Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Може да не се прават само во кујна ама ако не внимаваш на исхраната ако сакаш први 100 стомачни со 1000 пшовторувања во серија секој ден и пак нема да имаш стомачни 70 % е во исхраната кај стомачните.

Дефинитовно, секоја индивидуа има мускулен систем во својот организам. Така да, и без вежбање, со правилен начин на исхрана може да покажете стомачни на плажа.
Но, процентуално, во бодибилдинот како спорт се е по 100%, ако се сака вистински резултат.
Постојат билдери, меѓу нив сум и јас, кои можат да си дозволат луксус непотребен во исхраната и пак да им се познаваат стомачните. Е тоа е постигнато не само со исхрана, него и со интензивни тренинзи. Тоа познавање на стоначните е далеку од вистинска дефиниција за на сцена, но за на плажа...е ОК. Ако вистински се посветите во тренинзите на стомачните и нив можете да ги доведете до степен на маса, сличен на градните мускули, па и тие така да бидат испакнати нанапред.
--- надополнето: Nov 11, 2011 9:22 PM ---
Ме интересира во периоди кога се интензивира кардиото се земаат амино киселини со целосен профил или само BCAA
Со оглед на тоа дека ќе обратиш внимание на исхраната и внес на белковини во доволна количина, BCAA е тоа што е приоритетно.
 
Природен стероиден ефект може да добиеш со гинсенг и зелен чај. Наполни си во шише зелен чај, ама предозирај го. Ако користиш филтер-кесички, таму вика за една чаша една кесичка. Ти направи 4 чаши (1 чаша е 250 милилитри, 4 чаши се литар) и наместо 1 кесичка по чаша, стави 2 па и 3 ако може. Остави го малце да се излади, заслади го со шеќер по желба, претури во шише и трк на вежбање. Како што вежбаш, пиј од чајот. Како што пиеш, така инстантно ќе добиваш повеќе енергија и желба за вежбање, па на тој начин енергијата ќе може да ја зголемиш дури и за двојно, на сосема природен начин и без несакани ефекти.


Секако, после вежбањето ќе настапи каскаден пад на енергијата и ќе ти се спие ВЕДНАШ, затоа осигурај се дека живееш блиску. Штом го потрошиш чајот, трк дома, истуширај се и ќе имаш само уште пар секунди пред да те освои сонот. Буквално пар секунди.
Што мислите за овој природен стероиден ефект?
Некое искуство ако имате?
 
Што мислите за овој природен стероиден ефект?
Некое искуство ако имате?
Зелениот чај во себе содржи:
-Tанин- Помага во дигестивниот процес.
-Катехин- Моќен антиоксидант
-Флавоноиди- Помага при настинки
-Теанин- Релаксатор кој нема негативно да влијае врз мотивацијата за тренинг.
Препорака: Една чаша пред тренинг и една по обилен оброк.

Гингсен или Женшен е лек против замор и нервен слом.
Билдерите го користат како помош во прилагодување на повисоко ниво на стрес, зголемена издржливост и забрзано опоравување.
Препорака: Еден до два грама во денот, н ачин на кој се намалуват неговите штетни последици. Не е препорачлив за особи со висок крвен притисок.

 
При правање на вежбата мртво дигање за грб дали треба да прави со исправени колена или не ?
 
Има ли врска ако почнам од утре протеинска диета и земам креатин.Креатинот да не дава некоја голема улога ако не додавам шеќери во исхраната после тренинг?
 
Da ve prasam dali mozda znaete sto e razliakta megju glutaminot na california fitness i na ultimate?Posto toj na ultimate e duplo poskap...
 
Има ли врска ако почнам од утре протеинска диета и земам креатин.Креатинот да не дава некоја голема улога ако не додавам шеќери во исхраната после тренинг?

ти и така МОРАШ да внесуваш шекери после тренинг :O
 
Има ли врска ако почнам од утре протеинска диета и земам креатин.Креатинот да не дава некоја голема улога ако не додавам шеќери во исхраната после тренинг?
декстроза после тренинг, додека користиш кретин за да го зголемиш ефектот. а со диета незнам незнам шекерот како ке иде :)
--- надополнето: Nov 13, 2011 10:01 PM ---
При правање на вежбата мртво дигање за грб дали треба да прави со исправени колена или не ?
ако работиш мртво дигање со прави колена ќе ти фаќа и задна ложа, колената треба да бидат благо свиткани и кога ќе стануваш нагоре да ги исправуваш, ѕирни на youtube има убави видеа за како правилно да работиш мртво дигање.
--- надополнето: Nov 13, 2011 10:02 PM ---
Da ve prasam dali mozda znaete sto e razliakta megju glutaminot na california fitness i na ultimate?Posto toj na ultimate e duplo poskap...
по квалитетен е на ултимејт бидејќи е почист, барем по моја претпоставка
 
декстроза после тренинг, додека користиш кретин за да го зголемиш ефектот. а со диета незнам незнам шекерот како ке иде :)

Декстрозата се користи и кога нема употреба на креатинот како додаток во исхраната.
Не е за зголемување на никаков ефект, туку за подобра апсорбација на материите по исцрпен тренинг и подигање на нивото на инсулинот.
 
При правање на вежбата мртво дигање за грб дали треба да прави со исправени колена или не ?

Со свиткани ја правам јас,со прави многу стрес маваш на грбот .. Слободно спуштај го тегот до доле.. при крајните повторувања земи одмор 3-4 секунди доле колку да имаш сила да истераш цела серија..

Deadlift Најомилена вежба ми е..
--- надополнето: Nov 13, 2011 10:35 PM ---
Декстрозата се користи и кога нема употреба на креатинот како додаток во исхраната.
Не е за зголемување на никаков ефект, туку за подобра апсорбација на материите по исцрпен тренинг и подигање на нивото на инсулинот.

Како замена на декстроза може да бидат ЈХ? Или подобро е шеќер?
Пошто нели и со ЈХ се крева инсулинот.. ориз,компир..
 
Како замена на декстроза може да бидат ЈХ? Или подобро е шеќер?
Пошто нели и со ЈХ се крева инсулинот.. ориз,компир..
Да, ама треба прости јаглени хидрати. Можеби густ сок од боровница. Тој има околу 60ccal од прости шеќери на 100мл за разлика од другите сокови што имаат 35-40ccal така да предизвикува поголем врв на инсулин.
 
Со свиткани ја правам јас,со прави многу стрес маваш на грбот .. Слободно спуштај го тегот до доле.. при крајните повторувања земи одмор 3-4 секунди доле колку да имаш сила да истераш цела серија..

Deadlift Најомилена вежба ми е..
--- надополнето: Nov 13, 2011 10:35 PM ---

Како замена на декстроза може да бидат ЈХ? Или подобро е шеќер?
Пошто нели и со ЈХ се крева инсулинот.. ориз,компир..

Досега научив за глукозата/декстрозата.
Имаш во аптека по многу пристапна цена.
Да ти одговарам со сигурност за другите работи нема да можам бидејќи незнам, ќе оставам на господинот Ѓороски да ти одговори.
Иако со согурност можам да кажам дека БЕЛИОТ оризот е спаѓа во брзо апсорбирачки јаглехидрати, за разлика од компирот кој е споро апсорбирачки во огранизмот :)
 
Дали е во ред после тренинг да се земе шејк - веј со дексторза и веднаш потоа да се јаде протеински оброк, или првин да се направи пауза по шејкот?
 
Дали е во ред после тренинг да се земе шејк - веј со дексторза и веднаш потоа да се јаде протеински оброк, или првин да се направи пауза по шејкот?

Најмалку половина час, за подобро апсорбирање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom