драматизирана.

Серијата е добра, прилично квалитетна и е подобра од 99% од сериите кои ги има во моментов. Но секако не е без мани :)
 
Ако размислиш подобро сите серии што се направени се одолговлекувани, сите се прават со мал буџет на старт, а потоа ако шоуто е успешно т.е. ако се допадне на публиката се иде на 2/3 сезона. Затоа можеби изгледа така нели, тука играат улога и многу други фактори, незадоволни режисери - сценаристи кои бараат повеќе пари (одкако ќе стане популарна серијата) па самата смена на истите доведува до мали а понекогаш и големи падови на квалитет. Типичен пример за тоа е Лост т.е. моментот кога Џ.Џ. Абрамс излезе од серијата, таа во истиот момент заврши, а беше инзворедна, маестрална.
 
Потполно се сложувам!
 
Кој ќе чека до март за 4 та сезона. Крими драма е ама мора да се признае дека има доста смешни сцени. Сцената кога Волтер држи говор во спортската сала....:pos2:
 
Нене, сцената кога ја бркаат мувата е крај! :pos:

Волт, бидејќи е перфекционист, му се јавува на Џеси и му вика Hey!!! we are contaminated!! come QUICK! :pos:
 
Лелее кога ја бркаа мувата умрев од смеење, имаше и други смешни сцени само не ми текнува во моментов...
Не требаше толку брзо да ги изгледам сега кој ке чека :(
 
Oпопопопо, претпоследнава епизода од 3та сезона!! ОМГ. Екипава од серијава се надмаши себеси.

Уш една остана, впушчајсе.
 
Ја почнав вчера :) Изгледав само 3 епизоди, вечерва се чувам за две. :wink:
рано е за некоја оценка, само мала забелешка за жената му на Волтер. Погрешна улога и дале :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom