Ме интересира едно нешто значи вака момци коа бев 14 години бев во Швејцарија кај моите на одмор, таму од пуста досада немав што да правам по цели денови, едноствано досадата ме убиваше, се додека не ги видов теговите на баткоми. Бев мн слабичок а јадев како еден вол и ништо не се фаќаше, бев рамен како даска. Ме фати пусти мерак за да бидам билдер и така и почнав али ненормално во денот вежбав 2 пати по 80 минути што за почетник е многу али тоа касно го сфатив не дигав мн голема тежина наеднаш, него битно ми беше да направам што можам повеке, па така почнав од 2кг 4кг и така се повеке и повеке качував, едно ме интересира значи додека вежбав таму за неполни 3 месеци качив едни добри 14кг, и на тоа останав после 4 год, што значи до ден денес имам качено само 10 кг, висок сум 182cm а тежок 64/65kg коа си дојдов у мк престанав да вежбам бидејки едноставно некако ми беше глупаво одошто бев слаб и во теретаната ме заебаваа дека намерно се дувам не ти знам што и едноставно оставив изгубив воља али еве пред едно 20 дена пак почнав значи после 4 години, ме наговори еден другар, е сеа се во ред али ми вели да земам протеини за да накачам маса, ме интересира дали предложениов протиеин "Serious Mass" бил мн квалитетен и за брзо време се качувало маса а и онака си имам ја апетит, или има нешто што е подобро?

али сакам 100% протеин, значи правилно вежбам се, и се ми е до некој степен истакнато (гради, стомачни, рамења, грб) али за еден пусти бицепс и 200 кг да ставам неможам да го раширам не дека сакам да изглеам како чудовиште него сакам малце да ми е поширок, она што ме интересира е дали да почнам експлозивно да го вежбам или да останам на нормала?
И сакам ако може некој да ми предложи дали да почнам да зимам протеини или не?
-А и да напоменам понекогаш пијам и Алкохол али во ограничена количина а и пушам цигари, али цигарите не ми се проблем да ги намалам еве да речам по 1-2 да палам на ден, понекогаш можам и воопшто да не запалам дали миксот од протеини и цигари лошо ке влијае, ке има некој несакани ефекти?
И се извинувам некако постов ми излезе како 1 животен циклус али морав да се изнапрашам се
