BinBin - апликација за изнајмување електрични тротинети

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Ако Колзе е во Романија, да, али нема везе, смешно ќе беше инстантно ова тука да се десеше после ден али за жал не е случај.

Иначе се чека првото дете или повозрасен човек што ќе умре откако ќе наиде возило на нив, за да се донесе некоја регулатива или закон по теркот пример на англичаните, да имаш право да возиш тротинет само на приватен имот, односно у двор, толку. Исто мислам дека и у Франција се деси оваа година али за ова можда сум грешка.

Ко и секогаш, ќе чекаме некоја језива трагедија за да ни текне уствари колку е све ова дебилно, метрополи ко Лондон немаат услови да го синхронизираат хаосот со тротинети каде секој и писмен и неписмен ги возеше и се дешаваа многу смртни случаји те зашто деца многу возеа кои не знаат како у сообраќај, или пијаници навечер, или едноставно невнимателност и слично небитно, не па тука каде што не се знае кој јаде кој пие по нашиве улици. Со среќа нека ни е, eyes wide open.
 
Ја ги испробав прв пат вчера. Возев 11 мин со тоа шо застанав да купам цигари, па му умре батеријата. Цената беше 99 МКД.

Арно ама, чим се симнав покушав End ride и не ми дозволи, зашто немав внесено кредит. Треба прво да внесеш кредит во балансот на апликацијата, па да платиш. И така, покушав да внесам пари на апликацијата (Top up balance), но поради некоја причина трансакцијата не минуваше. Се јавив и у банка, од кај нив нема проблем, нема лимити. На крај пишав на тој нивниот лајв суппорт, па требаше уште 5 минути дури ја исклучат вожњата. Така од 100 денари станаа 250.
Сеа апликацијата ми пише дека сум 250 денари должен, да внесам кредит и да платам.

Што му ебам матер :LOL:
 
Нека те бркаат со извршител. :D
 
Само ако дојде извршителот со тротинет, ќе платам :lolzz:
Мој совет е да му ги платиш парите затоа што може да те дадат на извршител и да ти наплатат 100 евра за 250 денари и потоа да ја избришеш апликацијата. Испаѓа дека е ептен скапана целата работа. Овие треба да се пријават на здружение за заштита на потрошувачи. Испаѓа ептен лихварска апликацијава.
 
Ако Колзе е во Романија, да, али нема везе, смешно ќе беше инстантно ова тука да се десеше после ден али за жал не е случај.

Иначе се чека првото дете или повозрасен човек што ќе умре откако ќе наиде возило на нив, за да се донесе некоја регулатива или закон по теркот пример на англичаните, да имаш право да возиш тротинет само на приватен имот, односно у двор, толку. Исто мислам дека и у Франција се деси оваа година али за ова можда сум грешка.

Ко и секогаш, ќе чекаме некоја језива трагедија за да ни текне уствари колку е све ова дебилно, метрополи ко Лондон немаат услови да го синхронизираат хаосот со тротинети каде секој и писмен и неписмен ги возеше и се дешаваа многу смртни случаји те зашто деца многу возеа кои не знаат како у сообраќај, или пијаници навечер, или едноставно невнимателност и слично небитно, не па тука каде што не се знае кој јаде кој пие по нашиве улици. Со среќа нека ни е, eyes wide open.
Тешко дека некој ќе го регулира затоа што кај нас не влегува ваква фирма без некој да има лапнато пари.
Колку велосипедисти, со тротинети и со моторичиња имаат загинато, па никој мува не го лази да затегне малку и да ги казнува ако кршат закон.
 
Мој совет е да му ги платиш парите затоа што може да те дадат на извршител и да ти наплатат 100 евра за 250 денари и потоа да ја избришеш апликацијата. Испаѓа дека е ептен скапана целата работа. Овие треба да се пријават на здружение за заштита на потрошувачи. Испаѓа ептен лихварска апликацијава.

и ја тоа велам, треба да вози онолку колку имаш кредит а не да влагаш во минус.
 
Ама испаѓа дека самата апликација е направена да влегуваш во минус. Во спротивно не е проблем, кога ќе ти се потроши кредитот, го оставаш тротинетот на улица и толку.
 
6A06DEF6-0C03-490E-ACDA-22C34653BCBE.jpeg

Како што читав во FAQ,дури не платам не можам да користам пак, а да ми наплатат до извршител, чисто сумљам. Сами ми дозволија да активирам скутер без внесен кредит и сами ми го исклучија скутерот. Нека бркаат работа
 
Прегледај го приврзокот 379366

Како што читав во FAQ,дури не платам не можам да користам пак, а да ми наплатат до извршител, чисто сумљам. Сами ми дозволија да активирам скутер без внесен кредит и сами ми го исклучија скутерот. Нека бркаат работа
Согласно ова, за брзо време ќе видиме уште тротинети фрлени во контејнери :LOL: :LOL:
 
photo_2023-05-22_16-38-07.jpg
Автоматски споено мислење:

photo_2023-05-22_16-38-01.jpg

Вчера пред СП планет.
 
Каков перверзен подарок за нашите урбани ЛЏБТКУР+ мештани да можат да ријат по скопските улици 24/7, ммм... Којзнае, можеби тука ќе се роди новиот Валентино БинБин Роси.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom