Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Sovet mi treba ne sum koristel Whey do sega nisto ne sum koristel do sega od suplementi kako da go pijam pred trening ili posle trening
Вејот ти е брзо абсорбирачки протеин и достигнува висока концентрација брзо по земањето.После тренинг и на сабајле после будење. За пред спиење и пред тренинг Касеин завршува подобра работа.
 
I uste nesto kolku grama da zemam
 
Не, но од креатин да :D
Мене млекото ми ги предизвикува акните ,а WHEY протеините се производ од млеко.Дали некој знае кај нас дали може да се најдат протеини што не се добиваат од млеко .Прочитав на еден странски сајт дека имало и од говедско месо .
 
http://forum.kajgana.com/threads/Бо...ори-заблуди-совети.9441/page-469#post-4708683

пченица
http://www.napumpajse.com/shop/proteini/protein-isolate.aspx

ова мислам дека е од говедско месо ама прашај ги плус нешто пишува нема на залиха
http://www.gladijatori.com/dymatize-elite-primal_p1360.html

Има и од јајца ама тие изгледа ги нема кај нас
http://www.muscleandstrength.com/store/elite-egg-protein.html

Каква му е искористеноста и резултати, не знам
 
протеинот од пченица на ултимејт дефинитивно најлошата работа што сум ја пробал.
 
Creatine monohidrate (Allmax nutrition) или N.O Explode ?

Најефтиниот ! ;) Немаш некоја разлика,креатин си е креатин,20 години го има,нема што топла вода да измислуваат и да те лажат.Земи еден сега,наредниот пат друг,чисто ради тоа да видиш како ти реагира стомакот,пошто јас сум имал проблеми со некои,но кај секого разилично е тоа.
 
Епа вака дечки.
Вежбам веке 2 месеци во теретана симнав салце што ми сметаше и ојачав многу појше од предтоа што се оптеретував дома со склекови и такви домашни вежби.Добро напредувам,задоволен сум од тоа што го правам и ке продолжам да го правам.Почнав да се хранам многу здраво и јадам доволно за човек што е рекреативец во билдингот.
Но во последно време многу потешко симнувам сало па сакам да ви пишам што и како внесувам и да ми кажете што треба да додадам да одземам.
10:00 - 500мл млеко и овесни снегулки...понекогаш место тоа 4-5-6 јајца зависи колку сум гладен(една или две жолчки од јајцата)
12:00 - 1 бар
14:00- уште еден бар
16:30 -ручек стек 300-400 грама со ориз или варен компир или па печено пиленце исто толку у грамажа мевце
18:00-тренинг во кое е вклучено и 20 минутно кардио
20:00 - една чаша млеко од 200мл со две лажички мед внатре
22.00 некој зрнест производ или пак 1 бар
Одам 4-5 пати во неделата во теретана во кое редовно имам вклучено кардио.
Целта ми е да го снема салото од стомакот и спојлерите:)
И пишете ми после ова дали ми треба некој додаток во исхраната протеин или нешто слично и колку би требало да двојам месечно финансии за да ги набавам тие протеини,креатини,глутамини или што и да кажете.

Фала однапред.
 
Очигледно си го достигнал еквиибриумот на телото, колку внесуваш толку трошиш. Е сега, ако сакаш понатаму да топиш маснотии имаш 2 избора, намали го калорискиот внес во телото за некои 20%, или пак прави повеќе кардио. Секако најдобро е да ги намалиш јаглехидратите во оброците, и наместо тоа вклучи повеќе зеленчук. Консумирај вода, зелен чај, немасно наместо 3,2 млеко.

Околу кардиото, слободно зголеми го, наместо 20 прави 30 минутни сесии. Исто така можеш да правиш кардио и наутро, на гладно доколку си во можност. Во теретана после тренингот со тежини.

Можеш да купиш и некој Веј, и да го пиеш како замена за еден од оброците каде употребуваш протеински барови, наутро и веднаш после тренинг.

Секако, резултатите се` повеќе ќе се успоруваат, но на добар пат си, не се откажувај. Се` ќе си дојде со време, биди упорен и трпелив - резултатите се неизбежни.

Поздрав и со среќа!
 
Vezbaj mnogu stomacni pravi barem nad 500 ili 600 stomacni inace ishranava ti e dobra
Стомачни правам на секој втор тренинг обично 4х25 на коса клупа.и 3х20 легнат доле на земја а нозете кренати на столче.
Очигледно си го достигнал еквиибриумот на телото, колку внесуваш толку трошиш. Е сега, ако сакаш понатаму да топиш маснотии имаш 2 избора, намали го калорискиот внес во телото за некои 20%, или пак прави повеќе кардио. Секако најдобро е да ги намалиш јаглехидратите во оброците, и наместо тоа вклучи повеќе зеленчук. Консумирај вода, зелен чај, немасно наместо 3,2 млеко.

Околу кардиото, слободно зголеми го, наместо 20 прави 30 минутни сесии. Исто така можеш да правиш кардио и наутро, на гладно доколку си во можност. Во теретана после тренингот со тежини.

Можеш да купиш и некој Веј, и да го пиеш како замена за еден од оброците каде употребуваш протеински барови, наутро и веднаш после тренинг.

Секако, резултатите се` повеќе ќе се успоруваат, но на добар пат си, не се откажувај. Се` ќе си дојде со време, биди упорен и трпелив - резултатите се неизбежни.

Поздрав и со среќа!
Фала друже па за едно 2 месеци ке ви ставам слики каков сум бил пред да почнам да вежбам и после 4 месеци режим на исхрана и користење на тегови+кардио

Ако има уште некој нека одговори да видам друг што мисли.
 
Да прашам, за правење мртво кревање, имам чуено дека има повеќе начини, некој го прават по 3-4 серии од 12-6 повторувања, некој го прават во 7-8 серии по 3-4 повторувања. Знам дека горе доле се сумира бројот на кревања, ама како е подобро?
 
како повеке лично ти одговара..ако правиш повеќе повторување логички е да ставиш повеќе тежина...а за 7-8 серии со по 3-4 повторување би требало да бидат со 80-90% од максимумот....така да пак е премногу..освен ако не го правиш мртвото и уште 2вежби макс..како и да е пробај види како ти одоговара али ипак мислам многу се 7-8 серии..лично го правам секој тренинг за грб и правам 4 серии(некогаш правам и повеке серии кога осекам дека имам повеке сила и сакам да се пробам) го правам со 15-15-8-6 повторување а додатините серии претежно ми се со макс килажа и се од 1-4 повторување најмногу
 
Сакам да симнам килажа околу нозете/бутовите.Во теретана одам речиси 2 недели но сакам еден месец да терам со сите вежби за грб,раце,рамо и понекоја вежба за нозе.На што да се внимава колку-толку со јадењето,а иначе лани трчав па чекам да се стопли малку пак да почнам со тоа а со теретана да си продолжам.
 
На калории.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom