Мора да признаете дека „албанските“ партии се „последна рупа у свирало“, и дека „прва виолина“ е секогаш една од победничките „македонски“ партии (мислам за извршната власт). Дали стварно веруваш дека изборните насилства од страна на ДПА, се случија без знаење на Груевски. Ако да, тогаш имаме невероватно неспособен премиер, кој што не е во можност да го контролира „послабиот“ партнер од власта. Ако не, т.е. дека Груевски знаел (и им помагал со дел од единиците АЛФИ) тогаш вината паѓа директно во неговиот грб.
Што се однесува до ДУИ, тие беа потполно неподготвени за ваквиот настан (во спортивно од ДПА, каде што, рака на срце нема нешто да му се пушти на случајот), и затоа делуваа стихично, во некои места кајшто главните „хулигани“ беа на нивна страна, делуваа и со насилство, (бидејќи имаа пред себе двојни структури, и полициски и партиски), во некои изборни единици нивните набљудувачи целосно се повлекоа пред хордите на ДПА (верувајте на први јуни, овие хорди беа во „транс“, и обични луѓе коишто беа симпатизери на ДПА, крадеа гласови, пцуеја мајки и жени на „противниците“, потполно надвор од секоја логика). Поради тоа немоќ, ДУИ во 15.00 часот, најави вонредна прес конференција за да се повлечат од изборите (информација којашто малку мина ја знаат), но по притисоците на Солана, и ветувањата дека сегде каде што имало неправилности ќе се поништат изборите, не го направија тоа што беше најавено.
Затоа немојте премногу да го амнистирате Груевски, бидејќи според распределбата на моќта, тој е првиот што треба да делува, а тек потоа другите.