Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Препорачајте креатин, со локација каде може да се најде. Фала
Biotech USA, го има во херкулес/спортикс. 650 буренце, 500-ка за кеса. Лесно се меша, што е огромен бонус.
 
Препорачајте креатин, со локација каде може да се најде. Фала
Креатин од која било продавница да земеш ке ти врши работа, не вреди за креатин да даваш мн пари зошто и со најефтиниот ке го добиеш истиот резултат.
 
Сакам да ја почнем оваа програма за зголемуење на мускулна маса http://www.bodybuilding.com/fun/kris-gethins-12-week-muscle-building-trainer.html
али многу чудно ми е вика е за зголемуење на маса а секоа серија е со појче повторуања (14-18, 20-25) не ми е јасно ...шо мислите ?
Незнам која им е политиката на оваа и слични програми ама ако следиш се како што е наведено не верувам дека нема да ставиш маса, сепак се дизајнирани со некои предзнаења.

Лично мислење-што поедноставно толку подобро. Ептен па што е важно да имаш различни вежби секој тренинг, па со шејкови да се локаш секој ден, па топачи и слични срања, на крај се сведува на маркетинг во стил- "купете ги суплементите на Џими за надреални ефекти!!!". Алтернативно на се ова, земи едноставна програма (на ум ми доаѓаат Stronglifts5x5 и програмата од книгата Bigger Leaner Stronger (подоле) ама било која со фиксирани тренинзи е океј) и фокусирај се на зголемување на тежината со која работиш ака силата. Растот ќе си дојде од исхраната, а и поради природата на теквиот тренинг ќе остане дури и на подолги периоди без тренинг.

tl;dr Растот од пумпачки тренинзи потешко останува на подолг период заради неговата природа (зголемување на течностите>зголемување на мускулните влакна), ама па е побрз него другиот кој кога ќе се реализира е бетониран. Значи, ако целта ти е најмногу маса во најмал период цепај слободно со програмата.

*незнам каква е политиката на форумот со пиратирање ама да...
 
Attachments

Последно уредено:

Фалати, ја разгледав книгава шо ја стае има добар план на исхрана по која ќе може да си терам.
 
BCAA во денови кога не се вежба како се пие, само еднаш пред доручек и толку?
Кога вежбам пијам сабајле на гладно и за време тренинг.
 
BCAA во денови кога не се вежба како се пие, само еднаш пред доручек и толку?
Кога вежбам пијам сабајле на гладно и за време тренинг.
BCAA се користи во intermittent fasting и кај нив генерално правило е да се земат 10 грама кога се тренира на празен стомак, пред тренинг едно 15 минути и толку. Во денови кога не вежбаш не ти треба зошто нема никаква функција.

http://www.leangains.com/2010/01/supplements-you-might-actually-find_09.html
http://www.leangains.com/2009/12/fasted-training-boosts-muscle-growth.html
http://www.leangains.com/2009/12/pre-workout-protein-boosts-metabolism.html
 
BCAA во денови кога не се вежба како се пие, само еднаш пред доручек и толку?
Кога вежбам пијам сабајле на гладно и за време тренинг.
Сабајле после станување, и ако имаш потреба на пример ако пропуштиш некој оброк или подолго време нема да јадеш тогаш можеш уште една доза. Ако пиеш протеин на сабајле тој содржи одреден дел Бцаа па можеш и без нив да пројдеш.
@komshija
Зависи од останатата суплементација, и не се користат само за ИФ.....
 
Препоручете некој квалитетен дипинг белт....
 
Едно прашање.
Дали треба прво да ослабнам или може да почнам со building muscles. Имено имам 102 кг и висок сум 92 кг и моментално пазам на исхрана и трчам. Имам ослабнато доста последниве 3 месеци околу 10кг. Сега би сакал да почнам да идам во теретана и ме интересира дали прво да продужам со темпово calories deficit + cardio или може да се почне со вежбање?

И би замолил некој ако има некаква програма за вежбање да ми прати (доколку има некоја тема или некои постови за ова на подфорумов би бил благодарен ако ми ги копира).
 
Драго ми е што си почнал да се интересираш за твоето тело и си се нафатил да се доведеш во ред али морам од старт да те пресечам дека си неедуциран.
Значи пред да Почнеш да го правиш ова, прво едуцирај се, за потоа само да го следниш патот со најмал отпор и најбрзо да стигнеш до резултатите.
Ова е малце заебано и одзема доста време на нет да разграничиш права информација од bro-science ама ако се посветиш, се совладува брзо, ќе разбереш и исхрана и вежбање и све за брзо време. На форумов, односно подфорумов имаш 5-6 души што Стварно ја разбираат оваа работа, Сајсига, Мајерс, Ѓоровски и уште три-четворица, све остало ти е од оној најлош вид форумски ликови, полуписмен тип што е убеден дека знае и неможеш да му објасниш нишо, напраил тело, мисли е научник. Така да, претпазливо.
Сеа конкретно за проблемов: Почни у теретана, тежинскиот тренинг е подобар за слабеење, не само што качуваш мускул (пошо си почетник моеш и во калориски дефицит да го праиш првите месеци) туку и побрзо симињаш сало одколку со кардио. У суштина, за слабеење, кардио е живо срање, чист мит или превара, као сакаш. Кардио е многу здрава работа, и треба да практикуваш редовно, ама не со цел да слабееш. Слабеење е нутриција. На тоа додаваш + тежински тренинг за да заличиш на чоек и тоа е тоа.
Иначе да, прво треба да ослабеш (тоа значи да вежбаш тежински, да си во калориски дефицит со Средена исхрана а не IIFYM глупости, значи low-carb, carb-cycling, keto ако идеш у екстрем, строго Природна непроцесирана храна, без џанкови, сокови, шеќери глупости итн..) затоа што постои директна корелација помеѓу body fat индексот и мускулниот раст, односно колку си по чист, по лесно правиш мускул, и +, колку си по чист, толку полесно остануваш чист, или обратно, колку си по мрсен полесно се замрсуваш и потешко качуваш мускул. Ме мрзи сеа студии да ти цитирам, ќе си најдеш сам.
Иам собирано негде у писиво материјали така као full pack шо ги праќам на луѓе шо се интересираат, пиши ми ПП, ќе ти пратам све ако најдам низ писи, ќе ти се најде како за basic, да разбираш основни ствари и да се доедуцираш после сам.
 
Последно уредено:
Едно прашање.
Дали треба прво да ослабнам или може да почнам со building muscles. Имено имам 102 кг и висок сум 92 кг и моментално пазам на исхрана и трчам. Имам ослабнато доста последниве 3 месеци околу 10кг. Сега би сакал да почнам да идам во теретана и ме интересира дали прво да продужам со темпово calories deficit + cardio или може да се почне со вежбање?

И би замолил некој ако има некаква програма за вежбање да ми прати (доколку има некоја тема или некои постови за ова на подфорумов би бил благодарен ако ми ги копира).
full body или upper/lower, гуглај имаш мн програми, ICF 5x5, stronglifts (повеќе за сила), и други
 
Ако може некои од поискусните да ми помогнат, имам една асиметрија што ме нервира.
Под левата града имам мускул што на десната го немам, односно колку што знам тоа е дел од градниот мускул само што на десната страна ми е поинаку развиен односно неразвиен.
Вежбите што ги правам за гради се пропаѓања на разбој и склекови. Што да превземам?

151101-192521.jpg
 
Кај нас некаде да има да се купат bumper plates и weightlifting platform ? Или препорака за порачка од нет.

И кај нас која фирма држи опрема за теретана со фини цени ?
 
Вo близинa нa Буњaкoвец некoјa теретaнa? Цени, искустa oд вежбaње вo нив?

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom