За време на тренинг секако пиеш зошто крвните садови се шират и организмот бара вода за да го пополни васкуларното корито така да не се замарај, убаво е што пиеш. Хидратацијата за време на тренинг е многу битна, пробај еден ден отиди без да пиеш ни голтка ќе видиш дека перформансите во понатамошните сетови ќе ти паднат за 10-тина посто. Инаку тоа полнење со ЈХ има логика само кога одиш во екстремно ниско ниво на масти под 8%, вака можеш и со класична диета да чистиш сало а да задржуваш мусулатура и перформанси во теретана според мене.
--- надополнето: 14 април 2013 во 01:46 ---
Aуу експерт сум на ова поле сега ќе ти eлаборирам со еден километарски пост

Се шалам, ама со листовите и јас мака мачам да ги развијам а и општо мислам дека од естетска гледана точка кога си во шорцеви нема ништо подобро од складно развиени листови со горен дел на дело. Во тек на балкот што го правев сега на зима додадов 2,5цм на листовите што мислам дека не е малце посебно за таква инатлива група така да би ти ја препорачак мојата програма. Прво што мислам дека направи разлика кај мене е дека ги вежбав 2 пати неделно за разлика од останетите делови.
Избери една од овие 2 вежба повеќе ти одговара, седечка или стоечка справа за листови. Батали ги вежбите со држање еднорачни во една рака и дигање на прсти зошто не ги оптеретуваат доволно листовите според мене. Второ заборави дека е битно да правиш милиони повторувања, најбитно е да го истегнеш листот што пониско кога одиш надолу, а кога контрахираш да го стегнеш целосно во најгорна положба и задржи горе за краток момент. Кога ги правиш вежбите за листови прави ги со искосени прсти навнатре или нанадвор. Ваков начин на вежбање ќе го "развлече" листот во ширина што според мене изгледа многу поубаво отколку напумпан лист без ширина. Е сега за вежбањето. Загреј ги прво со помала килажа, а потоа пробај вака да ги вежбаш. Избираш килажа со која можеш да направиш 15 ПРАВИЛНИ повторувања ама правиш само 10 ПРАВИЛНИ иако можеш 15, потоа правиш пауза од 30 секунди меѓу која ги тресеш или масираш листовите па повторно правиш 10 правилни, пак пауза 30 секунди па пак 10 и тн додека не направиш 4 серии. Тоа е еден мега сет. Направи 2 вакви мега сета со прстите нанадвор, а потоа уште 2 мега сета со прстите навнатре.
Она на што би сакал да ти обрнам внимание е дека ако користиш справа на која стоечки ги вежбаш листовите може да ги преоптеретиш мускулите на карлицата (мислам на мали мускули околу карличниот зглоб) особено бидејќи ќе вежбаш 2 пати неделно, така да ако забелжиш следниот ден дека те боли нешто околу зглобовите во колкот смени ја вежбата со друга веднаш. Исто така бидејќи ќе користиш големи килажи не ги џапај репетициите, т.е. не дигај ексползивно зошто јас така се зафркнав и истегнав лигамент на листот уште го оправувам пред да пробам пак да се вратам да ги вежбам. Тоа е тоа се надевам ти помогна