BinBin - апликација за изнајмување електрични тротинети

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
И за ова има решение…
Да се стави дека државно здравствено осигурување не покрива “глупи” превозни средства како тротинети на батерии што развиваат и 50км/х и сл.
Исто како на приватно. Наплати му брза помош, наплати му операција, шок соба, лежење…
Одери го 5-6000€ најмалку.. (па макар било и дете/малолетник) со извршители..

Таман.. ни забрана ни ништо!
Нека поработи Дарвин во пракса…
 
За шљамот и стоката што остана овде и која е популациски доминантна не вреди и не заслужува ништо. За еден ден успеа да ги разлока и упропасти.
 
па затоа од BinBin веруваат дека дивјаците кај нас нема да можат да ги земат, префарбаат и продадат или расклопат и фрлат за старо железо, иако јас сум се уште скептичен.
Знаеш нешто ти отракан си чим си скептичен.
 
Дури и што ќе се напиеш...
Автоматски споено мислење:

Кој се разбира малку повеќе може тротинетите што се изнајмуваат да ги присвои на пример вака


Зурла, од сите луѓе на форумов ти ли најде да им веруваш дека постои ГПС? :D
Превара е тоа, земи си тротитенетот и шибај по рамната земја ;)
 
иначе што ако влезеш у минус со ова и се заборавиш возејќи? да не ти вади брз кредит случајно?

Можеби свири аларм некој што не можеш да го исклучиш на копче и кога ќе допреш со возење ќе се закочи да не може да го возиш.

Веќе има и некој од прилика пиша како функционира
Јас направив сефте денес 6 км извозев за 32 минути ми наплатија 288 ден, по 9 ден минута, океј е да си го истераш еднаш меракот, али што е скапо, скапо е, 9 ден./мин. е скапо, башка се губи претстава за времето и многу лесно можеш да влезеш во минус и додека не се плати сумата ти тече времето, и секоја мин. се тарифира по 9 ден./мин. дали си возел или не, затоа ако одлучите да се возите кратки релации... Јас си се возев денес онака си вртев кругчиња без везе, од кај мене до канцеларија ме фаќа 15 мин (135 ден) во еден правец, не ми се исплати за секој ден, освен ако ми треба нешто итно да стигнам до работа.

Али од друга страна се решив ќе си купам елек. тротинет, има добри тротинети во Нептун и Сетек, башка може и на рати, подобро 1500 ден. ќе плаќам рата отколку месечно толку да трошам за изнајмување :)


А како некој ќе има желба да го украде ако не му даваат полнач за тротинетот? Ќе му се испразни и после како ќе го полни? Освен да го украде за цел да му биде да го расклопи и да продаде делови.
 
Последно уредено:
Можеби свири аларм некој што не можеш да го исклучиш на копче и кога ќе допреш со возење ќе се закочи да не може да го возиш.

Во моментот кога ќе се потроши кредитот тротинетот ќе застане. А возачот може или да го остави тротинетот на сред улица или да дополни кредит.

А како некој ќе го украде ако не му даваат полнач за тротинетот? Ќе му се испразни и после како ќе го полни? Освен да го украде за да го расклопи и да продаде делови.
Полнач многу лесно се прави/купува. Поголем проблем е да го оспособиш да вози, да му ја исклучиш блокадата и GPS сигналот.
 
Во моментот кога ќе се потроши кредитот тротинетот ќе застане. А возачот може или да го остави тротинетот на сред улица или да дополни кредит.


Полнач многу лесно се прави/купува. Поголем проблем е да го оспособиш да вози, да му ја исклучиш блокадата и GPS сигналот.
А што ако при возење ти застане нема ли да се повредиш нешто наеднаш да ти закочи? Или се намалува брзина.

Врска немам не сум ни возел електричен тротинет.
 
иначе што ако влезеш у минус со ова и се заборавиш возејќи? да не ти вади брз кредит случајно?
Уз регистрација на апликацијата имаш мало квадратче кое мора да го штиклираш и со тоа им даваш дозвола да ти пуштат мало барање до Тиго во случај ако останеш без пари. Се грижат луѓето да на секој начин стигнеш на посакуваната дестинација. :icon_lol:
 
А што ако при возење ти застане нема ли да се повредиш нешто наеднаш да ти закочи? Или се намалува брзина.

Врска немам не сум ни возел електричен тротинет.
Ни јас не сум возел а не планирам ни да возам, најверојатно има сигнал дека кредитот ти е при крај а потоа пополека се намалува брзината, затоа што тротинетот го исклучува моторот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom