Многу ама ептен многу ми е мерак и ме погодува, што повеќето сме сплотени и воодушевени од серијава, вие ми се заблагодарувате што сум ја популаризирал на форумов (мада не сум само јас) а јас ви се заблагодарувам што бевте дел од дружењето и прекрасната дискусија за неа, кога ќе видиш слични емоции кај некого за одредена серија како кај себе, автоматски чуството - ефектот од еуфоријата, адреналинот - емпатијата станува далеку поголем
Ни во еден момент не изгубив надеж за серијава, од 1 сезона знаев дека ќе биде она што го
чекам со години, најсериозно, каков од ефект на гледачoт, така до обработка на карактери - пресверти, тензија, драма.... сигурен бев дека ќе постави нови стандарди.
За серијава се расправав со другари - познаници ја бранев до крајности, на самиот почеток како и генерално во фазата на прикажување.
Се убедувавме, натегавме....не веруваа во моите оцени, ми се смееа, и ми викаа дека претерувам, но со тек на време сватија дека сум во право, сеуште по малце се инатеа, ама постот на Џимеј доволно им објасни
Неможам да опишам како се чуствувам, тажен сум и среќен во исто време!