Еј, ме потсети колку ми фали Breaking Bad.
Нема врска, првата епизода беше супер и дефинитивно може да стои на свои нозе. Ова со Туко од нигде излезе, ме изненади, ама ептен беше tight, tight, tight! Спин-оф како спин-оф, па бев скептичен, ама сега со ќеф ја чекам новата епизода.
Од се најмногу ми се допадна Пекарот Сол. Кинематографијата беше добра цела епизода, ама тие првите сцени беа врв. А и беа ептен емотивни и најверојатно заради нив ќе почнам пак BrBa да ја гледам. Плус, сето то беше добар омаж на Небраска.
Ни Мајк ни Туко ич не ми сметаат, ама сепак мислам дека и самата серија, ако е спин-оф, има потенцијал да си тера по свој пат без да ги меша многу случките кои веќе ги знаеме. Муабетот со скејтерите беше одличен, а и Чак изгледа како интересен лик, само не разбрав што му е точно и се осеќам глуп.
И за на крај, порака од Сол за тие како нас: