Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
http://www.exrx.net/WeightExercises/ErectorSpinae/BBDeadlift.html
Се вежба со исправен грб,потклекнат за да не се крева само со кичма( иако и тоа е варајација ),се прави со дланките свртени накај себе или како типацов на клипот едната накај вас а другата обратно( вака може повеќе тежина да се крева бидејќи не излизгува шипката од раце ) Јас практикувам со двете дланки свртени накај себе бидејќи е потешко и повеќе работи на држечи стисок.
 
Mrazam Deadlift. Dvapati napraviv i od togas imam bolki vo kicmata (vo krstot) vekje 4-5 meseci.
 
Вежба ли некој deadlift или на нашки мртво дигање( некако глупо ми звучи )?Јас ја практикувам веќе некој месец и одлична е за градење сирова снага.Мислам дека е вежба која работи највеќе мускулни групи одеднаш.
Дедлифтинг е терсене, според позапознатите со овој спорт (кои имаат навистина голема снага, долгогодишно искуство и познавање од анатомија и техники на вежбање) и нивните искуства, може многу лесно да се здобие со повреда. Дури и дел од оние кои имаат долгогодишно искуство не се осмелуваат ова да го прават пречесто-баш ради што спомна Хелекс. Имам еднаш пробано (обавезно со појас) само еднаш (не серија, не повторувања, еднаш горе-доле :wink:)...и се откажав, повеќе јок :)
 
Опасно е ако не се вежба правилно ама со тек на време се ојакнува кичмата и не создава такви проблеми.Плус на почеток се прави со лесни килажи, не се иде колку можете за да се привикне и телото и вие да се прилагодите на вежбата.
 
Доколку имаш снажни мускули со црврсто врзно ткиво и јаки коски (според сопствена проценка-но ти овој проблем сигурно го немаш пошто подолго ова го практикуваш)...океј, но мислам дека не би било лошо некој да е поред оној што започнува со такво кревање или во најмала рака да се гледа на огледало-ради корекција на став, грб...да не се згрбави додека ги прави тие вежби. И секако со многу мали тежини.
Сепак такви вежби се за вас помладите :)
 
Да обавезно пред огледало за правилно вежбање.
 
Да обавезно пред огледало за правилно вежбање.
Да се корегирам себеси. Сум пробувал дедлифтинг со поголеми тежини па затоа не ми идело. Со 20 кила (шипка плус плочи) е доволно, преѓеска пробав, не беше страшно, но со поголеми тежини сеуште не...си треба постепено навикнување. Инаку стварно активира голем број мускули :smir:
 
Да и јас исто почнав со големи килажи и видов дека прави проблеми и после си почнав лагано и на секој тренинг накачував повеќе и повеќе така да сега ок е.
 
Ај вие што користите whey протеини и сте повеќе упатени (Марко или Ико):) Препорачајте ми добар whey сто го користите зошто имам слушнато за некој тип што земал некој протеини од нискоквалитетна фирма па имал проблеми со дјигер лол
 
http://bodybuilding.com.mk/index.ph...ategory_id=4&option=com_virtuemart&Itemid=164

Еве ти одличен протеин. Е сега, и цената е малку соленка, но мислам дека е најдоброто што можеш да го најдеш во Македонија.
 
Ај вие што користите whey протеини и сте повеќе упатени (Марко или Ико):) Препорачајте ми добар whey сто го користите зошто имам слушнато за некој тип што земал некој протеини од нискоквалитетна фирма па имал проблеми со дјигер лол

За најдобар протеин не само од мене, туку и од професионални спортисти, бодибилдери, атлети, фитнес модели и исто како што кажа adware* 4 години по ред е избиран OPTIMUM - 100% WHEY GOLD STANDARD.
Самото тоа кажува нешто по себе и од искуство ти зборам зошто јас го користев овој модел.
Имам користено и од swanson протеин, но позадоволен сум од погоре наведениот.
Но немој да очекуваш огромни резултати, зошто овој ти е доста чист протеин со мала количина на масти, калории, и јаглени хидрати. (зборам за optimum) и се што се гради е на база на чиста мускулна маса, а тој процес е побавен но најдобар, полека но сигурно.
Ако си од Скопје можеш да го најдеш во... или мислам е забрането ракламирање на форумов, така да ако те интересира ПП. :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom