Науката уште од старт е ограничена со тоа што таа работи со симболиките на умот. Дури и она кое со очите го гледаме не е тоа што го гледаме туку одразот на светлината. Умот работи со сликите на предметот на обработка, а не со самите предмети. Претставата во умот колку и да се усовршува никогаш нема да биде комплетна и да ги опфати сите страни и на наједноставниот предмет на обработка. Умот додека мисли на едно, помалку веќе заборава на претходното. Ако не му се врати повремено, ќе го заборави. Пример како се заборавени толку вредни сознанија. Како луѓето заборавиле на така важни работи пример како хиероглифското писмо. Штом човештвото се посвети на одредена работа, пример кога ќе се посвети на работите потребни за преживување во тешките векови, ги заборава претходните цивилизациски сознанија. Сега гледаме стари достигнувања пример пирамидите и сеуште само безуспешно шпекулираме како се изградени и многу тешко би ги изградиле и сега со сите технички помагала. Што значи човекот имал некое знаење кое го знаеле, виделе, поседувале многумина, а сега е заборавено. Тоа уште повеќе ќе се повторува во иднина. Идни генерации ќе користат сложени технички помагала за кои со времето ги изгубиле податоците и нема да знаат како се направени, како да создадат нови.
До целосно сознавање може да дојде само преку духот и трајно инкопорирање на сознанието од искуството во сопствениот дух. Ако ние сме духовни суштества при преносот пренесуваме и примаме и духовни енергии. Од таму и нагласувањето на значењето на молитвата, како духовна комуникација меѓу човекот и Бог иако и при тоа не се исклучени симболиките (пред се зборовите) но тие како и секогаш се само знаци показатели накаде да го водиме духот. Затоа раснењето во духовните богатства е со трајна сатисфакција, научните се нецелосни, привремени и во постојано лутање.
Светот не е едноаспектен, ниту многуаспектен, туку полноаспектен. Резолуцијата на сликата на реалниот свет не е со одредена граница туку светот е со полна резолуција. Од таму, ниеден фотоапарат не може при сликањето да порасне до целосна резолуција. Така треба да се гледа и на умот, тој ќе фати колку што ќе фати и стално ќе бара нови и нови аспекти при тоа лутајќи во заклучоците поради различноста на аспектите на предметот кој го разгледува. Заклучоците секогаш ќе бидат точни, но секогаш ќе доаѓа до погрешност во добиените резултати во реалноста. Секогаш ќе фали проблемот на зафаќање на целата целина. Затоа науката постојано ќе лута, некогаш ќе ги потврдува докажувањата на Христијанското учење, некогаш резултатите ќе одат против и никогаш нема да даде целосно сигурен одговор ниту на тоа, ниту на било кое прашање од реалниот свет. Ќе има точни одговори кои ќе важат само за во светот на симболиките.
Науката не е без значење, но таа оперира во динамичниот формален свет кој не е поневажен од суштинскиот. Погрешно е да се насочуваат науката и Верата една против друга. Меѓутоа најчесто, човекот е субјективен и ги брани своите интереси и се навалува или кон формата науката или кон суштината, а најдобро би било да ги почитува и вреднува двете. Така што умот и духот да се надополнат. Духот ќе даде трајни сознанија и трајно исправни одредувачки правци, умот ќе влече од суштината формални сознанија применливи во конкретниот момент.