Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Билдери колку често користите дроп сетови, супер сетови, rest pause sets (незнам на мк како е) ? Јас имам пробано rest pause и мислам дека на тој начин се активираат највеќе мускулни влакна од мускулната група која ја вежбаме.
 
Супер серии за мене функционира најдобро,иако сум на диета и со помали килажи дава резултати.
 
ОК, знам дека е глупо прашањето, а и јас не бев доволно јасна. Еве, конкретно, идам повеќе години на аеробик/фитнес онака, рекреативно, повеќе ради кондиција. Е, ама после толку години вежбање на нозете ко да ми се издефинира подругачија форма, не се незнам какви мускули, ама има разлика од предходно. Иако стриктно аеробни вежби само терам, па и на фитнес кога идев повеќе бев на орбитрек, степер и сл. сепак нозеве ми се зацврстија, знам дека тоа на скоро сите им е целта што сакаат да ја постигнат, но мене не ми се свиѓа. Но, очигледно нема враќање.:oops:
Обратен процес од добивање на мускули - Хипертрофија, е процесот на губење - атрофија.
Атрофија настанува со неактивност на мускулите, конкретно на квадрицепсот и бицепс фемори (цел бут) - многу брзо спласнуваат мускулите со неактивност. Не би имала проблем ако не ги вежбаш нозете одреден период . А ако станува збор за листовите - тука е малку потешко поради секојдневно пешачење а и носење на штикли богами.
 
Билдери колку често користите дроп сетови, супер сетови, rest pause sets (незнам на мк како е) ? Јас имам пробано rest pause и мислам дека на тој начин се активираат највеќе мускулни влакна од мускулната група која ја вежбаме.
Некогаш последните 4-5 репетиции ги работам со негативи, т.е. со едната рака помагам/некој ми помага да го дигнам тегот, а контролирано ги спуштам само негативите. Друго што имам пробано е 4х10 на бенч, т.е. земам тег со кој можам да направам 15 повторувања, но правам само 10, се прават 4 серии а меѓу нив следи многу кратка пауза од 30 секуннди. На последниот сет не би требало да можеш изгураш 8 повторувања.
 
Билдери колку често користите дроп сетови, супер сетови, rest pause sets (незнам на мк како е) ? Јас имам пробано rest pause и мислам дека на тој начин се активираат највеќе мускулни влакна од мускулната група која ја вежбаме.

Зависи до тренингот,ако вежбам high intensity тренинг користам негативни(forced reps/negatives) на working сетот,обично отказот гледам да ми се движи од 6-8 повторувања,ако неможам да направам 6 повторувања сам користам rest pause.(пример правам 4 повторувања и неможам повеќе а целта ми се 6 повторувања минимум за отказ,тогаш значи ми е голема тежината и за да не го изгубам working сетот правам rest pause).Дропсет користам обично последна вежба,последна серија,оти ако се користи дропсетот порано за време на тренинг и ако се користи многу често(како и поголем дел од другите начини)може да дојде до претренирање или до многу брзо губење на енергијата(силата).

А ако вежбам high volume тренинг ретко користам некоја од погоре спомнатите форми затоа што веќе има повеќе повторувања,повеќе вежби и повеќе серии,телото е веќе под голем шек од големиот обем и не му треба дополнителен стрес.High volume главно го користам за да го оформам некој заостанат дел од мускулот што му треба повеќе работа а со тоа да го удрам од повеќе агли со повеќе вежби.Воглавно high volume работам поретко,најчесто напролет.
 
ОК, знам дека е глупо прашањето, а и јас не бев доволно јасна. Еве, конкретно, идам повеќе години на аеробик/фитнес онака, рекреативно, повеќе ради кондиција. Е, ама после толку години вежбање на нозете ко да ми се издефинира подругачија форма, не се незнам какви мускули, ама има разлика од предходно. Иако стриктно аеробни вежби само терам, па и на фитнес кога идев повеќе бев на орбитрек, степер и сл. сепак нозеве ми се зацврстија, знам дека тоа на скоро сите им е целта што сакаат да ја постигнат, но мене не ми се свиѓа. Но, очигледно нема враќање.:oops:
Престани да одиш на фитнес, прави кардио повеке од 15 мин значи едно 30 мин кардио да почне да ти црпа мускули и не живеј "фитнес живот" т.е не внимавај на исхраната не се замарај.... Бидејки ако си јадеш здраво протеини ова она може и повеке да ги здебелиш али тешко бидејки со кардио што е над 20 мин почнува да ги гори мускулите па така дааа

Еве една брза програма 30мин кардио 90сек(одење) 30 сек(ШПРИНТ) и мислам дека ке почнат да ти опаѓаат мускулите на нозете
 
Фала ви на сите за советите, и ќе гледам пешки да не идам, исклучиво со кола:D Тоа е, секој со својот вкус, јас лично кај женско несакам многу-многу мускули, едино убаво издефинирани раце поштуем, на друго место muscles јок. Затоа и ве прашав, пошто сакам да продужам да вежбам, бар аеробик или орбитрек, а од друга страна несакам да набијам мускули, мислам исклучиво на горниот дел од нозете. А, може и истегнувањето да го грешев, после вежбање недоволно праев вежби за истегнување, така да сега мислам само такви вежби за истегнување да терам. У секој случај, фала ви.
 
Затоа и ве прашав, пошто сакам да продужам да вежбам, бар аеробик или орбитрек, а од друга страна несакам да набијам мускули, мислам исклучиво на горниот дел од нозете.
Орбитрек немој,јас по 40-50 мин на ден поминував на него летово нозеве за еден месец ми беа ко на професионален фудбалер........или па ептен ако сакаш да вежбаш на него немој повеќе од 15-20 мин.
 
Имам орбитрек затоа го спомнав, ама ќе терам со најслаб отпор, кај што не бара многу напор за нозете, иначе знам дека и од него се зацврстуваат мускулите, од лично искуство:)
 
Абе ти терај пошто си женско немој повеке од 1-2кг во рака и се разбира ке си изгледап ФИт без мускули ама тоа не зависи само зависи и од генетиката ако си генетски настроена за мускули тогаш не вежбај воопшто
--- надополнето: Nov 28, 2011 12:12 PM ---
Абе ти терај пошто си женско немој повеке од 1-2кг во рака и се разбира ке си изгледап ФИт без мускули ама тоа не зависи само зависи и од генетиката ако си генетски настроена за мускули тогаш не вежбај воопшто
 
Несакам да отворам тема за дискусија бидејки ова е тема за бодибилдинг да дискутераме на ова прашање.
Дали бодибилдингот влијае на растот?
Некој велат влијаел некој не ајде да разјаснеме, споделете искуства.
Поздрав !
 
Вежбањето индуцира лачење на повеќе тестостерон. Тестостеронот ги затвара предвремено епифизите (кај деца) = понизок раст.
 
Фала ви на сите за советите, и ќе гледам пешки да не идам, исклучиво со кола:D Тоа е, секој со својот вкус, јас лично кај женско несакам многу-многу мускули, едино убаво издефинирани раце поштуем, на друго место muscles јок. Затоа и ве прашав, пошто сакам да продужам да вежбам, бар аеробик или орбитрек, а од друга страна несакам да набијам мускули, мислам исклучиво на горниот дел од нозете. А, може и истегнувањето да го грешев, после вежбање недоволно праев вежби за истегнување, така да сега мислам само такви вежби за истегнување да терам. У секој случај, фала ви.

Ти многу многу мускули не ни можеш да изградиш. Тоа и за нас момците е тешко, не па за тебе и јас би ти препорачал да продолжиш да вежбаш. Тоа што ти си го постигнала било newbie gains, и не се секирај нема да имаш ни приближно мускули како некое момче.
Иако не оди надолу колку што треба, и ги користи нозете, сепак ова е добар тренинг:

Иначе за мускули на рацете....да али подобро да имаш на нозете :D
Не знам зошто, но девојките мислат дека со три пати вежбање ќе изгледаат како Арнолд Шварценегер.
А за тоа со истегнувањето, сакам да те разубедам додека е време. Тоа се тешки симптоми на fuckarounditis, и излечи се додека ти е време. Мој совет, вежбај. Еве ти девојка што позира:

А ти си далеку од тоа, така да не се секирај.
--- надополнето: Nov 28, 2011 10:02 PM ---
Вежбањето индуцира лачење на повеќе тестостерон. Тестостеронот ги затвара предвремено епифизите (кај деца) = понизок раст.

Иако не подржувам вежбање пред 18 години, сепак ова не ти е основано. Спречување на растот може да се случи, ако зема личноста стероиди. А тестостеронот од самото вежбање, не само што нема да направи проблем, туку може и да помогне. Сепак, деца не треба да вежбаат, барем додека им заврши пубертетот.
 
Пратиш Leangains а? :) Најдобар начин на јадење..
 
Вежбањето индуцира лачење на повеќе тестостерон. Тестостеронот ги затвара предвремено епифизите (кај деца) = понизок раст.
имам 16 години вежбав во теретана две месеци качив маса од два килограми(бев 62 сега сум 64 килограми) а висок сум 1.70(последен пат кога се мерев толку можеби сум се извишил), сега дали е добро да продолжам со некој спорт како на пример кошарка?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom