Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Анаболизам не се постигнува само со не активност.
Vivian, троши повеќе од тоа што го внесуваш секојдневно во исхраната. Не се плаши да работиш со поголем отпор (затоа што, штом ќе го изгладнеш организмот нема теорија да работиш многу интензивни тренинзи). Внимавај да имаш редовни оброци, (три главни и една ужина) секој од нив да ги содржи сите потребни хранливи намирници ( да бидат под тоа што ти е потребно да ја задржиш потоечката телесна тежина и мускулна маса) и да не одиш под 1.200 калории во денот. Тоа е минимум за нормлано функционирање на еден човечки организам.
Работата е во тоа да вежбаш (аеробните тренинзи да не се пократки од 1 час сесија во денот, а вежбите и повторувањата да не се под 50 во серија), да внесуваш оптимален минимум со цел да си останеш здрава особа, а тој минимум да биде под она што ти е потребно за задржување на постоечката ТТ и ММ, да бидеш редовна во оброците.
 
Има некои деца вооопшто не се занимаваат со спорт со ништо а пак се ниски метро и 50.... Сепак мислам дека до гените е височината ако мајакти и таткоти се метро и 50-60 немој да се надеваш воопшто на повисоко од тоа али сепак има некое влијание ама не е којзнае што :)
 
Фала ви на сите за советите, и ќе гледам пешки да не идам, исклучиво со кола:D Тоа е, секој со својот вкус, јас лично кај женско несакам многу-многу мускули, едино убаво издефинирани раце поштуем, на друго место muscles јок. Затоа и ве прашав, пошто сакам да продужам да вежбам, бар аеробик или орбитрек, а од друга страна несакам да набијам мускули, мислам исклучиво на горниот дел од нозете. А, може и истегнувањето да го грешев, после вежбање недоволно праев вежби за истегнување, така да сега мислам само такви вежби за истегнување да терам. У секој случај, фала ви.

Особено надлактица
 
Вежбањето индуцира лачење на повеќе тестостерон. Тестостеронот ги затвара предвремено епифизите (кај деца) = понизок раст.
Кај деца до 10-14 година ќе го намали или ќе го запре растот како што напомена поради големо количество на тестостерон. Над 14 година вежбањето директно го стимулира хормонот за раст кој ќе го помогне метафизниот раст со создавање на остеони, параелно на тоа тетивно-мускулниот припој ќе се истегне и ќе придонесе до правилен раст и развој.
Само што мора големи количини на протеини да се внесуваат, за мускулна синтеза, освен ако не им е цел да изгледаат како шпагети.
 
Што јадете кога сте на работа,школо ? Најдобар извор на протеини? чоколадца или кикирики ?
 
Што јадете кога сте на работа,школо ? Најдобар извор на протеини? чоколадца или кикирики ?

Не сум сигурен колку чоколадата се добар извор на протеини.
А кикириките се добро познат извор на здрави масти, затоа што протеинот во кикириките е многу малку искористлив.

Јас си спремам 2 оброка од дома (150 гр туна, 100 гр кафеав ориз, а другиот е meal replacement (Syntha 6 две дози, и 50 гр овес)
 
Што јадете кога сте на работа,школо ? Најдобар извор на протеини? чоколадца или кикирики ?
јас додека бев во средно си носев конзерви туна и си ги јадев на час во последна клупа, стек си носев, ориз и тн.
сега на факс ако сум јадам пред факултет и после факултет кога ќе се вратам одма јадам пошто не се задржувам повеќе од 2ипол саати на факс
 
Што јадете кога сте на работа,школо ? Најдобар извор на протеини? чоколадца или кикирики ?
најчесто сендвич со стек, а кога сум помаку време пола литар млеко со кифла и јаткасти плодови.
 
Кај деца до 10-14 година ќе го намали или ќе го запре растот како што напомена поради големо количество на тестостерон. Над 14 година вежбањето директно го стимулира хормонот за раст кој ќе го помогне метафизниот раст со создавање на остеони, параелно на тоа тетивно-мускулниот припој ќе се истегне и ќе придонесе до правилен раст и развој.
Само што мора големи количини на протеини да се внесуваат, за мускулна синтеза, освен ако не им е цел да изгледаат како шпагети.
Очигледно јас и еден куп на мои пријатели колеги сме фрикови. Од 13 сум со тегови, а предходно сум активен во останати спортови, каде повторно имате вежбање. Висина 188. Да не бев спортски активен и да не вежбав, којзнае колку ќе бев висок. Имајки го предвид фактот што татко ми не бил повисок од 178.
 
Пред еден месец почнав во теретана, планирам да продолжам и овај месец, тук денес забележав дека многу кратко останвам во теретана, та сум имал 3 или 4 вежби.
Најмногу сум се задржал 45 мин и то ко вежбав гради, а најмалце се задржвам кога вежбам трицепс и грб, околу 30мин.
Кога вежбам прам 5 серии по 10 повторвења, меѓу повторвењата и сериите одмарам најмногу 1мин, ама незнам дали ЈАС ги прам пребрзо или нормално си е.
 
-Колку е битна паузата меѓу денови? Мислам на тоа, понеделник ова, вторник ова, среда одмарам, четврток ова etc.

-Подобри резултати се покажуваат со програма (бицепс, рамо, стомак да кажеме еден ден, грб, гради, нозе друг ден etc), или константно вежбање на сите делови секој ден? Т.е. што е препорачливо.
 
Денови за одмор е препорачливо да се има 2 а некогаш и повеќе,бројот на деновите за одмор е релативен,зависи до интензитетот на тренингот,видот на тренинг,траењето на тренингот,храната и самиот организам(генетиката на поединецот).Најдобро е самиот да одлучиш колку ти е потребнo одмор,како викаат..слушај го телото што ти зборува. :)
 
Пред еден месец почнав во теретана, планирам да продолжам и овај месец, тук денес забележав дека многу кратко останвам во теретана, та сум имал 3 или 4 вежби.
Најмногу сум се задржал 45 мин и то ко вежбав гради, а најмалце се задржвам кога вежбам трицепс и грб, околу 30мин.
Кога вежбам прам 5 серии по 10 повторвења, меѓу повторвењата и сериите одмарам најмногу 1мин, ама незнам дали ЈАС ги прам пребрзо или нормално си е.

Нема логика да правиш само 5 серии. Пример кога вежбаш гради 1 серија загревање, 4 серии рамен, 4 серии кос, 4 серии пек-дек, 4 серии развлечување тоа се 17 серии само за гради, плус некој друг дел од тело, значи во еден тренинг некаде околу 25-30 серии треба да извежбаш, барем јас така вежбам за некаде 60-75минути.
 
Гради кога вежбам прам 20 серии, грб, трицепс, бицепс и рамо по 15 серии.
Пример имам 4 вежби за гради(незнам по име да ти ги кажам пошо врска неам како се викет) и за нив прам по 5 серии, значит 20 на крај идат.:) А за грб, трицепс, бицепс и рамо прам по 3 вежби по 5 серии т.е по 15 серии вкупно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom