Следните три се примери на повеќеатрибутни негации:
Совршен Створител не може да постои
1. Ако Бог постои, тогаш е совршен.
Да Бог е целосен, универзален, сеопфатен, совршен иако зборовите не ја опфаќаат целата „материја“ Бог.
2. Ако Бог постои, тогаш е створителот на вселената.
Не само што е створител, туку и одржувач но Тој не се сведува само на неа.
3. Ако суштество е совршено, тогаш с# што ќе создаде мора да е совршено.
Оваа форма на постоење не е целосна, односно ние луѓето сме преместени настрана во нецелосна изместена форма на постоење која во својата реализација не го изразува целосно Изворот - Бог. Во есенцијата го носи Бог, но при реализацијата кон површината има изместување.
4. Но вселената не е совршена.
Погоре е дадена и причината зошто не е совршена.
5. Затоа, совршено суштество не може да е створителот на вселената.
Ако Вселената беше совршена тогаш Бог во Библијата ќе лажеше, бидејќи самиот Тој вели дека човекот е преместен во несовршен свет. А ако се согласувате дека овој свет не е совршен, зошто тогаш толку го сакате погрешниот свет и со тоа докажувате дека без погрешноста „би требало“ да има совршен. Истото кое ви ги вели Библијата.
6. Оттука, невозможно е да постои Бог.
Значи се најдовте да ја признаете несовршеноста на светот, која ви е објаснета, а тврдите дека треба да биде совршен, како што е посочено во Библијата, тогаш зошто да не биде исправен Бог кој уште претходно двете ви ги кажал.
Трансцендентно суштество не може да е сеприсутно
1. Ако Бог постои, тогаш е трансцендентен (т.е. надвор од просторот и времето)
Е фала, Богу, ама не знам зошто авторот ова досега не го земаше како ставка во своите горни размислувања.
2. Ако Бог постои, тогаш е сеприсутен.
Да тој е сеприсутен, но може да ги ограничи своите енергии. Односно Тој ќе биде присутен но може во одреден простор, време, субјект да ги ускрати енергиите на благодатта од Него.
3. За да биде трансцендентно, суштество не може да постои никаде во просторот.
Тоа трансцендентното го прави истовремено. Односно и постои и непостои, а кога ќе ги споиш ќе добиеш вистинско постоење АПСОЛУТНО. Ако размислуваш за трансцендентноста излези од еднонасочноста.
4. За да биде сеприсутно, суштество мора да постои насекаде во просторот.
При трансцендентноста, бидејќи се работи за Бог, тоа присуство не е само одредливо туку е и неодредливо. Ако тргнеш само по патеката на одредувањето како што си тргнал, може така да излезе, но ќе треба да имаш на ум дека Бог го опфаќа не само светот кој се реализирал, туку и нереализираниот. Потсети се на квантовата теорија за потенцијалното постоење на честиците кои се таму каде што „ќе ги видиме“, а во вистинска смисла само потенцијално постојат. Во Бог е споен не само светот туку и несветот. Ние кои се идентификуваме од страна на одредувањето, ние имаме чудно, релативно постоење. Тој како битие кое ги поврзува двете страни одредливата и неодредливата, има АПСОЛУТНО постоење.
5. Затоа е невозможно трансцендентно суштество да биде сеприсутно.
Прочитај квантова теорија и ќе видиш дека самата наука ти тврди дека е можно и дека самиот свет во изворите е трансцедентен.
6. Затоа, Бог не може да постои.
Ако трансцендентниот Бог не постоеше, немаше да постои овој свет каде ништо не може да се дефинира. Ајде фати ми го сегашниот момент. Можеш да го фатиш???
Лично суштество не може да е нефизичко
1. Ако Бог постои, тогаш е нефизичко суштество.
Бог е и физичко и нефизичко суштество. Значи ако погоре спомна трансцендентност тогаш ќе требаше да знаеш дека кога одиш по патеката на Бог треба за тврдења да ги земеш оние кои се од науките за Бог кои не го дефинираат како ова или она едно туку како се одеднаш и ниту едно од нив истовремено. Овде со тврдењето дека е нефизичко суштество земаш своја дефиниција која не е од теолошките или хенолошките науки.
2. Ако Бог постои, тогаш е личност (или лично суштество).
Да, Бог е личност.
3. Личност (или лично суштество) мора да е физичко.
Стартната позиција од 1. беше неточна така што заклучокот станува беспредметен.
4. Оттука, невозможно е Бог да постои.
Ако ние себе си се сметаме за личности. Ако постоењето треба да има некоја смисла. Личноста е поим поврзан со смислата. Ако оформувањето на светот оди во одреден правец, тогаш тој би требало да има целисходност. Ако има целисходност тогаш има смисла, КОЈ ТОГАШ ЈА ОСМИСЛИЛ СМИСЛАТА И ЦЕЛИСХОДНОСТА на светот. А ако нема целисходност и смисла тогаш зошто да постоиме. Тогаш зошто да бараме смисла и закон во било што. Да испотепаме се и себе си да се испотепаме, да уништиме се. Не е ли тоа нихилизам! Таков е исходот на безбожноста, личноста ја губи смислата, ја губи личносноста и запаѓа во нихилизмот.
На крај, еве пример на едноатрибутна негација:
Парадоксот на семоќта
1. Или Бог може да создаде камен кој не може да го крене, или не може да создаде камен кој не може да го крене.
Прво физичките закони се беспредметни за Бог. Второ Бог може да создаде камен кој не може да го крене и откако ќе го создаде пак да го крене. Ние имаме еднонасочен ум, Бог ја опфаќа целата материја и двете страни одеднаш.
2. Ако Бог може да создаде камен кој не може да го крене, тогаш не е семоќен.
Бидејќи размислуваме просторно не можеме да сфатиме дека само Тој постои и ништо не постои надвор од Него. Целото постоење е внатре во Него. Затоа нештата (каменот) не се одвојуваат од Него, единствено во своето постоење дел од човековата свесност ја ограничил да гледа од вистинскиот комплетен аспект, но не ограничувајќи ја очигледноста. Затоа ни не постои каменот, ниту било што на начин како што постои за нас. Од негов Божји аспект сето време е во еден миг и еден миг трае вечно. За него се што се случило се случува сега и се што ќе се случи е веќе случено.
3. Ако Бог не може да создаде камен кој не може да го крене, тогаш не е семоќен.
Бриши ги физичките закони кога се зборува за Бог. Тој може да создаде камен кој не може да го крене и кога ќе го создаде пак да го крене.
4. Затоа, Бог не е семоќен.
Секој атрибут за Бог е погрешен, па и зборот семоќен е погрешен. Божјата материја не се доловува. Бидејќи дури и во зборот моќен се крие физички атрибут како и во секој наш израз. Бог се доловува само од Негова страна, а не и од наша. Тој од негова страна може преку своите енергии иманентно да му се претстави на човек на начин кој е комплетен за разлика од нецелосното доживувавање преку симболиките на умот.
Теологот може да праша: како можеме ние обичните смртници да ја знаеме вистинската природа на Бог кој се наоѓа надвор од нашата моќ на спознавање? Одговорот е дека не мораме да знаеме – исто како што физичарите не мораат да ја знаат крајната стварност зад кварковите. Физичарите се задоволни што имаат модел, кој сега ги опфаќа кварковите, и кој прекрасно се сложува со податоците. Моделот на кварковите има емпириски темел. Тој го претставува најдоброто што ние луѓето досега сме успеале да направиме во опишувањето на каква и да е објективна стварност која се наоѓа зад нуклеарните и субнуклеарните испитувања. Дали кварковите се стварност или не, не го менува тоа. Тоа дали било кој од предметите на научните модели е стварен или не, не го менува фактот дека тие модели се многу корисни.
Зарем чудната „реалност“ на кварковите и најситните честици не укажува според своите трансцедентни елементи на постоењето на трансцедентноста на Изворот од каде извираат.
Зарем верувањето во Бог не е корисно? Зарем целосното исполнување со сигурното осознавање за Апсолутноста (радоста, вистината, светоста, смислата...) не е најкорисното нешто за човекот комплетно, кој инаку се губи и умира во мртвилото на релативноста.