Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Џабе пари за овие чинат 1000 денари можеш и со боксови на перници да правиш склекови.
 
Џабе пари за овие чинат 1000 денари можеш и со боксови на перници да правиш склекови.

Јас можам со боксови на шајки да правам склекови ама, му требаат на дедо шајките!
 
Ме интересира кај може да се најдат вреќи (за удирање/боксирање) што се и како се цениве ?
 
Има ли тука некој што поправал асиметрија на гради? Левата ми е малце поголема и ме нервира!! Деснак сум, вежбам со добра форма итн.
 
вака, планирам да земам креатин околу 800 денари l creatine пишува во теретаната... дали некој ќе може да ми објасни нешто повеќе за креатините, гејнерите и др....дали има штета од земање и др... поздрав
 
Ме интересира кај може да се најдат вреќи (за удирање/боксирање) што се и како се цениве ?

На пазар3 има дечко,продава вреќи... полни,спремни за да си удираш :) 2500/3000 денари има... ако си ЗА,да се собереме 3-4ца,ќе ни дае поголем попуст :)
 
Тоа кај боксерите ќе си прашаш, ние овде сме само билдери :pos2:

:pos2:


На пазар3 има дечко,продава вреќи... полни,спремни за да си удираш :) 2500/3000 денари има... ако си ЗА,да се собереме 3-4ца,ќе ни дае поголем попуст :)

Дај линк да ѕирнеме, инаку може ќе се договориме ајде ако има заинтересирани. Мада мене не ми е баш хитно иако планирам да земам барем до почетоков на летово.
 
вака, планирам да земам креатин околу 800 денари l creatine пишува во теретаната... дали некој ќе може да ми објасни нешто повеќе за креатините, гејнерите и др....дали има штета од земање и др... поздрав
моја препорака ти е да земеш креатин од Ultimate Nutrition, Creatine Monohydrate. ако си многу слаб во ред е да земеш гејнер, но ако планираш да не се запрљаш земи си чист протеин, и со него ќе качиш поубава маса. што се однесува до тоа дали се штетни, не се воопшто, само додека го конзумираш креатинот ќе мора да пиеш минимум 3-4 литра вода на ден, за да не се таложи во бубрезите.
 
вака, планирам да земам креатин околу 800 денари l creatine пишува во теретаната... дали некој ќе може да ми објасни нешто повеќе за креатините, гејнерите и др....дали има штета од земање и др... поздрав

Имаш некоја грешка, Можно е да пишува L-Carnitine, а L-Creatine не постои.
Инаку околу креатинот (општо монохидрат) има функција да ги полни мускулите со вода и притоа да создава чиста мускулна маса.
Надоврзување на тоа што го кажа Данте, затоа треба да пиеш по 3-4 па и повеќе литри вода на ден.

Околу гејнерот, не би ти го препорачал освен ако не си ептен слаб, обичен протеин ќе ти даде многу повеќе од гејнерот.

Попросто обајснување би било:

Гејнерот е производ кој содржи дневна препорачана доза на Јагленохидрати,масти и протеини.
А обичен Whey протеин содржи од 22-28 гр протеин во дозерка, и само 1 грам јагленохидрати и 1 гр масти.

Значи протеинот е далеку подобра опција доколку не си коска слаб.

Side effects, односно странични (лоши) ефекти од двата производа нема, но со земање на креатинот (монохидрат)
биди сигурен да не испуштиш ден со горе-наведената количина на вода, бидејќи може да те доведе до фаза на дехидрација на телото.
Пак ќе се надоврзам на тоа, дека ги полни мускулите со вода, и константно му е потребно полнењето со истата.
 
Има ли тука некој што поправал асиметрија на гради? Левата ми е малце поголема и ме нервира!! Деснак сум, вежбам со добра форма итн.

И јас сум со истиов... проблем да го наречеме, така да ако имате сугестии навалете.
Иначе еден професионален билдер ми даде совет да ги поместам двете раце за два прста надесно кога ќе вежбам бенч, така веројатно повеќе терет би кревал со десната па би се израмниле со тек на време двете страни. Али еве дадете некој совет плус ако имате ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom