Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
ima poveke vidovi na super serii,...ama najprimenuvani kaj nas(kaj poiskusnite vezbaci) se super seriite so kratenje,...na pr. ako pravis dve serii za zagrevanje da receme.30 kg,pa 60 kg,i tretata kvalitetna so maksimalno optovaruvanje 90-100kg pravis da receme 4-6 povtoruvanja,pa odma bez pauza namaluvas na 60 kg(pravis isto da receme 4-6 povtoruvanja),pa odma bez pauza namaluvas na 30 kg(i pravis kolku mozes povtoruvanja),...otprilika e vaka,...ama ima i dosta varijacii od isttata.:)

Ова што го имаш напишано и објаснето се таканаречени ДРОП серии (опаѓачки, се мисли во намалување на тежината со која се вежба).
Супер серии преставува комбинација на две различни вежби изведени една по друга. Најчесто се прават за две различни (соседни мускулни партии како трицепс и бицепс) но, може и за една иста мускулна партија.
 
Најпрво, вала за одговорот околу протеините.

Дали некој би можел да ме посоветува, или да ме упати на некој друг сајт, каде ке добијам конкретни одговори во врска со тренинзи во теретана, вежби, исхрана, без некои посериозни амбиции, воглавно за правилно оцртување и зацврстување.
- Со висина 173цм, 68кг, дали е во ред оваа тежина или треба зголемување на истата пред почнување во теретана?
- Која би била идеална тренинг програма, кои вежби, колку вежби т.е. колку мускули дневно, колку повторувања, која тежина.. и некој временски период на згоулемување на повторувањата/тежините?
- Одредена правилна исхрана, и дополнителни додатоци доколку е потребно?
 
Најпрво, вала за одговорот околу протеините.

Дали некој би можел да ме посоветува, или да ме упати на некој друг сајт, каде ке добијам конкретни одговори во врска со тренинзи во теретана, вежби, исхрана, без некои посериозни амбиции, воглавно за правилно оцртување и зацврстување.
- Со висина 173цм, 65кг, дали е во ред оваа тежина или треба зголемување на истата пред почнување во теретана?
- Која би била идеална тренинг програма, кои вежби, колку вежби т.е. колку мускули дневно, колку повторувања, која тежина.. и некој временски период на згоулемување на повторувањата/тежините?
- Одредена правилна исхрана, и дополнителни додатоци доколку е потребно?
Потписот на Gjoroski, ...за почеток :)

Супер серии преставува комбинација на две различни вежби изведени една по друга. Најчесто се прават за две различни (соседни мускулни партии како трицепс и бицепс) но, може и за една иста мускулна партија.
Ова првпат го пробав вчера пошто на ред ми беше горниот дел од нозете, но поради грч на квадрицепсот морав да променам малку редослед :) . И токму тоа, комбинација на бицепс и трицепс. Сигурно го немам направено најстручно и најдобро, но штом добро ја осетив вежбата...вредеше. Се разбира за аматер како мене е сосем доволно. Ги пумпа мускулите и покрај помалите тежини (помали од оние вообичаени кои може да се кренат при овој тип вежби да не се лажира со залет, наведнување или свиткување...за полесно кревање :) ). Али треба доста волја за да не се прекине предвреме пошто стварно е :nesvest: ако се направат повеќе серии со повеќе повторувања (на пример 10 серии со по 10-12 повторувања за секоја мускулна група, но без одмор, потоа краток одмор и јово наново истите вежби или други за истите мускулни групи).
Прво комбинација Хамерово превиткување со дворачна трицепс екстензија во предколона. Вториот дел превиткување со сајла на долен дел од лат машина во комбинација со трицепс екстензија на лат машина.
Хм, отприлика мислам дека ги погодив називите на вежбите, некој стручен може и да корегира пошто реков, првпат ова го практикувам.
 
126 страни, алал да ви е господа. Пријатно сум изненаден и не очекував ваква заинтересираност. Само поради овој факт, се зачленив на форумов.


Протеините не се воопшто штетни. Ако мислиш на оние прашкасти додатоци во исхраната. Инаку под протеини (белковини) се подразбираат поголем број на намирници. Но претпоставувам мислиш на горе споменатите.
Ако ги користиш како што е правилно, и како што се и замислени (додатоци во исхрааната) немаш потеба од плашење.

Gjoroski добродојде на форумов :)) верувам дека сега имаме еден од најискусните човеци во Македонија за ББ на форумов :)
 
Ѓороски како најискусен тука ке ви ги одговори сите прашања
 
И јас сум пријатно изненаден што Gjoroski е меѓу нас сега.
Од неговите постови имам учено и применувано многу, сега му ја предавам „топката“ него, па ќе добивате информации од прва рака:salut:
 
Потписот на Gjoroski, ...за почеток :)
Да се дополнам, за почеток и крај-ултимејт хјуман билдинг...сега видов кој е тој човек...пошто не сум у тие водинешто посебно навлезен...

Почит и од мене за г. Ѓороски и неговиот придонес
 
Gjoroski добродојде на форумов :)) верувам дека сега имаме еден од најискусните човеци во Македонија за ББ на форумов :)

извинете вака ... можи малце појќе информаци за Gjoroski ? не знам нишо за него :kesa:, а баш ме заинтригиравте :helou:
 
Ова што го имаш напишано и објаснето се таканаречени ДРОП серии (опаѓачки, се мисли во намалување на тежината со која се вежба).
Супер серии преставува комбинација на две различни вежби изведени една по друга. Најчесто се прават за две различни (соседни мускулни партии како трицепс и бицепс) но, може и за една иста мускулна партија.
tocno taka.toa e toa.
pozdrav do tebe i dobredojde na forumov.
 
Дечки, Благодарам на убавото добре дојде. На почеток ви кажав, а сега ќе повторам. Причина зашто сум овде е таа што бев пријатно изненаден од 126 страни на оваа тема. И навистина, вреди да е човек дел од вашиот свет. И ќе бидам овде, само со цел да се дружиме и попат да решаваме некои непознати во светот на обликувањето на телото. Од аматерски поглед, но ако има некој и поголеми амбиции, ќе ми преставува дополнителен предизвик. Во моментов работам со 4 македонски билдери на нивните подготовки за Државното првенство во бодибилдинг, кое треба да се одржи на 24.10 во Штип.

GODLIKE,
за тебе и оние кои не ме познаваат, едно мало преставување
http://www.ifbb.com/newsletter/detail.php?id=5242&date=2008-12-31&language=english&prov=index

Уште еднаш, поздрав и благодарам.
 
1.ThermoCuts со L-Carnitine се меша тоа срање ?
2.Нешто поопширно што/како/кога/зашто да ги земам ииии ако не се мешаат , што како да земам ?


Тенк ју !
 
1.ThermoCuts со L-Carnitine се меша тоа срање ?
2.Нешто поопширно што/како/кога/зашто да ги земам ииии ако не се мешаат , што како да земам ?


Тенк ју !

Од ова што го имаш пишано како предлог за употреба, лесно се заклучува дека сакаш да намалииш телесна тежина или масни наслаги.
Прво, без разлика која комбинација ќе ја употребиш, доколку исхраната не ти е прилагодена како што треба и е не редовна, нема да имаш успех. На ова пожелно е да имаш и аеробен тренинг, било кој тип.
Комбинацијата погоре, без проблем можеш да ја користиш. Но, јас секојпат било какви додатоци или стимулатори додавам после извесен перидо (обично еден месец) од започнувањето на режимот на правилно хранење за постигнување на целта која ја посакуваме. Значи не веднаш, ај од утре слабеам и почнуваш со додатоци. Влези во нов систем на живеење, на некој начин нека тој систем стане дел од твојот живот. Верувај дека ќе имаш реакција и првични резултати. Оној момент кога ќе дојдеш до плафон или бокада, се менува нешти и се додава нешто што би ти помогнало да продолжиш понатаму во постигнување на целта.

Термо катсот , по упатството се користи двапати во денот, 4 капсули пред доручекот и ручекот.
А Л-Карнитинотсе користи од 2 до 5 грама еден час пред вежбање.

Поздрав

*Ангела, благодарам на поздравот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom