Епа вака дечки.
Вежбам веке 2 месеци во теретана симнав салце што ми сметаше и ојачав многу појше од предтоа што се оптеретував дома со склекови и такви домашни вежби.Добро напредувам,задоволен сум од тоа што го правам и ке продолжам да го правам.Почнав да се хранам многу здраво и јадам доволно за човек што е рекреативец во билдингот.
Но во последно време многу потешко симнувам сало па сакам да ви пишам што и како внесувам и да ми кажете што треба да додадам да одземам.
10:00 - 500мл млеко и овесни снегулки...понекогаш место тоа 4-5-6 јајца зависи колку сум гладен(една или две жолчки од јајцата)
12:00 - 1 бар
14:00- уште еден бар
16:30 -ручек стек 300-400 грама со ориз или варен компир или па печено пиленце исто толку у грамажа мевце
18:00-тренинг во кое е вклучено и 20 минутно кардио
20:00 - една чаша млеко од 200мл со две лажички мед внатре
22.00 некој зрнест производ или пак 1 бар
Одам 4-5 пати во неделата во теретана во кое редовно имам вклучено кардио.
Целта ми е да го снема салото од стомакот и спојлерите

И пишете ми после ова дали ми треба некој додаток во исхраната протеин или нешто слично и колку би требало да двојам месечно финансии за да ги набавам тие протеини,креатини,глутамини или што и да кажете.
Фала однапред.