БОГ - Промашената хипотеза

  • Креатор на темата Креатор на темата Neemo
  • Време на започнување Време на започнување
ne e promasena tema:helou::helou::helou::helou:metodite se logicni i konzistentni
jas poveke ja svakam religijata kako eden vid na etika-ako ne i osnova na nea
NO NE KAKO FAKT DEKA POSTOI BOG-toa ne e dokazano a SVESTA ne uci da ne veruvame vo toa sto ne e dokazano:smir:

Верата е духовна а не рационална категорија, и сама по себе означува живеење на повисоко ниво од свеста, за разлика до секојдневното , баналнато и досадното, да не речам, животинското живеење.

Етиката е веќе вградена во религијата. Божјата волја, изразена во Неговите Заповеди, е врв на етичноста и нема ништо над неа.

Дека Бог постои, докажано е уште пред твоето раѓање.

Свеста ја има идејата за Бога уште од човековото раѓање. Тоа го има докажано и покажано не некој богослов, туку еден од најпознатите атеисти од 20-от век, многу фалениот психоаналитичар Фројд.
 
Прво Фројд бил атеист и често ги напаѓал овие религиозни погледи.

Етиката не е вградена во религијата и е сосема поинаков концепт на предавање и функционирање.

Дека бог постои не е докажано никогаш, да било денес немало да има толку многу атеисти. За да биде нешто докажано треба да се има доказ.
 
- И самиот напишав дека Фројд бил атеист, но и покрај својот атеизам, во своите испистувања на пациентите, дошол до спротивниот заклучок-дека идејата за Бога им е вродена на луѓето.
- Етиката и тоа како е вградена во религијата (мислам на религијата која ја исповедам). Повисока етика од Заповедите-здравје!
- Дека Бог постои, тоа ги сведочи родот човечки уште од Адам и Ева па наваму. Дали некој Го прифаќа Бога или не, тоа е личен избор а не доказ за Божјото непостоење.
- Тоа што има многи атеисти, значи дека има многу кои Бога не го прифаќаат , што не значи и тоа дека Бог не постои, само затоа што постојат атеисти.
- Докази за Божјото постење има колку сакаш. Но, секогаш важи она проверената „... Кој има очи, нека види..„. Оти, кога слеп води слепци, заедно ќе паднат во јама. А во јамата, владее не само физичкиот, туку и духовниот мрак.
 
Тоа дека дошол фројд до таков заклучок е нешто што прв пат слушам, и ако е вистина би можел да ни обезбедиш некој линк или место каде би можеле да ја провериме информацијата.
Адам и Ева не постоеле така да тоа не ти важи како аргумент.
Тоа што има се повеќе атеисти значи дека се повеќе луѓе ја гледаат разликата од науката и религијата, од докажаната вистина и од недокажанатото слепо верување.
ако има толку многу докази можеби би можел да кажеш кои се тие, каде може да се видат, кој може да ги види.
 
-Да, Фројд навистина дошол до таков заклучок. И не само тоа: типов, „лечејќи„ ги своите пациенти, практично ги претворал во растенија-им ја разбивал душата на луѓето. Но, тоа секако дека нема да го најдеш во ниту една световна литература, оти во неа Фројд е издигнат до небесата. Ќе ја побарам книгата во мојата библиотека и ќе го препишам насловот. Автортите од нејзината содржина се повеќе современи богослови и христијански публицисти, кои работите ги гледаат со поинаква ментална оптика.
- Адам и Ева постеле, т.е требало да постат, слушајќи за Божјата забрана за нејадење од забранетото. Постот не е само просто нејадење одредена храна, туку комлетно (духовно, душевно и телесно) самокотролирање во однесувањето и живеењето.
- Верското верување не е слепо: тоа е засновано на лични, непосредни искуства. А научното верување е слепо, оти ретко кој има лабораториски искуства.
- Велиш, „...каде може да се видат?...„ Немам коментар....Досега би требало да ги видиш.
 
-Да, Фројд навистина дошол до таков заклучок. И не само тоа: типов, „лечејќи„ ги своите пациенти, практично ги претворал во растенија-им ја разбивал душата на луѓето. Но, тоа секако дека нема да го најдеш во ниту една световна литература, оти во неа Фројд е издигнат до небесата. Ќе ја побарам книгата во мојата библиотека и ќе го препишам насловот. Автортите од нејзината содржина се повеќе современи богослови и христијански публицисти, кои работите ги гледаат со поинаква ментална оптика.
Фројд сите негови тези ги има објавено во свои книги и детално опишано. Не гледам причина зошто некој друг човек особено кој не е во негова струка би требало да ги толкува неговите зборови. Малку е апсурдно. Фројд никогаш не извадил таков заклучок и сите мислења не преставуваат ништо друго од лага и борба за побивање на неговите аргументи.

- Верското верување не е слепо: тоа е засновано на лични, непосредни искуства. А научното верување е слепо, оти ретко кој има лабораториски искуства.
- Велиш, „...каде може да се видат?...„ Немам коментар....Досега би требало да ги видиш.
Експериментите денес можеш да ги видиш во илјадници видео записи. има такво нешто како youtube. Како и многу други посериозни сајтови. А голем дел од нив можеш и сам да ги извршиш и да се увериш во резултатите треба да имаш само желба.
Ништо од ова не важи за религијата.
И пак ќе кажам посочи некој пример на што е тоа што треба да го видам за да знам што да барам или треба само да видам нешто, а што е ни ти сам не знаеш.
 
Извадоци од: The Failed Hypothesis - How Science Shows that God Does Not Exist - Victor J. Stenger

Вистина, не можеме да го порекнеме постоењето на Бог кој, како бисерот во примерот на Попер, е некаде надвор од кутијата, да речеме, во друга галаксија. Но Бог наводно треба да е насекаде, па со тоа и во секоја кутија. Затоа кога го бараме Бог во една кутија, без разлика колку мала, треба или да го најдеме, со што ќе го потврдиме неговото постоење, или да не го најдеме, со што ќе го порекнеме неговото постоење.

Не може да постои битие кое е сe-добро

1. Бог е (по дефиниција) битие од кое не може да се замисли поголемо битие.
Поголемо и помало не постојат како фактори во вистинска смисла. За Бог не постојат физичките закони. Физичките споредбени фактори постојат од аспект на внатрешноста во мигот но не и од аспект на бескрајноста што е важечка за Бог.

2. Величината (не големината) подразбира величина на доблеста.
Голем е Бог е изрека присутна во Христијанството иако е поприсутна во исламот (Алах Акбар) е само човекова изрека кажан без строга теолошка проверка. Теолошки Голем е Бог или било која физичко својство се погрешни да се поврзуваат со Бог. Од таму никој не ја ни поврзува доблеста со големината. Големината не постои.

3. Затоа, Бог е битие од кое ниедно битие не може да биде подоблесно.
Малку е глупаво да се каже ЗОШТО Бог е подоблесен од секое друго битие, затоа што не постои битие без негова поддршка. Само битијата на кои им дарува самостојност може да изберат да не се реализираат во правецот кој доаѓа од Него изворот. Но може во извесна смисла да се каже бидејќи е сеопфатен, одразот на неговата природа како Извор е универзална за сите битија.

4. Но доблеста подразбира надминување на болката и опасноста.
Споената материја на универзалноста именувана како доблесност тешко може да се раздвои поради универзалноста. Таа може да се разгледува како целина. И не знам што ова докажува.

5. За битие (суштество) може да се каже дека е навистина доблесно само ако може да трпи болка или да биде уништено.
Доблесно би требало да биде она кое пренесува универзални вредности и со тоа би требало да биде од суштински аспект погледнато неуништиво.
6. Бог кој може да страда од болка или да биде уништен не е тој од кого не може да се замисли повозвишено битие.
Бог не страда, ниту пак може да биде уништен. Во Богочовекот Христос страдала човечката природа на Богочовекот.
7. Бидејќи можеме да замислиме повозвишено битие, кое не страда и е неуништиво.
Епа штом може да се замисли тогаш натаму треба да се бара Бог, а она погоре беше погрешна претстава.
8. Затоа, Бог не постои.
Погоре само се покажа дека може да се пбара повизвишено битие, без споменатите мани, зошто тогаш да не постои.

Обожување и морал
1. Ако некое суштество е Бог, мора да заслужува да биде предмет на обожување.
Точно, но без мора, бидејќи самиот Бог може да ја отстрани моралноста.
2. Ниедно суштество не може никако да заслужува да биде предмет на обожување, бидејќи обожувањето бара да се напушти улогата на независен морален чинител.
Бог токму тоа го сторил, ја отстранил самоочигледноста, но ја оставил очигледноста. Така што никој не може да се оправда поради очигледноста за Неговото постоење, но и останал независен морален чинител со тоа што ја остранил САМОочигледноста.
3. Затоа, не може да постои суштество кое е Бог.
За Бог се е можно. Не е можно за едностаниот човеков ум, но не и за Бог. Дури и злото има друго својство од аспект на Бог.

Веќе накратко го изложивме проблемот на злото, и ќе кажеме уште многу за тоа. За сега, да го назначиме само формалното тврдење :

Проблемот на злото

1. Ако Бог постои, тогаш неговите атрибути се во согласност со постоењето на злото.
Злото е само отворена врата за извитоперување на она кое излегува од Него. Но при излезот од отворената врата на извитоперувањето злото веднаш исчезнува и не постигнува свое реално постоење. Тоа постојано извитоперува, но не добива свое реално постоење.
2. Атрибутите на Бог не се согласни со постоењето на злото.
Не треба злото да се сфати како црно бела Јинг Јанг варијанта. Постои само Бело бидејќи постои само Бог, но наместо по редоследната процедура, отворена е врата за скратена патека до целта. Скратената патека доведува некои формални елементи до целта, меѓутоа бидејќи не се на целта донесени сите елементи целта не е полноправно освоена. Постои лага дека целта е постигната иако не е. Изборот за брза, скратена, непроцедурална патека ги нарушува природните токови и прави зло на останатите субјекти. На некој начин злото станува со тоа што на непостоечкото на илузијата и се дава вредност како на реалност. Но тоа илузијата не ја прави реална и постоечка, таа останува илузија, а злото произлегува од нејзиното вреднување.
3. Затоа, Бог не постои и не може да постои.
Треба да се отфрли гледањето на паралено постоење на добро и зло. На таков начин изгледа дека тие меѓусебе си даваат право на постоење и истовремено се негираат. Постои само доброто, злото е само процес на извитоперување кој не доведува до стабилно формирање на зло. Во моментот кога прекине процесто на извитоперување, злото го снемува.
 
Следните три се примери на повеќеатрибутни негации:

Совршен Створител не може да постои

1. Ако Бог постои, тогаш е совршен.
Да Бог е целосен, универзален, сеопфатен, совршен иако зборовите не ја опфаќаат целата „материја“ Бог.
2. Ако Бог постои, тогаш е створителот на вселената.
Не само што е створител, туку и одржувач но Тој не се сведува само на неа.
3. Ако суштество е совршено, тогаш с# што ќе создаде мора да е совршено.
Оваа форма на постоење не е целосна, односно ние луѓето сме преместени настрана во нецелосна изместена форма на постоење која во својата реализација не го изразува целосно Изворот - Бог. Во есенцијата го носи Бог, но при реализацијата кон површината има изместување.
4. Но вселената не е совршена.
Погоре е дадена и причината зошто не е совршена.
5. Затоа, совршено суштество не може да е створителот на вселената.
Ако Вселената беше совршена тогаш Бог во Библијата ќе лажеше, бидејќи самиот Тој вели дека човекот е преместен во несовршен свет. А ако се согласувате дека овој свет не е совршен, зошто тогаш толку го сакате погрешниот свет и со тоа докажувате дека без погрешноста „би требало“ да има совршен. Истото кое ви ги вели Библијата.
6. Оттука, невозможно е да постои Бог.
Значи се најдовте да ја признаете несовршеноста на светот, која ви е објаснета, а тврдите дека треба да биде совршен, како што е посочено во Библијата, тогаш зошто да не биде исправен Бог кој уште претходно двете ви ги кажал.

Трансцендентно суштество не може да е сеприсутно

1. Ако Бог постои, тогаш е трансцендентен (т.е. надвор од просторот и времето)
Е фала, Богу, ама не знам зошто авторот ова досега не го земаше како ставка во своите горни размислувања.
2. Ако Бог постои, тогаш е сеприсутен.
Да тој е сеприсутен, но може да ги ограничи своите енергии. Односно Тој ќе биде присутен но може во одреден простор, време, субјект да ги ускрати енергиите на благодатта од Него.
3. За да биде трансцендентно, суштество не може да постои никаде во просторот.
Тоа трансцендентното го прави истовремено. Односно и постои и непостои, а кога ќе ги споиш ќе добиеш вистинско постоење АПСОЛУТНО. Ако размислуваш за трансцендентноста излези од еднонасочноста.
4. За да биде сеприсутно, суштество мора да постои насекаде во просторот.
При трансцендентноста, бидејќи се работи за Бог, тоа присуство не е само одредливо туку е и неодредливо. Ако тргнеш само по патеката на одредувањето како што си тргнал, може така да излезе, но ќе треба да имаш на ум дека Бог го опфаќа не само светот кој се реализирал, туку и нереализираниот. Потсети се на квантовата теорија за потенцијалното постоење на честиците кои се таму каде што „ќе ги видиме“, а во вистинска смисла само потенцијално постојат. Во Бог е споен не само светот туку и несветот. Ние кои се идентификуваме од страна на одредувањето, ние имаме чудно, релативно постоење. Тој како битие кое ги поврзува двете страни одредливата и неодредливата, има АПСОЛУТНО постоење.
5. Затоа е невозможно трансцендентно суштество да биде сеприсутно.
Прочитај квантова теорија и ќе видиш дека самата наука ти тврди дека е можно и дека самиот свет во изворите е трансцедентен.
6. Затоа, Бог не може да постои.
Ако трансцендентниот Бог не постоеше, немаше да постои овој свет каде ништо не може да се дефинира. Ајде фати ми го сегашниот момент. Можеш да го фатиш???

Лично суштество не може да е нефизичко

1. Ако Бог постои, тогаш е нефизичко суштество.
Бог е и физичко и нефизичко суштество. Значи ако погоре спомна трансцендентност тогаш ќе требаше да знаеш дека кога одиш по патеката на Бог треба за тврдења да ги земеш оние кои се од науките за Бог кои не го дефинираат како ова или она едно туку како се одеднаш и ниту едно од нив истовремено. Овде со тврдењето дека е нефизичко суштество земаш своја дефиниција која не е од теолошките или хенолошките науки.
2. Ако Бог постои, тогаш е личност (или лично суштество).
Да, Бог е личност.
3. Личност (или лично суштество) мора да е физичко.
Стартната позиција од 1. беше неточна така што заклучокот станува беспредметен.
4. Оттука, невозможно е Бог да постои.
Ако ние себе си се сметаме за личности. Ако постоењето треба да има некоја смисла. Личноста е поим поврзан со смислата. Ако оформувањето на светот оди во одреден правец, тогаш тој би требало да има целисходност. Ако има целисходност тогаш има смисла, КОЈ ТОГАШ ЈА ОСМИСЛИЛ СМИСЛАТА И ЦЕЛИСХОДНОСТА на светот. А ако нема целисходност и смисла тогаш зошто да постоиме. Тогаш зошто да бараме смисла и закон во било што. Да испотепаме се и себе си да се испотепаме, да уништиме се. Не е ли тоа нихилизам! Таков е исходот на безбожноста, личноста ја губи смислата, ја губи личносноста и запаѓа во нихилизмот.

На крај, еве пример на едноатрибутна негација:

Парадоксот на семоќта

1. Или Бог може да создаде камен кој не може да го крене, или не може да создаде камен кој не може да го крене.
Прво физичките закони се беспредметни за Бог. Второ Бог може да создаде камен кој не може да го крене и откако ќе го создаде пак да го крене. Ние имаме еднонасочен ум, Бог ја опфаќа целата материја и двете страни одеднаш.
2. Ако Бог може да создаде камен кој не може да го крене, тогаш не е семоќен.
Бидејќи размислуваме просторно не можеме да сфатиме дека само Тој постои и ништо не постои надвор од Него. Целото постоење е внатре во Него. Затоа нештата (каменот) не се одвојуваат од Него, единствено во своето постоење дел од човековата свесност ја ограничил да гледа од вистинскиот комплетен аспект, но не ограничувајќи ја очигледноста. Затоа ни не постои каменот, ниту било што на начин како што постои за нас. Од негов Божји аспект сето време е во еден миг и еден миг трае вечно. За него се што се случило се случува сега и се што ќе се случи е веќе случено.
3. Ако Бог не може да создаде камен кој не може да го крене, тогаш не е семоќен.
Бриши ги физичките закони кога се зборува за Бог. Тој може да создаде камен кој не може да го крене и кога ќе го создаде пак да го крене.
4. Затоа, Бог не е семоќен.
Секој атрибут за Бог е погрешен, па и зборот семоќен е погрешен. Божјата материја не се доловува. Бидејќи дури и во зборот моќен се крие физички атрибут како и во секој наш израз. Бог се доловува само од Негова страна, а не и од наша. Тој од негова страна може преку своите енергии иманентно да му се претстави на човек на начин кој е комплетен за разлика од нецелосното доживувавање преку симболиките на умот.

Теологот може да праша: како можеме ние обичните смртници да ја знаеме вистинската природа на Бог кој се наоѓа надвор од нашата моќ на спознавање? Одговорот е дека не мораме да знаеме – исто како што физичарите не мораат да ја знаат крајната стварност зад кварковите. Физичарите се задоволни што имаат модел, кој сега ги опфаќа кварковите, и кој прекрасно се сложува со податоците. Моделот на кварковите има емпириски темел. Тој го претставува најдоброто што ние луѓето досега сме успеале да направиме во опишувањето на каква и да е објективна стварност која се наоѓа зад нуклеарните и субнуклеарните испитувања. Дали кварковите се стварност или не, не го менува тоа. Тоа дали било кој од предметите на научните модели е стварен или не, не го менува фактот дека тие модели се многу корисни.
Зарем чудната „реалност“ на кварковите и најситните честици не укажува според своите трансцедентни елементи на постоењето на трансцедентноста на Изворот од каде извираат.
Зарем верувањето во Бог не е корисно? Зарем целосното исполнување со сигурното осознавање за Апсолутноста (радоста, вистината, светоста, смислата...) не е најкорисното нешто за човекот комплетно, кој инаку се губи и умира во мртвилото на релативноста.
 
‘‘Господи зошто не не создаде рамни на тебе?‘‘ Нели цел муабет води кон тоа, вие патите од гревот под кој подпадна целото човештво сакате да бидите рамни на него за да ги сватите работите што тој ги прави. Сакате да бидите Богови тоа е проблемот со вас. Бог нас не создал како таква креација доволно да го сватиме неговото постоење до одредена граница но сме ограничени во осознавањето на неговите планови и творења . Вие сакате да се натпреварувате со бога, простете но само сте луге кои не умеат да објаснат од каде доага една најобична мисла а не пак од каде доаѓа постоењето и творењето на Бог.
Вака и јас не верувам во бога...велиш сакаме да бидеме богови да знаеме се така.. а зошто да незнаме се си се запрашала?????еве ти одговор; за да манипулираат сонас да не крадат и да зивеат од нас цркви ватикан војни се потекнува од тие вери тоа веруванје го врака човечвото назад ..знаеш ли дека научниците во рок најкасно 10 год(период за да се заврсат мисиите)се во голема можност да откријат живи организми на марс или на околните сателити на големиве планети?(докажано од првата мисија на марс постоенје МИНЕРАЛИ).. па сто правиме тогас со ке измислат тогаш верниците изговор??? како со викаат за диносаурзите кој се стари 150 000 000 години; ТИЕ БИЛЕ СТАВЕНИ ОД БОГА ЗА НАШЕ ИСКУШЕНИЕ.... слободно кажи дека сум сатанист итн....:tv:
 
Војните произлегуваат од човековата природа. Во текот на атеистичкиот 20 век беа најкрвавите војни во човековата историја.

Најдувањето на живи организми на Марс или околни сателити не менува ништо во поглед на верата. Би сменило постоење на свесна интелегенција. А ако ни за 30 години не биде најдено ништо свесно каков што е човкекот, дали тогаш ќе размислиш за учењата на верата или пак ќе се лажеш со исчекувањата на „откритијата“ од наредните 10 години.
 
smart ass и sardaukar дискутирајте околу темата..мислењата ви ги збиршав поради офтопик...аватарите не се тема на овој подфорум
 
Иако темава, заради нејзината детинственост, не заслужува некакво посебно внимание, сепак одлучив накратко да ги демантирам аргументите кои се наведуваат како некакви "докази" за непостоењето на Бог.
Подоле ги цитирав погрешните каузи од пасусите кои беа пондени како некакви "логички" импликации за Божјото непостоење.

5. За битие (суштество) може да се каже дека е навистина доблесно само ако може да трпи болка или да биде уништено.

Ова е погрешно. Зошто мора нешто да биде уништливо за да биде доблесно?

2. Ниедно суштество не може никако да заслужува да биде предмет на обожување, бидејќи обожувањето бара да се напушти улогата на независен морален чинител.

Не е точно. Обожавањето го бара токму спротивното. За да обожаваме Некого т.е. Бог, Тој МОРА да биде морален чинител. Во спротивно, нема поента самото обожавање.

1. Ако Бог постои, тогаш неговите атрибути се во согласност со постоењето на злото.
2. Атрибутите на Бог не се согласни со постоењето на злото.

Првата реченица нема логична смисла, а втората е погрешна затоа што еден од атрибутите на Бог е и Создател на личности со слободна воља. Слободната воља не би била слободна доколку ни бе можела да избере нешто што е погрешно т.е. зло.

4. Но вселената не е совршена.
5. Затоа, совршено суштество не може да е створителот на вселената.

Бог создаде совршена вселена (И виде Бог и рече дека е добро), но во неа создаде и суштества со слободна воља кои упропастија еден минимален дел од таа вселена - кој набрзо ќе биде опраен од совршениот Создател.

3. За да биде трансцендентно, суштество не може да постои никаде во просторот.

Погрешно разбирање на поимот трансцедентен.

3. Личност (или лично суштество) мора да е физичко.

Шипки варени :)

3. Ако Бог не може да создаде камен кој не може да го крене, тогаш не е семоќен.

Бог не може да создава контрадикторни созданија. Бог не може да создава ни четиристрани триаголници. Бог не може да лаже, не може да умре, не може да измами, не може да биде неправеден, неверен итн. Но токму овие "неможности" го прават Бог семоќен, непристрасен, неуништлив итн. Токму овие работи Го прават Бог да биде Бог.
 
Човекот влијаејќи преку изборот на својата личност го менува во текот на животот и својот изглед инаку Бог створил пристојни делови на телото и створил пристојно водење на љубов, а човекот од тоа си прави гротескни форми за насладување со изживување со величественоста на сопствената личност.
 
Светов е несовршен поради злобата и несовршеноста на луѓето
но зошто бог им дал таква природа
или ако имаме слободна волја
зошто го одбираме лошото а не доброто
значи слободната волја не прави да бидеме лоши
брти-сучи не може бог како совршено апсолутно битие да се помири
со несовршеноста на луѓето и злото на светов!
 
Луѓето згрешиле и попримиле лоша природа. Грешавањето морало да се случи. Бог го знаел и предвидел. Сум го барал одговорот зошто со своите Божји сили не го предухитрил:
Адам и Ева кога вкусиле од плодот на познавањето на доброто и злото не рекле дека плодот не чинел туку „плодот бил добар“. Што значи понесувањето на злото, знаењето за нешто што е противно на Бог, сознанието за злото е неопходен услов за да се биде бог какви што Бог сакал да бидат луѓето. Меѓутоа во еонското усовршување на Адам и Ева секако ќе дошло до пад во гревот, пред да станат удостоени со пристап до плодот на знаењето затоа што недостатокот на сознанието за злото бил причината на нивното несовршенство и некомплетна обоженост кој ги водел кон гревот.
Бог го знаел тоа но за да не биде неправеден односно спротивен на својата природа „не смеел“ да интервенира поради почитувањето на божественоста на Адам и Ева, бидејќи тогаш Адам и Ева би можеле да речат дека и без Негова помош тие ќе се удостоеле за „плодот на знаењето“. Дури иако Бог знае дали би рекле или не. Бог би бил во ситуација да биде неправеден спротивно на Неговата природа. Бидејќи им вдахнал од божественоста, со можност да згрешат тие биле носители на одговорност и за да остави на целосната слобода како потенцијални богови, Бог избрал тоа да се случи. И откако нема да го послушаат неговиот совет се случило она кое Бог им го навестил после нивното побарување на помош да ги издигне во богови обожени преку Него. Со тоа Бог останува праведен и преку се во завршницата, есхатонот низ барањата на изгубеното, низ злото и борбата со него само се зголемува освестеноста за бескрајната големина на Славата и Величественоста на Добриот Бог кој не го створил злото но ја отворил вратата луѓето да имаат патеки настрана од универзалната, Неговата.

Од таму несовршеноста и злото на светов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom