Better Call Saul

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.019
Поени од реакции
20.761
Чувството кога ќе ја изгледаш последната епизода од Better Call Saul е нешто најслично со чувството кога ќе ја изгледаш последната епизода од Breaking Bad.

:cuc:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Чувството кога ќе ја изгледаш последната епизода од Better Call Saul е нешто најслично со чувството кога ќе ја изгледаш последната епизода од Breaking Bad.

:cuc:
Тешко дека ќе има серија што ќе донесе такво чувство како последната епизода од ББ. Последната сцена со Хајсенберг, моментот кога почнува песната Baby blue, морници ме лазат на таа сцена.

Сепак Better Caul Saul испадна многу подобра серија од првичните очекувања кои ги имав, Ким и Џими искинаја последнава сезона. Крајов беше ептен добар, таман мислиш Џими продолжи по старо, конечно собра храброст да се соочи со вистината.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.228
Поени од реакции
45.340
Ќе има пак некој карантин , сите од немајкаде ќе ја загледаат и така серијава ќе си го добие заслуженото место.

Како "Туѓа си бескрајно", ќе стане хит после 30 години :D
 

THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
699
Поени од реакции
975
Серијава е ремек дело, читам назад неколку страни и има доста негативни коментари, ама јебига не може секој да прифати уметност на ист начин.
За серијава и за крајот само ќе кажам еден од нај интересните краеви на серија што ги имаме видено, не многу серии би имале храброст да завршат серија на ваков тон, ама кога ќе размислиш, нема по префектен крај за ликот на Џими.

Со ова завршува една ера, ова беше последна епизода од BB/BCS universe, две серии кои ќе бидат запамтени како едни од најдобрите на сите времиња :cuc::cuc:
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Дечки, како серијава, добра е? Се мислам дали да ја почнам. Каква е во споредба со Breaking bad?
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Дечки, како серијава, добра е? Се мислам дали да ја почнам. Каква е во споредба со Breaking bad?
Секој што ја гледал ББ треба да ја изгледа и БКС.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Мех.

Подосаден крај не верувам дека постои во некоја серија. Мислам океј е крајот како што беше и целата серија, спора и досадна.

Мастерклас е од аспект на камера и монтажа, ама приказната е скроз штура и неинтересна.

Доби малце на динамика со појавувањето на Лало Саламанка ама и тоа брзо исчезна.

Малце поише претерувате со тоа дека е боље од ББ. У буквално ништо не е боље. Т.е у однос на камера е боље. У ББ не памтам да имаше вакви минијатури и вакво играње со камерата.
1 ББ сезона е боље од цела серија БКС.

Ја поштувам серијата што не бара многу замарање за да ја следиш, едноставно уживаш у мастеркласот со камерата, глеаш Саулови ситни пренкови, криминал и тензија нема, крајот на сите ликови го знаеш, Ким и не е толку многу битна у универзумот на двеве приказни за да нешто особено ти е гајле како ќе заврши. Негативците знаеш дека во еден момент ќе престанат да постојат.
Сценариски нема никаква тежина серијава.

Еве нека објасни некој, зошто БКС пред ББ?
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Репризирам Брејкинг Бед. Сега сум на епизодата каде Саул влага у игра, поточно во делот каде ВВ и Џеси го киднапираат и го носат у пустината за да го уценат да работи за нив и да го спаси Баџер.
Ја пуштив и од БКС истата епизода, број 11, убаво е споено се. У ББ сцената е надвор кога ги откриваат маските, кога склопуваат соработка. Во БКС е внатре во комбето нели, кога му ја покажаа лабараторијата и си отидоа со комбето.

После тоа на состанок помеѓу Саул и Мајк, вториов го известува за сработеното во врска со истражувањето за Волтер, кој е и што е и му сугерира на Саул да го батали пошто е аматер и потенцијален ризик.
Сцената завршува така што камерата иде у Саул кој се двоуми за ова што Мајк му го пренесе но во очите му се гледа желбата да се вклучи во бизнисот со Хајзенберг.
Во Брејкинг Бед, го гледаме следниот ден кога Саул го посетува Волтер во школото и практично му влага у игра, му се наметнува да влезе во шемата. Понатаму е историја.

Ким и Саул се разведени некаде пред почетокот на ББ во време кога Џеси соработува со Емилио Којама. Дружето што го убија и го распаднаа у киселина, на самиот почеток на серијата кога заедно со Крејзи 8 им влегоа у лабараторијата у пустината.

Во ББ, кога Џеси и Волтер одат кај Саул во канцеларија да видат што ќе се дешава со Баџер. Фрлаат паричка и изборот паѓа на Волтер кој се преправа дека е чичко на Баџер. Волт е скептичен околу изборот на Џеси за адвокат, на што овој му вика дека Саул е правиот избор пошто он му бил адвокат на Емилио.

Во претпоследната епизода на БКС, Ким оди кај Саул во канцеларија да потпишат документи за развод, на излегување се разминува со Емилио кој оди кај Саул а Ким надвор се среќава со Џеси. Пушат цигара, Џеси и вика дека ја познава пошто она му била адвокат на Комбо, дилерчето на Џеси (екипата со Скини Пит и Баџер). Разговорот го продолжуваат за Саул, Џеси се интересира каков адвокат е, ја спомнува приказната како Емилио преку реклама одлучил да оди кај него, бла бла. Што значи, Ким нема поима за Хајзенберг и Пинкман. Значи Саул во ББ оди соло, Ким е минато за него. Ким како лик остана комплетно во БКС универзумот, без допирна точка со ББ. Освен оваа блиц средба со Џеси. Мада и таа блиц средба е надвор од ББ.

Ова не е ни месец дена пред Џеси и Волтер да се спојат, пред Емилио да умре.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Стигнав до Ѕ03Е03. Серијава е како ВВ - born again :aplauz: мило ми е што ја почнав и како што гледам, така си читам и коментари овде. До 19та страна сум. Се надевам има уште многу возбудувања до крајот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom