Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
sajSiGa Друже, читам дека ги гледаш ситуациите од медицински аспект, па сакам да те прашам да не случајно можеш стручно да ме советуваш дали е паметно да пијам протеин и покрај тоа што имам висок крвен притисок, и пијам терапија за истиот (лосартан 50мг)
 
Сериозен сум зашто истото и мене ме подучија кога го земав.

Прво нешто што земав беше гејнер Мутант Масс,бев 74 кила на 180цм висина.Гејнерот ме качи на 78 со таа шема(јајце во него),голтав едвај ама успеав :D
 
Тој што назадува во сооднос на долен и горен дел. Скали обавезно, партнер уште еден со вас и со него на учка трчај скали, скокај по една со една нога, со две, па по две скали итн итн.
На Водно сега башка се разубавува времето, нагоре не клај клај туку трчанката и чучневи, чучневи и чучневи баталете изолаторски вежби.
Чучњеви се имам изнаправено и ќе правам до крај на животот, али не сака, тоа е :) Скокам и јаже, планинарам(ако Водно може да се смета како планина) трчам на прсти, трчам по скали, вежбам со тегови calves rise и што уште не. Џабе, генетика ме јебала :)
 
Гледам погоре дека си пишал дека имаш проблеми со притисокот, внимавај со вежбањето што правиш, што земаш и колку интензивни тренинзи. Јас немам никаков проблем со притисок и пак кога вежбам нозе ми се покачува особено на чучањ
 
sajSiGa Друже, читам дека ги гледаш ситуациите од медицински аспект, па сакам да те прашам да не случајно можеш стручно да ме советуваш дали е паметно да пијам протеин и покрај тоа што имам висок крвен притисок, и пијам терапија за истиот (лосартан 50мг)

Баш напротив, протеинот го регулира и стабилизира крвниот притисок исто како и шеќерот во крвта, единствено избегнувај веј концентрат ако не толерираш лактоза и премини на изолат.
 
Баш напротив, протеинот го регулира и стабилизира крвниот притисок исто како и шеќерот во крвта, единствено избегнувај веј концентрат ако не толерираш лактоза и премини на изолат.
Јас не знам како да ја дефинирам мојата ситуација, можеби и тој што докторите ми кажаа дека е висок и ми дадоа терапија за истиот, јас го осеќам како сосем нормален, а изгледа и дека е нормален за мене. Мене кога ќе ми падне на 120-70 јас сум готов, спијам во истиот момент. Али јбг, мораш да им веруваш доктори се :) Фала на совет
 
Народе, влегов на темава и се изгубив од паника, не знаев шо да пишам и шо да прашам прво :ROFLMAO: седам пишувам по другиве теми и никако да се досетам да прокоментирам за нешо вакво, значи вака сеа, имам доста работи и за кажување и за прашување :D пополека само ;)

Имав 85 кг на 178 висина, и за нова година неможев да си ја облечам кошулата шо си сакав да ја носам, ќе ми испукаа копчињата, си велам, дури ја фрлам гардеробава ќе го фрлам фишокот на маса и така направив, се активирав на гугл, јутјуб и незнам какви не други ствари, дојдов до ова http://www.youtube.com/watch?v=vkKCVCZe474, ова го правев секој втор ден со неколку дополнителни серии со други вешби и континуирано со вежби за загревање и истегнување по едно 5мин пред да ги правам овие вежби, исто така го сменив начинот на исхрана...

Наутро- овесни снегулки со некое овежје ако ми се наоѓа по дома.
За ручек - интегрален леб (на почетокот по 5 парчиња а сеа намалив на 3.. јбг:D) понекогаш пилешко и рибешко :D сирење, многу салати (марулка, зелка и сл) грашок, поранија, многу ретко ориз и јајца, лук и кромид кога ќе решев да се изолирам некој ден :ROFLMAO: после вешби обавезно чаша нискокалорично чоколадно млеко и нормално имаше денови кога за ручек нема да бидам во можност и ова да го имам па се случуваше да поминам само со неколку парчиња леб со зимница нешо..незнам, ајвар или лутица.

Активностите во денот ми беа такви шо седев до касно навечер, се будев од 11 до 13 часот па морав да го прескокнувам правилниот доручек и да ги скратувам оброците понекогаш, фактички поминував со 2 оброци на ден, доручек во 12 и ручек или како сакате во 17-18 часот ( никогаш не вечерав после 19)
е сеа ова не беше стално, некогаш знаев и правилно да си ги земам работите уште од сабајле и за вечера комбинирав нешто од ова само без леб и не во големи количини (овесни снегулки, марулка, зелка и сл)

Моментално имам 72 кг :icon_lol: а ова го правам како што кажав од нова година до сае, значи одприлика 3 до 4 месеци, горните мускули почнаа убаво да ми се познаваат, добро сеа не како да CR7 ама пак, се забелешуваат и се оформуваат, сеа треба и да стопам уште еден сантиметар во долниот дел на стомакот и то е то, е сеа нешто друго..

Имам атлетско тело, стомачните ги средив, рацете и рамената ми се одлично обликувани, е сеа во градите сум како штица, буквално штица, а правам и склекови 4 серии по 10, знам дека не е многу ама не сакам да се оптеретувам, а резултати не верувам дека можам да постигнам и ме нервира многу :) исто така и во грбот сум таков, во овој случај, планирам да земам некоја хемија, незнам..... креатин или нешто слично .. незнам.. :cautious:
значи зборувам само за градните мускули, за друготе не ми треба пошо имам градба и добро ми се разбиени другите мускули ваљда генетски :)

Е сеа барам помош и совети..
 
Прво нешто што земав беше гејнер Мутант Масс,бев 74 кила на 180цм висина.Гејнерот ме качи на 78 со таа шема(јајце во него),голтав едвај ама успеав :D
Сигурно со вкус на чоколадо си земал, м? Ванила рулз дефинитивно. Некад ми се случуваше и по две јајца да бутнам внатре, нит се осеќаше ни ништо.
 
дечки обично пред вежбање имам време и јадам повеќе оброци ,ама утре треба да станам рано сабајле да се најадам да извежбам туш и одма да искочам некој предлог некое јадење кое нема да е тешко и брзо се вари позз
 
Има некој мешано гејнер + 5г креатин + декстроза во еден ист шејк, за после тренинг?
 
Сигурно со вкус на чоколадо си земал, м? Ванила рулз дефинитивно. Некад ми се случуваше и по две јајца да бутнам внатре, нит се осеќаше ни ништо.
Пред или после тренинг ги пиевте шејковите? Или една доза (125гр. гејнер) пред тренинг, другата после?
--- надополнето: 16 април 2013 во 13:26 ---
Има некој мешано гејнер + 5г креатин + декстроза во еден ист шејк, за после тренинг?
Протеин имам мешано (а и така треба да се пие), а гејнер не сум сигурен дали е добро со декстроза да го комбинираш.
 
Протеин имам мешано (а и така треба да се пие), а гејнер не сум сигурен дали е добро со декстроза да го комбинираш.

Ја мислам дека гејнерот има доволно шеќери за да го дигне инсулинот (пошто нели на креатинот му треба тоа за подобар ефект).. Али па други викаат дека декстрозава не се пие пред тренинг. Тогаш кога да ја пијам и со што? -.-
 
Најдобро е декстрозата да ја пиеш веднаш после тренинг во комбинација со whey и креатин. А гејнерот можеш да го пишеш пред тренинг, но не непосредно пред тренинг, туку помеѓу два оброци (доручек - ручек). Со тоа ќе обезбедиш дополнителна енергија/калории за време на тренинг.
 
Пред или после тренинг ги пиевте шејковите? Или една доза (125гр. гејнер) пред тренинг, другата после?
После тренинг најчесто, пред тренинг ако пиеш барем 2 саати најмалце. А знаев и како замена за последен оброк или пак како прв оброк, некад и меѓу оброци мешав.
Варирав цело време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom