the_kop
Модератор
- Член од
- 14 јануари 2011
- Мислења
- 10.432
- Поени од реакции
- 13.558
Хендо е одличен играч. Под Брендан Роџерс стана еден од најдобрите пасери во лигата (е сега луѓе ко Скаузерот наш, ќе ме сфатат погрешно околу ова ), стана пресинг машина, стана капитен на клубот, што е најдобар показател колку напреднал низ годиниве. Но Хендо има уште еден сегмент во играта кој треба да го подобри, а тоа е подобро снаоѓање во противничкиот шеснесетник. Доколку тој сегмент го подобри, ќе стане една бокс ту бокс машина. На крајот на краиштата, бројот на постигнати голови покажува во кој сегмент треба да стане подобар. Веднаш да ви реплицирам, Роџерс лани на многу натпревари го форсираше Хендо како бокс ту бокс играч, и имаше многу прилики за постигнување на голови. Во оваа категорија би го ставил Ремзи (да не ги мешам Јаја, Џерард и Лампард како најдобрите бокс ту бокс играчи кои некогаш играле во ПЛ), кој правеше ршум преклани како бокс ту бокс, е арно ама, Венгер се реши сезонава да го игра заден везен, а во вториот дел од сезоната десно крило.