Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира најдобри вежби за стегнување на стомачни (освен стомачни вежби класични) и бутни мускули.. немам сало ама сакам асално да ги стегнам .. ?

Нема "најдобри" вежби за стомачни.. Само зголеми го бројот на повторувања преку целиот ден.Немора да значи да напраиш 3 серии и повеќе да не вежбаш.Кога ке имаш слободно време напраи една серија после еден сат пак..
 
вежбам дома (склекови.тегови,вратило) дали треба да вежбам секој ден???
 
Земав Л-карнитин таблети 500мг,како треба да се пијат ? на упатството не е објаснето целосно пишува 1-2 капсули дневно,и дали треба на гладно после оброци,тренинг ? фала
 
вежбам дома (склекови.тегови,вратило) дали треба да вежбам секој ден???
Пожелно е да вежбаш секој втор ден, за мускулите да имаат време да се регенерираат и "закрепнат".
Исто така внимавај на исхраната доколку сакаш да има подобри резултати.
 
Реков јас дека животот е школо и дека секој ден се учи по нешто. Која ти е логиката на "нормална килажа и висина" па и безопасност од користење на креатин?!

Епа телото лачи 2.5-3.5 г креатин дневно, тоа е доволно за некој до 40-50 кг, но за некој од 100- 120 кг не е доволно, затоа ке треба да внесе креатин повеке за да се дополни...

?????Кога, како, што...??? Немаш видено дека дечкото кој го имаше проблемот, пиел витамини растворени во шишето вода кое обично го пиел без ништо, па од стручњаци бил предупреден дека сега со додавање на витамините ќе му биде нешто?! Кој креатин, која лимонска киселина, кој ред бул????

Не реков дека ке умре, или ке му биде нешто од шумливите таблети, тие содржат ЛИМУНСКА КИСЕЛИНА, која го уништува креатинот во телото, затоа доколку пиеш креатин, не е поволно да го пиеш со шумливи таблети, подобро е да пиеш шумливи таблети после тренингот, а пред тренингот можеш да конзумираш редбул, има доста кофеин во него, кое го буди срцето и ти ја намалува инертноста...
 
Човекот прашува за време на вежбање дали во водата може да стави витамински шумливи таблети, ти си запнал за креатин и лимунска киселина?!
Од ваков, стручен, расипан телефон, доаѓа со сите недоразбирања во бодибилдингот.
 
Епа одговорот е НЕ... ке имаш помали ефекти, има студии, тестирања со кој е докажано дека лимунската киселина го уништува креатинот, кој делува на греадењето на мускулна маса, подобро е да пие млеко, отколку вода со шумливи таблети... Витамините кои ги има во тие шумливи таблети, не ги хранат мускулните клетки за да растат.. затоа не конзумирај вода со шумливи таблети пред и за време на вежбање...
 
сакам малце да сменам протеин па да прашам ако некој го има пиено ALLMAX ALLWHEY протеинот малиот колку трае а колку големиот??? фала однапред
 
Епа одговорот е НЕ... ке имаш помали ефекти, има студии, тестирања со кој е докажано дека лимунската киселина го уништува креатинот, кој делува на греадењето на мускулна маса, подобро е да пие млеко, отколку вода со шумливи таблети... Витамините кои ги има во тие шумливи таблети, не ги хранат мускулните клетки за да растат.. затоа не конзумирај вода со шумливи таблети пред и за време на вежбање...
Поубаво да не те послуша тебе. Ваков бисер, од стручен одговор не очекував после три преписки на исто прашање. Кое патем, ти очигледно од страртот си го промашил.
Витамините не ги хранат мускулите, а креатинот (во кој ти се крстиш постојано) ги храни и без него, мускули не бива. Бисер.
 
господине Ѓороски едно прашање според вас најдобар начин да го избегнам воспалувањето на мускулите.... немам вежбано 2,3 месеци?
 
господине Ѓороски едно прашање според вас најдобар начин да го избегнам воспалувањето на мускулите.... немам вежбано 2,3 месеци?
Како и да започнеш, ќе имаш воспаление. Нема начин и шанса да се избегне.
Но, разбирливо е да се започне полека и постепено. Скари се на 50% од својот максимук кој предходно го имаш сработено( серии и оптеретување), туширање со ладна и топла вода (наизменично), андол и трпение.
 
вежбам дома (склекови.тегови,вратило) дали треба да вежбам секој ден???

Вежбај секој ден али различни вежби.Еден ден праи склекови друг ден вратило и со тегови..
 
дали некои има пробано апчиња за слабеење Animal Cuts и какви му биле резултатите и дали се ефикасни со 5 пати неделно во теретана по 1 час на орбитек или лента за трчење и по 200-250 стомачни и доста намалена исхрана ( можеби и до 50% е намалена исхраната одколку предходно )
 
Незнам само зашто 50% намалување на храната?! Влези во состојба на намалување на ТТ и масни наслаги без таблетите, а подоцна можеш и нив да ги додадеш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom