Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?


  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.244
Поени од реакции
18.448
Да да, фаќа вакви волеи Факе... Како Анри против Манчестер или како Руни против Сити.

На Стефан исто јако му го спопика, овој прашува кај е Харт зашто не брани и Факе му вика се повредил од хуморот твој. :pos::pos::pos:
Али после тоа Стефан со лепрата од земја го тресна :masa:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
без лутeње стварно на волеј му легна :D

Можеби до мене е, ама искрено не гледам како е волеј тоа. Сериозно, немам проблем да признаам ако нешто е добро, без разлика дали нештото е напишано од дијабола како Факе или некој друг. Контекстот е промашен целосно во неговиот пост, имаше простор тој за многу, многу подобар риплај. Наместо тоа, избра прост начин и провидна ,,шала".

Ама штом вие се забавувате, тогаш јас сум океј со тоа. Се за добробитот на форумската заедница.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Jamie Carragher on the leg touch from Thierry Henry on Sky Sports when they found out live that Brendan Rodgers had been sacked:

"I seem to have become an Internet sensation this week after Thierry Henry touched my leg on Sky when we found out Brendan Rodgers had been sacked.

"I wasn’t really aware of it at the time, I was just in shock at the news. But by the time I got home, everyone was sending round videos of it and having a good laugh.

"But I have a confession to make: the first time Thierry and I were on TV together, I grabbed his leg! So maybe he was just returning the favour..."

:D
 
H

HoT IcE

Гостин
Па можно ли е толку да е глуп. I touched his leg, да не се попедерчиле овие бе?
Разбирам да не се снаоѓаш у даден момент ама одговоров бе? Сам си копа дупка ебате.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
Реално Факе му удре волеј ко оној на Ван Бастен:pos:,е сега овој што не можеше да го одбрани е друга работа.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Сабота навечер, а светлата вперени кон мене. Не сум научен морам да признаам, а и не ни сакам да бидам во таа улога. Да бев јавна личност, глумец некој можеби, ќе бев поласкан.
Форумов, а и ова катче секако не го сфаќам сериозно, се забавувам често морам да признаам. Па затоа и ја играм играта на Факе и сличните како него. На некое друго место би ги пратил онаму каде што и заслужуваат. Некои ќе го прочитаат напишаново, некои ќе речат дека темата за сето ова не е содветна, некои ќе го класифицираат како ,,срање''. Ќе има од се по малце, а и треба да биде така. Јас само би ги замолил модераторите, барем еден ден да го остават ова. Да се пронајдат актерите, па после првото добиено ,,пуши го'' на сметка на овој пост, имаат дозвола да го избришат. :)

Настрана денешниот ,,волеј'' од Факе(јас се уште не го сфаќам и не ми е интересен, ама го ценам напорот на Факе и тоа што добро се држи, прима удари и не стиска quit на играта), онанирањето на некои членови и општото нивно однесување во ова катче, веќе некое време ми боде очи и ете денес, бидејќи решив да не учествувам активно во ноќниот ни прекрасен живот, имам време и желба да пишам збор-два за еден феномен. Феномен кој од ден на ден се повеќе се шири, кој го опфаќа целото општество(за жал, или за среќа на оперираните). Ќе го наречам ,,чопорштво'', иако веројатно има посоодветен и поубав израз. Oд каде потекнува чопорштвото? Би рекол од таквата поставеност во општеството, во кое мнозинството го има главниот збор, во кое мнозинството ја игра круцијалната улога и ги претопува разумот(не секогаш, но многу, многу често), здравото размислување, критичкото аргументирано размислување итн. Квантитет наспроти квалитет. Бројка наспроти буква. 100 прсти наспроти 10. Платон од дамнина пишувал за аномалиите на демократијата, за тиранијата која настанува поради и од неа, од нејзината целосна слобода и строгото потпирање на мислењето на мнозинството. Подоцна некои тоа го нарекуваат ,,тиранија на мнозинство'' или ,,мајоризација''(знам, многумина ќе помислат дека забегав, што бара Платон во тема за Премиер Лига, да не потпишал за Свонси и слично, но морам малку само пошироко да одам за да стигнам до главната поента).

Чопорштвото најчесто е составено од залутани души, гладни волци. Исфрустирани од својот живот, гладни за крв, неспособни да функционираат сами, плашејќи се од себеси, од своето незнаење, се приклучуваат на глутницата односно чопорот и тргаат во акцијата. Бидејќи претходно се толку изудирани од општеството и одвај стојат на нозе, од луѓе кои јас ги нарекувам ,,обичњаци'' кои им ја кажуваат катадневно горката за нив вистина и ги удираат(фигуративно) под појас, по лице и им се серат во шешир(ова го употреби Разиел во една (не)дискусија со мене, но морам да признаам дека ми се допаѓа), мораат да го вратат ударот. А не можат сами. Затоа што ако излезат на мегдан сами, стравот, простотијата, плиткоста и незнаењето, веднаш ќе им испливаат на површина. Вака во чопорот, повторно можете да го видите истото, но исто така има моменти во кои ,,бројноста'' знае да ги замеша работите и овие недостатоци и фрустрации на чопорашите, да ги стави накратко под тепих. Но порано или подоцна, бидете сигурни, излегуваат надвор.

Чопорот живее во свој свет. Сами го градат, сами го одржуваат(додека нивниот свет го одржуваат, ги гризат сите пори на она друото здраво општество и ги маргинализираат ,,обичњаците'' само и само поради тоа што се побројни. Е сега доаѓаме до она што веројатно ќе почнат да го препознаваат оние на кои им го посветувам напишаново, иако и ова претходно се однесуваше на нив. Во нивниот свет тие живеат прилично комфорно. Научени се да другите волци од чопорот, се согласуваат со секое нивно мислење, ја одобруваат секоја нивна постапка, без разлика колку и дали е добра или лоша. За средината и оние околу чопорот. Не знаат за противречност, одмавнувањето со глава е ,,шпанско село'' за нив, од мрдање со главата горе-долу(она потврдното де), во секој момент човек да помисли дека ќе им падне глава. И така е со години, децении. Изненадување! Некој од,,обичњациве'' влегува во нивниот свет и им ја нарушува комфорт зоната, тие не знаат како да реагираат. Да им ги видиш лицата, да им ја видиш првичната реакција кога ,,гостинот'' ќе им го помине куќниот праг и ќе им тропне на врата непоканет. Таа реакција тон пари вреди, море непроценлива е. Но, брзо се консолидираат и почнуваат да напаѓаат. Најчесто се тоа празни р'жења, безопасни покажувања бели и остри заби, Но бидејќи се чопор, бидејќи се многу, а ти ,,обичњак''(но и тогаш си безбеден и отпорен на нивната глупост и проѕирност) си сам, или попатно ќе најдеш некој со слична кожа на твојата, сите ќе се фокусираат на отсјајот на белите забите на чопорот и нивното гласно р'жење. Ретки се оние кои ќе го свртат погледот кон оној кој пркоси на чопорот, кој за разлика од нив, кои се толку празни, има што да каже. И не само нафрлани зборови и не само залепени букви. Победуваат. Во нивниот свет. Но победите во нивниот свет се очекувани и редовни. Бидејќи чопорот го следат сите оние вошки и паразити кои се закачуваат за него само поради таа причина. Го следат конвенционалното, медиокритетот не им е непознат. Се лепат за чопорот затоа што како индивидуи и волци самотници во вистинскиот свет, оној правилниот и неизвитоперениот(кој постои само во одредени глави, книги и Моровски следбеници) се кршливи, слаби, преплашени и плитки. Не се ни продаваат скапо, затоа што свесни се за нивната мала вредност. Ако го сретнат ,,обичњакот'' и започнат дискусија со него, почнуваат брзо и болно да се распаѓаат. Претходно му лепат етикети како ,,арогантен''. Арогантен, безобразен и низа други гадости и пежоративи. Кои ги научиле на улица и со кои подоцна многу опасно ќе баратаат кога ќе станат чопораши. Ама ,,обичњаците'' не кажуваат бајки, искрени се и на запаѓаат лесно во хипокризија. Бајката која чопорашот очекува да му биде прераскажана, набргу се претвора во тешка и неподнослива вистина за идниот, или веќе постоечкиот чопораш.

Чопорашите деградираат, навредуваат, омаловажуваат, негираат, игнорираат, се потсмеваат. Или барем се обидуваат да го прават тоа. Неретко директно, многупати суптилно, касаат од страна, знаат за заар'жат и да се повлечат. Веднаш зад останатиот дел од чопорот. Кога ќе добијат вистински удар, кога некој директно ќе ги касне онаму каде што највеќе боли, чопорашите се повикуваат на авторитети, гласно плачат кога ќе си легнат навечер меѓу своите. Што поради болката, што поради тоа што тие не успеале да откинат месо од ,,обичњакот'' за да се нахранат.

Но, после извесно време чопорот почнува да се тетерави, да функционира со половина сила, да се зајадува меѓусебно се додека не дојде до конечно истребување. Не трае вечно.
Тие што успеале да извлечат жива глава од него, повторно се враќаат на местото од кое бегале долго време. Се враќаат во реалноста. Таму пак, ,,обичњакот''. И тој да ти ги преживеал сите убоди, прострелни рани и удари од околината и нејзиниот чопор. Очи во очи со преостанатиот чопораш. Тој се врти позади, нема никој. Ужас и јад. Што сега? Не знае и не може поинаку. Сега неговото и она на тој што стои од другата страна од улицата се вреднуваат исто. Некоја чудна вага, некој чуден систем за вредности, секако непознат за чопорашот. Празен е, спремен да ги дигне рацете во воздух. ,,Обичњакот'' вади од џеб збор, два, три, реченици кои траат дваесет секунди за него, вечност за чопорашот. Го убива, го фрла на буниште.

Ви благодарам на вниманието. Да не заборавам, трите смајлиња на мирот.
:)
:)
:)
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Реков дека ми се кења од шта би било кад би било муабети, не од луѓе што не разбираат.
Него, не се секирај за моето кењање, туку кажи дали може да се зборува писмено?!?!?
Би ти одговорил али ќењам.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.678
Поени од реакции
14.560
@RATM

Подобро да те зезне Факе него Драгонскај. НЕ сакаш да те зезне он. Рак се фаќа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom