Better Call Saul

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Ок си беше првава епизода, чекаме уште 2-3 епизоди да знаеме што како поточно. Сега за сега просечно, ако некој не ја гледал брејкинг бед крајов немаше никаква врска.
 
Чекајте малце другари. Глеам неколку тука се бунат зашто се појавуваат ликови од ББ (Мајк и Туко) т.е. не треба да се претерува со нив. Јас колку што се сеќавам, коа кажаа дека ќе се снима серијава, муабетот беше дека ќе почне неколку години поназад, пред Сол, да стане Сол и да ги направат сите заебанции со куварите :) Така да, по мене не случајно се појавуваат двајцава, ќе си се уклопат некако подоцна во серијата. Иначе, сега за сега топ. (y)
 
Спин-оф е, сето тоа е очекувано. Јас пошто ја имам гледано и БрБа, не знам како би се осеќале тие шо ја гледаат само оваа, ама сепак мислам дека и како самостојна серија е добра. И Винс Гилиган така рече: добра е и сама, ама сто пати подобра е ако ја имате гледано БрБа.

Јас лично мислам дека доволно се дистанцира од Брба за да изгледа како само да е молзење на брендот, ама сепак задржува и елементи шо ја прават подобра серија а и поинтересна за фановите на БрБа, кои, ако сме реални, се 90 % од луѓето кои ја гледаат.

Плус, глумецот кој го игра Мајк е во starring улога, така да, навикнетете се да го гледате редовно. Фактички, тоа и е целта на серијата. Треба да видиме како Џими стана Сол, ама и како тролот под мостот стана Мајк.
 
Тапа е шо серијава би била не толку добра за некој што не гледал ББ.
Не дека не работи како стендалоун ама едноставно нема да е подеднакво добра ако ја гледаш без да си гледал ББ.

Прва епизода - 6/10
Втора епизода - 8/10
 
Ова му доаѓа како ЛотР и Хобитот на Питер Џексон. Прво прави „епска“ трилогија од ЛотР па после неколку години и од Хобит. А дејствијата се обратно, т.е. од книгите прво се чита Хобитот па после и ЛотР. Очекувам серијава да биде ногу добра и да добие на многу поголем публицитет од Брејкинг Бед и дека ќе направат добри 5-6 сезони.
 
Многу си го сакав Сол, ми беше еден од омилените споредни ликови заедно со Хенк, и многу и` се израдував на серијава. Немам искуство со спин-оф серии, знам дека ги следат муабети дека се тапа, but so far so good. Се согласувам со претходните мислења дека можеби беше претерано што и Туко го вмешаа уште во втора епизода, не сакам серијава да биде премногу поврзана со BrBa уште на почеток, но ќе видиме како ќе се развива приказната понатаму, не мислам дека Туко случајно се појави.

Некој погоре рече дека не знаел што е финтата со Чак, некаде по интернетов најдов дека бил параноичен шизофреник и се плашел од модерна технологија, затоа немаат струја во куќата. Затоа и се покрива со тоа светлуцавото откако ќе го допре мобилниот на Сол, демек го заштитувало од радијација :LOL: Го најдов и ова, па останува да видиме.
 
Ова му доаѓа како ЛотР и Хобитот на Питер Џексон. Прво прави „епска“ трилогија од ЛотР па после неколку години и од Хобит. А дејствијата се обратно, т.е. од книгите прво се чита Хобитот па после и ЛотР. Очекувам серијава да биде ногу добра и да добие на многу поголем публицитет од Брејкинг Бед и дека ќе направат добри 5-6 сезони.
Пу пу не дај боже да напраат 5-6 сезони.
Касни јазик.
Поише од 4 сезони за МекГил е глупост.
Цела трансформација на Волтер и Џеси се објасни во 5 сезони, а “досадниот“ живот на Сол - 6 сезони.
Не заебаајте.
Не смее подолга да е серијава од брејкинг бед - глупост би било тоа огромна.
Не може животот да му бил поинтересен пред да ги запознае двајцана.
 
Волтер во сезона имаше у просек еден до два лика со кој мораше ‘‘посериозно‘‘ да се занимава , Сал како тежок преварант ништо чудно да има по 10 такви во сезона така да може да се тера. Но треба да почекаме прво што ке се дешава понатака.
И на мене ББ ми беше тпа првата епизода , два пати ја почнував да ја гледам
 
Ќе си има сезони дури си има публика, ако нема публика ќе си ја намалат на 2-3
 
Сол завршуваше, затвараше, работеше со доста сериозни работи во ББ, имаше големо влијание врз Џеси и Волтер, да не беше Сол овие двајца ќе беа сосем различно, како шо знаете тој ги поврза со Густаво Фринг.

Не би ме чудело ако упеат да ја тераат 4-5 сезони.:kafence:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom