Кажи ми ја целта која сакаш да ја постигнеш... сила, дефиниција, маса...
Ако сакаш да ставиш на маса повеќе, мораш да правиш паузи барем 42 саата, мускулните влакна треба да се обноват од напорниот тренинг кога се кинат, така да ова што го правиш ти сега, постојан тренинг ќе имаш најголем ефект во сила, а маса и дефиниција не дека нема да стекнеш но подобар ефект за тоа ќе имаш кога би правел паузи.
Поздрав :wink:
Во контекст на ова, не сум којзнае колку запознаен со овие правила, но...
Како ми е кажано во неколку теретани, ова вратило
го користам за загревање, пред тегови и други вежби со отпор, доколку одам на трицепс и гради.
Ова го користам
за загревање пред вежбање грб.
Инаку вторава е одлична пошто удира на сите групи, од грбот нагоре, плус со ова вратило (и со она првото) е добро да се прават вежби и за стомак-доста акцент дава на долните стомачни...и доста тешка, ако е човек потежок, а нема баш снага во грбот и рацете
За комплетно загревање пред теретана-склекови, енглезите што ги нарекуваат пушапс. За нозе пак, за загревање користам чучњеви.
Така барем знам, не знам дали е исправно но...делува да се загрее, напумпа и раздвижи мускулната група.
Инаку за појаснување, симнав околу 8-9 кила више, па сега почнав со веј протеини и храна со малку маснотии и шеќери...да пополнам она што сум го симнал со мускулна маса (веќе после една недела веј, се забележува и пополнување на одредени групи-конкретно грбот, трицепсот, градите ми се доста зголемени). Останува да поработам на бицепс и нозе, да удрам повќе акцент на нив во неделата.
Не знам што би рекол за ова што го практицирам, дал е добро, дал не е...чисто според тебе, мислење.