Се мислев дали да го ставам ова во темата „Резултати од Избори 2008“, но се одлучив да отворам посебна тема, затоа што не се однесува директно на резултатите. Ако некој од модераторите смета дека треба да го премести, нека повели.
Налетав на еден многу интересен блог на набљудувач од ОБСЕ кој бил во некое албанско село во близина на Скопје. За тие што живеат во западна Македонија, ова нема им биде ништо ново, но останатите можеби ќе ги интересира точно каква била ситуацијата внатре во избирачкото место. Многу подетално ја опишува атмосферата отколку што можеме да дознаеме од медиумите.
Најинтересни делови:
...Видете, проблемот беше тоа што имаше 579 потписи на избирачкиот список - 579 луѓе официјално гласаа во албанското село во подножјето (на планината) северно од Скопје. Но, по ѓаволите, имаше помеѓу 687 и 712 ливчиња, зависно од тоа кој броеше.....
....Во тој миг, претседателот на избирачкиот одбор рече: Видете, сите сме Албанци овде! Такви сме ние! Ајде да ги земеме вишокот ливчиња и да ги поделиме 50-50!......
....Но не... Повеќе дерење, повеќе негодување. Луѓе влегуваат и излегуваат од гласачкото место. Најпосле, некој телефонира на мобилен и кратко после тоа влезе еден многу раздразнет младич ја преврте масата на кој беа гласачките кутии и ги расфрли насекаде, викајќи целото време....
...Подоцна, еден полицаец ни кажа дека запрел некој човек кој имал нешто под кошулата, мислејќи дека крие пиштол. Не. Криел еден куп избирачки ливчиња...
Остатокот од оваа „срцепарателна“ приказна може да ја прочитате овде (на англиски, се разбира).
http://bp1.blogger.com/_VAVOiUjqbGs/SEmYS8pPRBI/AAAAAAAAAIM/7-LNHRU6cxQ/s1600-h/PS.jpg