Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Добро ли е да се зема прво еден 1-2 месеци гејнер со уште некоја комбинација, а после 1-2 месеци протеин, креатин... ?
--- надополнето: 22 декември 2011 во 15:39 ---
Оти сакам прво малку да качам килажа 7-8 кила, а после да одам на дефиниција....
 
Се зависи од тоа што сакаш да постигнеш и како ти е организирана исхраната.
 
btw потасиум е всушност калиум на македонски.
--- надополнето: 22 декември 2011 во 16:55 ---
Ах,Македонија е :) нема такво нешто,далеку сме од тоа.Со каков лекар да се конслутирам ? мислам,општ или ? иначе,ваљда ќе смеам да вежбам горен дел од телото,раце,гради,грб...нема никаква поврзаност ова со препоните ?и фала,на одговорите :)

Првин ќе одиш на матичен/општ доктор што ти е а тој ќе одлучи дали има потреба да те препрати кај специјалист што најверојатно ќе биде ортопед.
 
у секој случај ако те држи подолго треба да посетиш прво општ лекар и тој ќе те упати или претходно ќе те прегледа.
Туку за симптомите. Дали болката се зголемува кога одиш (а не вежбаш) или стоиш малку подолго време или кога одмораш полулегнат/завален на грб. Дали си пробал да го опипаш местото додека стоиш или чекориш подолго.

Кога одам не ме боли,ама кога правам нешто(теретана џуџњави,искораци,стомачни,трчање во сала,најмногу во став) тогаш боли ептен..сум го опипал,и на допир исто ми се јавува некоја болка,ама не јака некоја да неможам да го држам,се издржува на допир..али другово,смрт :)
 
Ај кога веќе се жалиме за болки, има ли некој проблеми со коленото кога прави чучањ? Кога и да пробам со поголема килажа, имам сили да ја совладам тежината, но левото колено ме убива. Уште првата репетиција со поголема тежина имам блага болка за да после на 4-5 репетиција морам да престанам од бол. Инаку чучањот го правам целосно од горе до доле, некои викаат дека треба да се престане да се оди надолу кога надколеницата е хоризонтална.
 
Ставаш тегчиња под стапалата ?
 
Дали може да престанам да растам ако правам склекови, кревам тегови, правам чучњеви или нешо слично, имам 16 години?
 
Кога одам не ме боли,ама кога правам нешто(теретана џуџњави,искораци,стомачни,трчање во сала,најмногу во став) тогаш боли ептен..сум го опипал,и на допир исто ми се јавува некоја болка,ама не јака некоја да неможам да го држам,се издржува на допир..али другово,смрт :)
Добро е, колку толку :) ...според ова што го кажуваш не се (скраја да е) кила на препони (нема испупчување на допир, нема болки при обично пешачење или стоење). Сепак ако не ти намали од она што ти препорачаа, не е лошо да се консултираш и со доктор.
 
Дали може да престанам да растам ако правам склекови, кревам тегови, правам чучњеви или нешо слично, имам 16 години?

Ако прашаш дома,роднини,лекари,има големи шанси да ти кажат дека нема да растеш.Но,ако фатиш да прашуваш некој што се разбира,гледаш филмови,читаш по нет,ќе видиш дека нема ни едно истражување каде што се потврдува тоа,дека се намалува растот.
--- надополнето: 22 декември 2011 во 22:01 ---
Добро е, колку толку :) ...според ова што го кажуваш не се (скраја да е) кила на препони (нема испупчување на допир, нема болки при обично пешачење или стоење). Сепак ако не ти намали од она што ти препорачаа, не е лошо да се консултираш и со доктор.

:cuc:
 
Дали може да престанам да растам ако правам склекови, кревам тегови, правам чучњеви или нешо слично, имам 16 години?

Не, вежбај слободно и не верувај во секоја глупост што ќе ја чуеш. Едино нешто опасно што може да ти се деси е да се развиеш:)
 
Дали може да престанам да растам ако правам склекови, кревам тегови, правам чучњеви или нешо слично, имам 16 години?
Не, со правилно вежбање на 16 години само ќе го поттикнеш хормонот за раст. Внимавај да не го искривиш грбот само бидејќи си во развој, ама сигурно има кој да ти покаже како правилно се изработуваат вежбите.

Патем сакам да поставам 2 прашања :
1. Планирам да не земам креатин еден месец, како што разбрав прекинување нема никакви нагли ефекти врз силата и мускулната маса, е сега кога ќе земам пак негде при крај на јануари, дали пак треба да ја минувам Loading фазата ?
2. Дали некој има искуство со Бета-Аланин и дали би било подобро да го комбинирам со протеин или со амино-киселина (целам кон lean-mass ) ?
 
1. Баш така, еве јас водам евиденција на обеми (бицепс,подлакт,гради,потколеница...) и после прекинување со кретин ако продолжиш со вежбањето нема никакви или има занемарливи губења на мускулна маса (2-3мм) додека губење на сила може да се осети но сепак ништо драстично. Откако ќе правиш пауза 1месец повторно оди со фаза на полнење како прв пат да земаш.

2. Бета аланин делува како пуфер на млечната киселина т.е. го одложува чуството на замор. Највеќе логика има да се комбинира со креатин или пак во твој случај бидејќи целиш кон издефиниран изглед тогаш кре-алкалин. Но без протеин и добар мултивитамин воопшто не би го ставал бета аланинот во комбинација. Амино киселини би ти препорачал ако имаш доста сало за топење па мора да работиш интензивно кардио. А за резултати од бета аланин ќе мора самиот да го пробаш затоа што тоа е индивидуална работа особено за бета аланинот. Кај некои предизвикува пецкање на кожата што може да биде доста иритабилно
 
До поискусните...Сакам да почнам со Креатин,до сега пиев веј протеин,100%...е сега,дали да зимам и креатин и протеин,или само едното ? И ако може да ми кажете кој,по конкретно.
 
До поискусните...Сакам да почнам со Креатин,до сега пиев веј протеин,100%...е сега,дали да зимам и креатин и протеин,или само едното ? И ако може да ми кажете кој,по конкретно.
Нема да згрешиш ни така ни така, всушност многумина го комбинираат со протеин.
Јас досега имам користено на dymatize и не сум задоволен, сега ме чека на ultimate едно 300gr пакување за кое од многумина слушнав само пофални зборови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom