П
Пепси_
Гостин
Јас кај колковите сум многу тесен и надолу нозете
исто и раците ми се прачки и ептен време ќе ми треба да ги средам да доојдат во нормала со телото и голема килажа треба да ставам 


Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ама затоа изгледа по мускулесто изгледа кога ќе се изгради тело на потесни зглобови и карлица, чиста визуена мамка. Инаку стави се на bulk ако мислиш така и јас имам како твоја конституција.Јас кај колковите сум многу тесен и надолу нозетеисто и раците ми се прачки и ептен време ќе ми треба да ги средам да доојдат во нормала со телото и голема килажа треба да ставам
![]()
Епа јас сум 189, и горниот дел од телото секогаш многу лесно го развивам, посебно градите, рамењата и рацете, али нозете, тињаИма многу фактори, јас тренирав кошарка али пак низок останав, а ги имав вежбано многу (сметај 1.74 сум висок) друго е мојата висина и големина на лист да направам на оваа висина друго може да му расти на некој од 1.90. Инаку има улога и генетиката не дека не, сум видел батки горе ѕверови но листовите слабо.
Фала на исцрпниот одговор, стварно не знам зашто тек сеа видов дека си ме цитирал, случајно шетајки низ темава. Ќе го пробам и овој систем, нема што да изгубамЗа време на тренинг секако пиеш зошто крвните садови се шират и организмот бара вода за да го пополни васкуларното корито така да не се замарај, убаво е што пиеш. Хидратацијата за време на тренинг е многу битна, пробај еден ден отиди без да пиеш ни голтка ќе видиш дека перформансите во понатамошните сетови ќе ти паднат за 10-тина посто. Инаку тоа полнење со ЈХ има логика само кога одиш во екстремно ниско ниво на масти под 8%, вака можеш и со класична диета да чистиш сало а да задржуваш мусулатура и перформанси во теретана според мене.
--- надополнето: 14 април 2013 во 01:46 ---
Aуу експерт сум на ова поле сега ќе ти eлаборирам со еден километарски постСе шалам, ама со листовите и јас мака мачам да ги развијам а и општо мислам дека од естетска гледана точка кога си во шорцеви нема ништо подобро од складно развиени листови со горен дел на дело. Во тек на балкот што го правев сега на зима додадов 2,5цм на листовите што мислам дека не е малце посебно за таква инатлива група така да би ти ја препорачак мојата програма. Прво што мислам дека направи разлика кај мене е дека ги вежбав 2 пати неделно за разлика од останетите делови.
Избери една од овие 2 вежба повеќе ти одговара, седечка или стоечка справа за листови. Батали ги вежбите со држање еднорачни во една рака и дигање на прсти зошто не ги оптеретуваат доволно листовите според мене. Второ заборави дека е битно да правиш милиони повторувања, најбитно е да го истегнеш листот што пониско кога одиш надолу, а кога контрахираш да го стегнеш целосно во најгорна положба и задржи горе за краток момент. Кога ги правиш вежбите за листови прави ги со искосени прсти навнатре или нанадвор. Ваков начин на вежбање ќе го "развлече" листот во ширина што според мене изгледа многу поубаво отколку напумпан лист без ширина. Е сега за вежбањето. Загреј ги прво со помала килажа, а потоа пробај вака да ги вежбаш. Избираш килажа со која можеш да направиш 15 ПРАВИЛНИ повторувања ама правиш само 10 ПРАВИЛНИ иако можеш 15, потоа правиш пауза од 30 секунди меѓу која ги тресеш или масираш листовите па повторно правиш 10 правилни, пак пауза 30 секунди па пак 10 и тн додека не направиш 4 серии. Тоа е еден мега сет. Направи 2 вакви мега сета со прстите нанадвор, а потоа уште 2 мега сета со прстите навнатре.
Она на што би сакал да ти обрнам внимание е дека ако користиш справа на која стоечки ги вежбаш листовите може да ги преоптеретиш мускулите на карлицата (мислам на мали мускули околу карличниот зглоб) особено бидејќи ќе вежбаш 2 пати неделно, така да ако забелжиш следниот ден дека те боли нешто околу зглобовите во колкот смени ја вежбата со друга веднаш. Исто така бидејќи ќе користиш големи килажи не ги џапај репетициите, т.е. не дигај ексползивно зошто јас така се зафркнав и истегнав лигамент на листот уште го оправувам пред да пробам пак да се вратам да ги вежбам. Тоа е тоа се надевам ти помогна
Дечки, сакам да почнам да одам 2 пати дневно теретана, само како е подобро да правам т.е. дали наутро да правам тежински или кардио тренинг ? И колку часови да оставам за одмор измеѓу тренинзите во денот ?
Таму од каде го купи не ти кажаа како да го користиш?Купив денес гејнер, Mutant mass, во упатствово ако добро го разбрав треба да пијам по два шејка дневно, кои се состојат од 4 такви мерки(црпалки) во 480-960 ml вода или млеко.
Ова некако многу ми изгледа, а и не ми е јасно што значи од 480 до 960. Има некој што го користи, како го пие?
Не ми објасни убаво, ништо не ја сфатив а и она не знаеше баш што збори.Таму од каде го купи не ти кажаа како да го користиш?
480мл вода за 2 дозерки, 960 за 4 дозерки ама на крај пак ќе зависи дали сакаш погусто да ти биде или поретко па ќе додаваш/намалуваш течност.
Можеш и еден шејк на два пати да го поделиш, види пробај и така и вака па сам одлучи како ќе го конзумираш.
Не ми објасни убаво, ништо не ја сфатив а и она не знаеше баш што збори.
А, според што зависи дали треба да пијам шејкови со 2 дозерки или со 4? Односно која е разликата?
Од тоа колку калории внесуваш дневно и колку сакаш да придодадеш за да качуваш на килажа, најверојатно и затоа го зема гејнерот или не?Не ми објасни убаво, ништо не ја сфатив а и она не знаеше баш што збори.
А, според што зависи дали треба да пијам шејкови со 2 дозерки или со 4? Односно која е разликата?
Паметно, паметно..... кој те подучи?Јас го пиев 2 пати дневно со по две дозерки,измеѓу оброци.Ако можеш да го поднесеш можеш и едно јајце да фукнеш во него.
Според дневните потреби за енергија и целите што ги имаш.Не ми објасни убаво, ништо не ја сфатив а и она не знаеше баш што збори.
А, според што зависи дали треба да пијам шејкови со 2 дозерки или со 4? Односно која е разликата?
Од тоа колку калории внесуваш дневно и колку сакаш да придодадеш за да качуваш на килажа, најверојатно и затоа го зема гејнерот или не?
Паметно, паметно..... кој те подучи?![]()
Сериозен сум зашто истото и мене ме подучија кога го земав.Незнам дали си сериозен или ова е сарказам,ама ме подучи човек на кој што сите му верувате и го почитувате неговото знаење во бодибилдингот.