Breaking Bad

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ј




"Don't cry because it's over, smile because it happened." - Dr Seuss





Geezer Валт го убива Џеси во последна епизода поради тоа што овој претходно му го отру бебенцето на Волт. Шоуто завршува со самоубиството на Хајзенберг.
 
G

Geezer

Гостин
dragonsky

Aко ова е навистина вака, ќе те најдам и ќе те убијам.

* овде стои фамозната слика *

Не, стварно. Педер си.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
dragonsky

Aко ова е навистина вака, ќе те најдам и ќе те убијам.

* овде стои фамозната слика *

Не, стварно. Педер си.
Па убаво ти рекоа дека ти се заеба цела серија веќе чим го знаеш крајот. Јас не знам со кој памет ја отвори темава.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Феноменален крај, феноменална серија, тешко дека во скоро време некоја серија ќе ја надмини. :cuc:

Одлична глума, одлична приказна, нема зборови што може да се опиши оваа феноменална серија. Ќе ми фали дефинитивно, сите се соживеавме со ликовите, со Волт, Џеси .. сигурен сум дека сите се растажија на последната сцена со Џеси и Волт, едноставно немаше потажна сцена во цела серија.

И за крај едно големо :cuc: за сите луѓе што работеа на овој филм, фала им за ова прекрасно ремек дело.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.647
Поени од реакции
31.868
Горе долу го претпоставивме крајот, но и со остварување на претпоставките, пак беше епик.
Јас лично тргнав како скептик додека бев до првата сезона. Малку поспор развој, но им верував тука на филмоманите кои вриштеа како тоа серијата кини и не се ислажав. Ја стуткав летово, за отприлика да им се придружам во заедничкото гледање, некаде околу 7-8-ма епизода од 5-та сезона. Една од ретките серии кои лека полека доживуваат кулминација без пад во дејството. Се појако и појако. Мојот восхит оди пред се за човекот кој го напиша сценариото, па тек потоа се екипата која го засити со перфектна глума.
Заврши како што требаше да заврши, без претерувања, без непотребни додавки и сцени, без пролонгирање на крајот(мислам на уште некоја сезона). Вака некако се работи на квалитет. Имаш што да кажиш, го кажуваш убаво, сочно, додека другите слушаат(во случајов и гледаат) и на крај чао пријатно, тоа беше од мене. Без лигавења, без тупења. Волтер со сигурност ќе биди во понатамошниов наш живот лик кој ќе се памети и пренесува од генерации на генерации. А ние (се надевам повеќето тука) ќе бидеме дедовците кои ќе се фалат на нивните внучиња- Е внучко, во мое време го гледавме чудово од серија. Вака и вака симнувавме без да ни се чека. Одбегнувавме сполјери како Влав што одбегнува циго кој му бара некој денар.

Нека ми излади глава, за година-две или наредно лето, обавезно ќе ја свртам уште еднаш :)
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Во никој случај споредба помеѓу тие две. Мислам дека мнозинството фанови на Breaking Bad се презадоволни од последнава епизода, очекувано, добивме сосема солиден closure. После се, убави чувства, и покрај тагата што завршува серијата.
Последната епизода на Lost донесе, па, гнев воглавно.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Е ај не спомнувајте за LOST во темава, доволно ми беше хејтот што го читав во темата за ЛОСТ. Добро си заврши серијата ама некои имаа преголеми очекувања и очекуваа во една епизода 100 прашања да бидат одговорени.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Среќен сум што серијава заврши во разумно време иако до сега, апсолутно во ниту еден единствен момент, не падна динамичноста и развојот на дејството. Тоа ја прави посебна, тоа допринесува апетитот на публиката да се крене за неколку скалила повисоко. Друго што е добро е тоа што секогаш кога имавме изненадување во серијата, наредните епизоди носеа поголемо изненадување. Ни влегоа во психата како публика и ја разбраа нашата потреба. Секогаш ќе очекуваме подобро. Секогаш ќе мислиме дека до совршенството има уште малку. Не мамеа, не влечеа понапред и понапред. Никогаш не не разочараа. Со ова најверојатно ќе има проблем Game of Thrones, иако моментално серијата е совршена. Публиката ќе очекува повеќе, а шаблонот кој го нудат тие не го дозволува тоа...
Друго нешто што ја прави серијата посебно добра е развојот на ликовите. На страна Волт Џ. сите други ликови доживеаа трансформација и барем во еден момент во овие 5 сезони се пронајдовме некаде во нив. Тоа е она што ми се допаѓаше кај Six feet under, тоа ми се допаѓа и тука.

Сега малку за Волт. Во ниту еден момент до сега не почувствувам толкава тага за Волт. Иако одамна знаевме дека целото негово лудило нема никаква врска со семејството, моментот кога и кажа на Скајлер дека сето тоа го направил за себе и се чувствувал добро.. ме скрши. Волт е невидено трагичен лик. Целиот живот се посветува на семејството, професијата.. живее чесно и по сите правила. Со други зборови, живее за сите, но никако за себе. Нема време за себе, нема ниту желба. Влезен е во машинеријата низ која сите минуваме и ја прифаќа како единствена опција за опстанок во општеството. И во моментот кога дознава дека животот му е краток и мислејќи на големото ништо што го остава зад себе, решава да живее. Но повторно, за да не побегне целосно од машинеријата, го става доброто на своето семејство како џокер карта во одбрана на себеси за се што ќе направи во иднина. И секако, новиот живот му се допаѓа бидејќи конечно е свој и го прави она што го сака. Без разлика колку беше тоа ризично, Волт вели дека е задоволен. И јас би бил задоволен :D

И на крајот, каков беше редоледот на смртта? Не можам тоа да си го разјаснам... Кога умре Волт, а кога Хајзенберг? Последните сцени ме потсетија на Волт, но целиот генијален план за убивање на нацистите е дело на Хајзенберг. Кога го бутна на земја Џеси, повторно беше Волт. Ако Волт умре на крајот, кога умре Хајзенберг? Не верувам дека двајцата умреа во исто време... Или Волт умре порано? Хмм... Ако последново е точно, тогаш имаме целосна трансформација на еден лик. Некој ќе го толкува како себеуништување, но јас мислам дека е себепронаоѓање. И не сакам да му судам.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Крај како што и горе доле се очекуваше. Волт си ја оствари мисијата со која и почна да прави мет, остави пари на своето семејство. Дур го правеше тоа сфати дека - "I liked it. I was good at it" :). Феноменална серија во која имаше моменти за секакви емоции, одлична глума и погодени ликови.Едно големо браво и фала до AMC за оваа серија и да се надеваме дека ќе направат нешто приближно на ова.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Само што го изгледав пилотот, повторно.

Емоции, емоции. Многу ми се спие иначе мислам дека можам цела прва сезона пак да ја изгледам вечер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom