Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
За Хрватска не знам ама Полео во Словенија да видиш какви попусти, акции има цело време...

Кај нас сакаат брза пара, особено овие од Полео.мк, што само името им е Полео, а цените им се најскапи во свет.

МајПротеин изолат од 5 кг :
- Полео МК = 7900 денари редовна цена
- Полео СЛО= 6150 ден.
 
За Хрватска не знам ама Полео во Словенија да видиш какви попусти, акции има цело време...
Хрватска им се цените слични на овие тука, во Загреб имам влезено во дуќанот во стариот дел на градот под катедралата, немаше никаков попуст, али кога споредиш дека во Загреб платите се двојно повисоки од платите тука и таму се цените поповолни од тие во Скопје.
Овие тука мислам дека двата дуќани ги имаат различни луѓе, го носат само брендот полео, а во позадина се Македонци.
Сепак цените тука се смешни во однос на оние од официјална страна, имав пишано и претходно, кој имате можност да порачувате во Бугарија или Словенија земајте си од официјална, немаат царини, даноци, а цената за шипинг е смешна.
https://www.myprotein.com/customer-services/international-delivery.list

Надвор да купиш суплементи е нормална работа за нивниот стандард, тука кај нас штедиш небаре кола ќе купуваш :)
 
Дечки Citrulline malate (чист) некој по продавници да не виде? @Кеплер ти имаше спомнувано за него некаде, од каде си нарачувал од iherb?
https://www.myprotein.com/sports-nutrition/citrulline-malate/10529326.html

Најискрено да ти кажам, цитрулин е топ работа, исто и цитрусните биофлавониди, рутин, кверцетин, диосмин и слично - сите осетно ја подобруваат циркулацијата. Сум ги користел сите суплементи сем цитрулин што се користат за буст на nitric oxide, и ќе ти кажам дека верувал или не, обичен микс од цвекло, спанаќ, ѓумбир, рузмарин, како и витамин ц - е се што ти треба, суплементите имаат споредлив па дури и послаб ефект од комбинацијата која ти ја наброив, пробано на 30-на пати до сега, чини ништо, и има далеку подобар ефект overall од суплементите, делува смешно ама пробај па кажи после, не зголемува само циркулација, него и капацитет на кислород, и многу други работи, епски е ефектот.
 
од Iherb преку ДХЛ стигаат пратки? Царина?
Штимај ја пратката околу 45 долари, ќе ти ја пратат преку обичната пошта, стига различно, најбрзо ми има стигнато за 16 денови, а најбавно над 2 месеци. Фри шипинг имаат во моментов за пратки над 40 долари, а до 50 долари немаш царина и данок.
Може да ти побараат за царински трошоци (160-170денари).
 
ок фала за инфо)

Ке идам скоро у Бугарија, некој предлог за добра(проверена и со повеке видови на суплементи) продавница у Софија?
 
Царина многу ретко се плаќа ако си под 50$. Шипингот НЕ Е вметнат во цената испринтана на кутијата.
 
ок фала за инфо)

Ке идам скоро у Бугарија, некој предлог за добра(проверена и со повеке видови на суплементи) продавница у Софија?
Од Софија не сум земал одамна од продавници, од тука последно зеде другар мој.
 
знам од некој познати земале од iherb нешто им удриле ем лежарина ем царина (па плус уште требало сами да најдат!!! некој царински прирачник за тоа што го нарачале оти царинци неможеле да им ја наплатат царината етц етц)
 
IMG_8747.JPG
Дечки Citrulline malate (чист) некој по продавници да не виде? @Кеплер ти имаше спомнувано за него некаде, од каде си нарачувал од iherb?
https://www.myprotein.com/sports-nutrition/citrulline-malate/10529326.html
Јас 2 години на рафт го гледам и кај и да е, сигурно ќе престанам да го увезувам :)
 
Не знам што ти правеле „познатите“, ти кажувам од искуство, имам направено во последните 4 години преку 100 нарачки од iherb и не сум имал проблеми, никогаш не одбирам DHL затоа што се копилиња, на другар мој за нарачка од алиекспрес му наплатија повеќе лежарина и шипинг од што кошташе продуктот и тоа пола од тие беа „скриени трошоци“, т.е таму ти дава дека за шипинг преку DHL ќе те кошта 30 долари и достава за 7 дена, а не пишуваат дека ако стигне вечерта и не го подигнеш следниот ден автоматски имаш два денови лежарина и бла бла уште еден куп царински трошоци.
Прави ги нарачките како што ти кажав во рамките од 40-50 долари и нема да имаш проблеми и секогаш бирај Delivery by Local Post, плус на секоја нарачка добиваш Loyalty credit со кој имаш во следната нарачка попуст колку што е висината на тој кредит (обично 2-4 долари).[DOUBLEPOST=1515084453][/DOUBLEPOST]
Прегледај го приврзокот 183043
Јас 2 години на рафт го гледам и кај и да е, сигурно ќе престанам да го увезувам :)
Од мене мислење да си ја потсредите страната, едно време имавте и супер форум на херкулес каде што навистина имаше можност и да се прочита нешто добро.
Направете попрегледна страна со поделени суплементи по категории, па и по некој збор за секој суплемент за што се користи, состав и нема да стојат на рафт со години работите, голем дел од почетниците не знаат ни што се ако ги видат само на слика.
Јас лично во Македонија на страните имав прелистано од продавниците кога ми требаше цитрулин малат, не најдов и си зедов од интернет, не секој има време да доаѓа во продавница за да праша ;)
 
Прегледај го приврзокот 183043
Јас 2 години на рафт го гледам и кај и да е, сигурно ќе престанам да го увезувам :)

Фала ке поминам после праздници), ваљда рокот не му е поминат уште :D

Иначе во право е Кеплер, ви треба редизајн на сајтот, тежко нешто се наога

Еве сеа отварам вебсајт да најдам кај се наога продавницата ... неможам да најдам адреса/локација... :(
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom