БОГ - Промашената хипотеза

  • Креатор на темата Креатор на темата Neemo
  • Време на започнување Време на започнување
Науката уште од старт е ограничена со тоа што таа работи со симболиките на умот. Дури и она кое со очите го гледаме не е тоа што го гледаме туку одразот на светлината. Умот работи со сликите на предметот на обработка, а не со самите предмети. Претставата во умот колку и да се усовршува никогаш нема да биде комплетна и да ги опфати сите страни и на наједноставниот предмет на обработка. Умот додека мисли на едно, помалку веќе заборава на претходното. Ако не му се врати повремено, ќе го заборави. Пример како се заборавени толку вредни сознанија. Како луѓето заборавиле на така важни работи пример како хиероглифското писмо. Штом човештвото се посвети на одредена работа, пример кога ќе се посвети на работите потребни за преживување во тешките векови, ги заборава претходните цивилизациски сознанија. Сега гледаме стари достигнувања пример пирамидите и сеуште само безуспешно шпекулираме како се изградени и многу тешко би ги изградиле и сега со сите технички помагала. Што значи човекот имал некое знаење кое го знаеле, виделе, поседувале многумина, а сега е заборавено. Тоа уште повеќе ќе се повторува во иднина. Идни генерации ќе користат сложени технички помагала за кои со времето ги изгубиле податоците и нема да знаат како се направени, како да создадат нови.
До целосно сознавање може да дојде само преку духот и трајно инкопорирање на сознанието од искуството во сопствениот дух. Ако ние сме духовни суштества при преносот пренесуваме и примаме и духовни енергии. Од таму и нагласувањето на значењето на молитвата, како духовна комуникација меѓу човекот и Бог иако и при тоа не се исклучени симболиките (пред се зборовите) но тие како и секогаш се само знаци показатели накаде да го водиме духот. Затоа раснењето во духовните богатства е со трајна сатисфакција, научните се нецелосни, привремени и во постојано лутање.
Светот не е едноаспектен, ниту многуаспектен, туку полноаспектен. Резолуцијата на сликата на реалниот свет не е со одредена граница туку светот е со полна резолуција. Од таму, ниеден фотоапарат не може при сликањето да порасне до целосна резолуција. Така треба да се гледа и на умот, тој ќе фати колку што ќе фати и стално ќе бара нови и нови аспекти при тоа лутајќи во заклучоците поради различноста на аспектите на предметот кој го разгледува. Заклучоците секогаш ќе бидат точни, но секогаш ќе доаѓа до погрешност во добиените резултати во реалноста. Секогаш ќе фали проблемот на зафаќање на целата целина. Затоа науката постојано ќе лута, некогаш ќе ги потврдува докажувањата на Христијанското учење, некогаш резултатите ќе одат против и никогаш нема да даде целосно сигурен одговор ниту на тоа, ниту на било кое прашање од реалниот свет. Ќе има точни одговори кои ќе важат само за во светот на симболиките.
Науката не е без значење, но таа оперира во динамичниот формален свет кој не е поневажен од суштинскиот. Погрешно е да се насочуваат науката и Верата една против друга. Меѓутоа најчесто, човекот е субјективен и ги брани своите интереси и се навалува или кон формата науката или кон суштината, а најдобро би било да ги почитува и вреднува двете. Така што умот и духот да се надополнат. Духот ќе даде трајни сознанија и трајно исправни одредувачки правци, умот ќе влече од суштината формални сознанија применливи во конкретниот момент.
Само да можевме да го докажеме постоењето на духот, душата можеби и ќе прифатеше нешто. Ама не можеме. На крај ни останува голата вистина а тоа е дека науката ни е единствен извор на информации, реални опипливи, и затоа никој не оздравел со молитва туку со лекови, затоа што тоа што го гледаш пред тебе (без разлика што можеби е само прекршување на светлината) тоа е тоа што навистина може да ти помогне.
 
- Постоењето на духот не се докажува-духот е во секој човек, како дар од Светиот Дух. Никој до сега нема видено дух/душа, но таа постои како интегрален дел од човековото битие.
- Науката навистина е извор на информации, но ништо повеќе од информации. А веќе е јасно дека информацијата е „прозивод„ кој има најкраток рок на траење. А информациите не се „опипливи„. Никој досега не „опипал„ ниту неутрино ниту галаксија.
- Има примери на оздравување со молитва, оти молитвата е „...разговор со Бога...„. Лекот може да го излечи само телото, но медицината нема лек за душата: Лекот за душата е само Господ Бог, кој дојде да ги излекува болните а не „здравите„
 
Кога бог би постоел
тој не би дозволил
да постојат повеќе вери и богови
наспроти него
тој како еден би им ја пружил
вистината на луѓето за нивно дообро
како единствена опција
наспроти сите заблуди
кои не можат поинаку да се ппротолкуваат
освен како заблуда наспроти
сите останати верзиии....

освен како единствена вистина!
Бог ја прикажал очигледната вистина за луѓето да немаат заблуди. Меѓутоа ја сокрил самоочигледноста за малкумината верни да се издвојат од неверните. Бог сака човекот да се обожи, а тоа обожување нема да се случи ако не е по сопствена волја на самиот човек. Неслободниот принуден бог, не е бог. Оној кој сака да стане слободен треба сам да го направи чекорот на изборот, за да биде слободен, а не принуден на слобода.

Само да можевме да го докажеме постоењето на духот, душата можеби и ќе прифатеше нешто. Ама не можеме. На крај ни останува голата вистина а тоа е дека науката ни е единствен извор на информации, реални опипливи, и затоа никој не оздравел со молитва туку со лекови, затоа што тоа што го гледаш пред тебе (без разлика што можеби е само прекршување на светлината) тоа е тоа што навистина може да ти помогне.
Ако немаме дух и душа, тогаш ние не сме ни живи.
Дали себе си се сметаш за обичен биолошки механизам?
Ако сме обични биолошки механизми и никогаш не можеме да станеме богови, тогаш која е смислата, штом кога и да е ќе пропаднеме.
А ако станеме богови, тогаш значи потенцијалот за богови сме го имале уште од почетокот во раздвижениот механизам на нашето постоење. А ако некој раздвижил механизам со завршно обожување, тогаш може ли тој раздвижувачот да не бил Бог.
 
nema sloboden izbor
kakov e toj izbor megu dobro i zlo??
izbor sloboden e daizberes megu dve dobra
no takov nema
zaklucok nema sloboden izbor
nema slobodna volja!
 
nema sloboden izbor
kakov e toj izbor megu dobro i zlo??
izbor sloboden e daizberes megu dve dobra
no takov nema
zaklucok nema sloboden izbor
nema slobodna volja!

ТОА се вика слободен избор, кога има(ш) што да одбереш, а не кога имаш само една можност за неизбежно одбирање.

Дека нема слободна волја, тврдеше и Демокрит, ама....„отиде„ чоекот...
 
Бог не постои со бог се тешат глупавите оние кој имат заврзани очи и оние кој профитираат од тоа :vozbud::vozbud:

- Постоењето на духот не се докажува-духот е во секој човек, како дар од Светиот Дух. Никој до сега нема видено дух/душа, но таа постои како интегрален дел од човековото битие.
- Науката навистина е извор на информации, но ништо повеќе од информации. А веќе е јасно дека информацијата е „прозивод„ кој има најкраток рок на траење. А информациите не се „опипливи„. Никој досега не „опипал„ ниту неутрино ниту галаксија.
- Има примери на оздравување со молитва, оти молитвата е „...разговор со Бога...„. Лекот може да го излечи само телото, но медицината нема лек за душата: Лекот за душата е само Господ Бог, кој дојде да ги излекува болните а не „здравите„
Абе во 13 век некој од туберколоза се молел молел и умрел. Оти немало вакцина за тоа. Тоа што сакаш да го докажеш дека молитвата лекува абе тогаш умирале од чуми цели градови и села зш не се молеле???
или немале вакцина за обични болести туберколоза бруцелоза грип ......
 
Извадете милион различни претпоставки и философски теории за постоењето на Бог (кој и да е, каков и да е), сите тие ќе имаат недостатоци. Зошто? Затоа што е глупава приказна за мали деца, многу слична на Дедо Мраз на Кока Кола.
 
nema sloboden izbor
kakov e toj izbor megu dobro i zlo??
izbor sloboden e daizberes megu dve dobra
no takov nema
zaklucok nema sloboden izbor
nema slobodna volja!
Е да трета опција измеѓу ниту добро, ниту зло не постои. Колку и да е неутрална одредена постапка барем малку влече и во продолжение води или кон добро или кон зло. Таа би била веројатно нирваната на Буда. Но зошто ни се други опции освен опцијата за доброто и злото. Ако е нешто добро, добро е за се, насекаде. Другото е зло.
 
Бог не постои со бог се тешат глупавите оние кој имат заврзани очи и оние кој профитираат од тоа :vozbud::vozbud:

Абе во 13 век некој од туберколоза се молел молел и умрел. Оти немало вакцина за тоа. Тоа што сакаш да го докажеш дека молитвата лекува абе тогаш умирале од чуми цели градови и села зш не се молеле???
или немале вакцина за обични болести туберколоза бруцелоза грип ......

Кон болтуваното:
- Точно, со Бога се тешат оние кои себеси се сметаат за огревовени, а на кои Христос им го испрати Утешителот, Духот на вистината...
- кажи ми го името и презимето од тој „некој„, кој во 13-от век се моле, се момел, се молел, се молел...и умрел.
- ааааа, до вакцината било, а?
- Во средниот век, од чума умирале цели градови поради својата глупост! Истребувањето на мачките довело до експанзија на чумата, која ја пренесуваат глувците, па така, се јавува повратната спрега, „фид-бек„ во облик од неконторилирана епидемија од чума.
- А бе тие и да имале вакцина, и да се молеле, пак би испоцркале, доколу се молеле „..по својот ум...„.Денес имаш купишта вакцини, денес луѓето се вакцинираат и се молат, ама пак умираат. И? Каде е грешката?
 
Miki не ми се прави штрав...
денеска има милиони вакцини и лекови кој му помагаат на човекот, но исто така има и многу повеке болести од колку во 15 век...
сакам да ми кажеш дали ти сметаш дека ако некој кој е болен од болест(било какава)ако се помоли и го прими божјиот дух ке оздрави без лекови
и дали некој кој се моли цел свој живот и силно верува во бога може да зарази од смртна болест????
 
- не се правам „штраф„
- да, има многу повеќе болести отколку во 15-от век, и како што човековиот род тоне во зло, се повеќе болести допрва ќе има, а медицината ќе не убедува дека само што не открила „најнова„ вакцина...
- Божјиот Дух не се прима, туку живеејќи побожен живот, верникот може да ги стекне даровите од Светиот Дух (7 дарови).
- некој кој се моли цел живот, и верува во Бога, може да се зарази од смртна болест. На пример, скоро упокоениот светогорски монах, Пајсиј, боледувал од рак на бубрезите со неподносливи болки, но за тоа не „мрчел„ на Бога, туку со трпнение ги поднесувал болките. Сега, веруваме, дека со тоа трпение, стекна свое место кај Христа Бога.
 
- не се правам „штраф„
- да, има многу повеќе болести отколку во 15-от век, и како што човековиот род тоне во зло, се повеќе болести допрва ќе има, а медицината ќе не убедува дека само што не открила „најнова„ вакцина....
Бројот на болести е истиот ако не и помал.....само методите на дијагностика се напреднати така да ако порано била со име една болест сега се разграничени на десетина и повеќе различни болести....лечењето на многу од нив денес е пичкин дим а некои и се искоренети...:toe:

МИКИ1 ти и твоите одите да ги примите тие гаволските направии...вакцините?:vozbud:
 
„Набадаш„ без врска, како и обично:

- борјот од болести е зголемен, а некои за кои се верува дека се искоренети, пак се јавуваат.
- да, јас и моите не сме „сајентолози„ и одиме на редовни вакцинации.
 
Ако немаме дух и душа, тогаш ние не сме ни живи.
Дали себе си се сметаш за обичен биолошки механизам?
Ако сме обични биолошки механизми и никогаш не можеме да станеме богови, тогаш која е смислата, штом кога и да е ќе пропаднеме.
А ако станеме богови, тогаш значи потенцијалот за богови сме го имале уште од почетокот во раздвижениот механизам на нашето постоење. А ако некој раздвижил механизам со завршно обожување, тогаш може ли тој раздвижувачот да не бил Бог.

Ако немаш мозок не си жив. А џабе ти е и да го имаш ако не го користиш.
 
Ако немаш мозок не си жив. А џабе ти е и да го имаш ако не го користиш.

Гледаш сега згреши,многу лесно може дате побие верников :) доволное само да ти каже, дека амебата како едноклеточно животно нема мозок а сепак е жива!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom