Не знам што ти правеле „познатите“, ти кажувам од искуство, имам направено во последните 4 години преку 100 нарачки од iherb и не сум имал проблеми, никогаш не одбирам DHL затоа што се копилиња, на другар мој за нарачка од алиекспрес му наплатија повеќе лежарина и шипинг од што кошташе продуктот и тоа пола од тие беа „скриени трошоци“, т.е таму ти дава дека за шипинг преку DHL ќе те кошта 30 долари и достава за 7 дена, а не пишуваат дека ако стигне вечерта и не го подигнеш следниот ден автоматски имаш два денови лежарина и бла бла уште еден куп царински трошоци.
Прави ги нарачките како што ти кажав во рамките од 40-50 долари и нема да имаш проблеми и секогаш бирај Delivery by Local Post, плус на секоја нарачка добиваш Loyalty credit со кој имаш во следната нарачка попуст колку што е висината на тој кредит (обично 2-4 долари).[DOUBLEPOST=1515084453][/DOUBLEPOST]
Прегледај го приврзокот 183043
Јас 2 години на рафт го гледам и кај и да е, сигурно ќе престанам да го увезувам
Од мене мислење да си ја потсредите страната, едно време имавте и супер форум на херкулес каде што навистина имаше можност и да се прочита нешто добро.
Направете попрегледна страна со поделени суплементи по категории, па и по некој збор за секој суплемент за што се користи, состав и нема да стојат на рафт со години работите, голем дел од почетниците не знаат ни што се ако ги видат само на слика.
Јас лично во Македонија на страните имав прелистано од продавниците кога ми требаше цитрулин малат, не најдов и си зедов од интернет, не секој има време да доаѓа во продавница за да праша
